Кога живеев со моите, мајка ми не можеше да замисли доручек без супа, сега јадам кога ќе ми текне, претежно од Маги
Супа јадам најмногу кога сум болна. И во последно време кога е ептен ладно надвор, па со неа си се стоплувам на некој начин. Не сакам домашни супи, иако мајка ми гледам дека убаво ги приготвува, сепак не ме примамуваат такви експериментални чорбички. Јадам пилешка, значи во ќесичка, таква супа (обична со резанки) и онаа со букви што е. А најмногу од се ме нервираат оние супите со 5 кнедли внатре, и се тепаш кој попрво да лапне А кога сме веќе кај супите да ви предложам да пробате супа измешана со јогурт внатре. Превкусна е. Ова ми стана секојдневно јадење кога бев во болница оти не смеев ништо да јадам после операцијата, па морав само тоа. И морав да го искомбинирам, и прсти лижев Е па 2 недели нејаден човек, ќе лиже прсти на се
Супа,бљак! Реално,не е ни јадење.Блуткав,солен напиток.Со што сака нека биде внатре... Кога некој ќе ми рече,ми се јаде,не знам што да јадам,ај супа тогаш...супа?!Ќе те најаде?!Сериозно?!
Сакам да јадам супи..Ама од оние готовите а не домашните. Омилени ми се пилешката, потоа онаа со кнедли (ама да е само за мене,да ги изедам сите кнедли) , онаа со пржајки(така ја викам,не и го знам името) и уште многу други.
Уфф и јас исто неможам да опишам колку мразам супа Неможам да се сетам кога последен пат сум јадела Сигурно кога бев болна сум каснала некоја лажица Значи стварно не знам како луѓето толку ги фалат супите...па поарно ќе земам млака вода и вегета ќе пијам,исто ми се фаќа
Ем се лесни за приготвување (готовите супи), ем се некалорични и се мнгу вкусни! Мене ми се секојдневие! Скоро секој ден јадам супа,најчест навечер! Највкусна ми е кога јас самата ќе си ја приготвам бидејќи си ја опстојувам ептен, ја збогатувам со зеленчук (брокула,морков...) и ептен ми е вкусна! Вистина е дека супите не држат ситост, за кратко време ти се јаде пак, ама се здрави,вкусни и лесни за приготвување!
Јадам супа еднаш во неделата обавезно. Најмногу ги сакам обичните со петлето и не сакам некои бучкуруши и разни миксови. Супа си е супа, морков, вегета, фиде, сол и водичка, а во зимо кога сум настината ставам и бибер, веднаш ми поминува грлото. Едно време додека бев на диета ги јадев и обичните супи без фиде после секој оброк, ама веќе низ уши ќе ми претечат.
Секој има различен вкус Иако повеќето ги јадат,знам и многу кои не сакаат супи.Инаку знам дека е здраво и потребно но тоа што не конзумирам супа не значи дека не ги внесувам потребните продукти во организмот.Многу често јадам зеленчук,речиси сите зеленчуци ги јадам а најмногу моркови и зелка (како зајак ) Сметам дека не ми се толку неопходни супите Секоја чест на тие што ги сакаат
Порано не ставав супа во уста. Мајка ми и баба ми само ме тераа на сила: Ќе ти се залепат цреватаааа јади . Ама пред неколку месеци го вадев умникот и само тоа можев да јадам, па навистина не беше лошо, во тој момент ми беше омилено јадење . Сега сакам од време на време, ама домашна, купечките ми имаат вештачки вкус, дури и грло ме гребе од нив. Мајка ми прави една најубава супа со телешки мали ќофтенца и со ориз, е таа ја обожавам, и од неа се најадувам целосно, не ми е само предјадење.
Супа или сакаш и ја јадеш или не можеш да ја смислиш,нема неутрални по темава.Ствар на вкус.Мене ми е ужасна.А и како здрава кога сите јадете од кесичка?!Или случајно да не имате петленца и пиленца во двор што ги раните само со трева,па си правите супи?!И дома да ја правите,па уште ако ги вриете копаните со се кожа...уууф,уф хормончиња и маснотии.Мњам,мњам,мњам!
Лилиииит Ептен описно и детално пааа Мразам вакви описи од чиста причина дека нема да пробам веќе никогаш од тоа ЕЕееј кај ти требаше сега ова баш кога сум болна, и треба да се удавам во супа Ама јас не јадам од тиа таквите со кожочки и грклени и стапалца Јас јадам од готовите
Е ако мило,тоа ти е вештачка арома!Нит ти помага,нит ти шкоди! Ти пишав во сдк како се излечив јас,ти гарантирам дека ќе ти помине со тоа.И тука ќе ти пишам,три пати на ден имунал во чајче,три фервекси,три пати по еден бедоксин и витамин ц еднаш.Ако ти е затнат носот марисол капки.Ќе оздравиш за помалку од два дена,јас штом можев за два дена со крш имунитет,немаш гајле ти!И да,цвекло рендано со јаболков оцет ксни си,ако имаш температура.
Ги сакам сите супи, ама највусни ми се домашните не оние пилешките што се прават од водата од месото, туку зеленчукови, брокули,моркови, некое компирче,магдонос малку маслиново масло ммм
зависи од периодот, некоагаш многу често јадам, а некогаш и цел месец може во уста да не ставам. Инаку најмногу ја јадам кокошкината супа
Сакам супи, јадам од време на време...Омилена ми е супа со кнедли. А и онаа со букви Кога бев мала си ги собирав буквите од името и си ги сушев после