Јадам супи и најубаво може да те стопли баш во овој период иако во секој период од годината е вкусна и топла. Најмногу ја сакам кокошкината и домашна и од пакетче ама ете пребирлива сум што да правам внатре не смее да има месо ако е пилешко (варено месо никакво не јадам) , исто и во манџа со компири или со грашак внатре в тањир кај мене не смее да има гулаш или друго месо.
Обожавам супа Јадам секакви супи: бистри, крем супи од печурки, од домати итн. ама најмногу ја сакам таа што јас сама си ја правам домашна со секаков зеленчук во неа : целер, магдонос, домати, морков... една рака фиде, зачин,сол, црн пипер додај лимонче и уживај!!! Ем е природна знаеш што си ставил во неа, нема адитиви од тие шо ги ставаат во кесите и коцките, ем можеш да направиш повеќе и да ја ставиш во фрижидер и enjoy tomorrow !!!!!
Ммм супа од петел или говедска.Тоа е стандард.Исто многу сакам крем супа од печурки и секако супа со кнедли! :geek:
Јадам секаков вид на супа освен онаа со кнедли Од готовите најубава ми е крем супата од печурки а од домашните пилешката супа на баба ми...
Јас обожавам супа од кокошка За настинки најмногу помага и температура и грип. Посебно ако е варена во вода во која претходно се вареле пилешки копани. мх мх ...ИНаку јас ги сакам и готовите супи, со кнедли, со мевца, па и со зеленчуци
Лелеее Волфче и мене одамна ми се јаде супа од тиква. Мнооогу сакам да пробам, и често велам да направам да направам, а никогаш не сум направила. А има една тиква во фрижидер, аааа деновиве обавезно ја касапам По овој рецепт планирам да ја правам, зашто другите што ги најдов се со лук најчесто. <object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/ReNqmujbtx0?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/ReNqmujbtx0?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object> Едит: Оваа ја имам правено само без лук и сланина, преубава е! <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/hJfazYXUhpw?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/hJfazYXUhpw?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
ливинг и јас незнам да ја правам,ке пробам по видеово над мене,само по ресторани ја јадам леле сега се настрвив
Обожавам супа. Најмногу сакам пилешка, а ги јадам и другите и домашно направени и од пакетче - со кнедли, крем супи ( посебно со печурки )... Мајка ми ја прави една само со зеленчук. Става морков, компир, брокула, магдонос ( исецкани и обварени) и фиде - многу е вкусна и здрава
На тема супа имам што да кажам.... ај малце да ви насолам памет...ама со најдобра намера Од готовите ја јадам само на подравка кокошјата и поретко говедската, ако прочитате позади ќе видите дека само тие немаат емулгатори, а за жал на маги се преполни со емулгатори а превкусни....а за кокошјата супа еден доктор пред неколку години ми кажа....една супа = на една примена инфузија (влагала во опција и кокошјата на подравка).... Е сега јас дома правам од говедски коски, ги варам, додавам една рака леќа, една рака ориз, 10 костени излупени, оставам убаво да се извари, додавам 2 говедски коцки за супа, 10 мин пред да ја вадам морков рендан, праз, кромид...вари 10 минути, ја тргам и додавам ситно сецкано лукче и сецкана брокула, а да и стално додавам буковска сол лута, и печурки од свежите..... истава оваа ја правам и со копанчиња или грклани, грбови пилешки, и со пилешки коцки за супа на подравка....е сега нека каже некој дека супава не е чисто здравје........ Домашна јадеме скоро секој ден, а готова дали 5 пати во месецот, ептен кога немам волја.... супата е лек...
Коа бев мала многу јадев супа, али со тек на време ја одјадив, сега не ја сакам воопшто а и неам време да сркам со саати и пак да бидам гладна после пола саат.
Често јадеме супа,највеке бечка супа на подравка и домашна од разварен копан па искинат ситно и фиде во него,или пак кога варам домашна кокошка е ова е милина.
Абе супа - убавина Сега особено во зима, ем топла ,ем лесна е. Порано се товевме со овие готовите,ама пошто јас сум домаќинка нели, си викам шо не си направам сама Треба малку повеќе време,ама барем знаеш што јадеш.Искрено не ги сакам тие од петли,мрсните и крем супите.Сакам бистра зеленчукова супа. Еве во последно време си тркнувам до Веро, има едни комплети за супа (морков,пашканат,магдонос) чинат 50 ден., во супата само доставам брокула,маслиново масло и малку фиде,нормално и зачини.На крај и малку лимонов сок-мераци.
^ Исто и јас не ги сакам од петли и сите готови супи. Мајка ми прави дома супа од зеленчук и сто пати е повкусна и поздрава од оние готовите. Става се` што има дома дајкон, целер, пашканат, морков, брокула, малку компир, печурки, вагета, сол, бибер мх мх мх
Oбожавам супа,ммм... Особено кога сама ќе ја приготвам-коцка за супа,фиде,рендан пашканат,рендан морков,карфиолче и на крај брокула ставам .додавам и копар и бибер како зачини и супата е неверојатна