Една кутија шампињони, сецкани на ленти (претходно исчистени) ги пропржуваш во тава со лук и кромид по желба додека омекнат. Потоа ги полеваш со топла вода колку да ги покрие, оставаш да зовријат малку и ги блендираш со 200мл кисела павлака, зачини (сушени или само црн пипер и сол) додаваш вода доколку ти е густа и враќаш уште 7-8 мин во шерпа. Наздравје
Се што имам од зеленчук (морков, компир, карфиол, брокула, ткква, целер, пашканат, пиперка..) варам па блендирам со зачинки, нема поубаво
Уште кога бев мала, мајка ми со секој ручек што не е чорба правеше задолжително супа домашна со зеленчук и зачини. Така ми стана рутина и сега без супа не можам особено во зима. Има многу придобивки од супата. Најчесто јас додавам лимон, црн бибер или ѓумбир.
Не сакам супи, уште од мала не ги понесувам. Особено неубави ми се крем супите и домашните Единствено можам да ја поднесам таа со петел од Подравка.
Правам скоро секој ден супа. Синко ја сака многу. Еден компир и еден морков ги рендам ставам една зеленчукова коцка и една рака некои ситни тестенини и малку маслиново.
Ја јадам само обичната супа од подравка ама такви разни крем супи од брокули, моркови и слично не јадам.