Јадам понегаш и ми се допаѓа, можеби заради тоа што не ја јадам често. Мајка ми најчесто прави домашни особено кога сум настината или премрзната. Сега кога живеам заедно со вереникот мајка му знае да направи некогаш домашна, некогаш купена.Последен пат јадев супа кога бев настината, а никогаш немам јадено супа како главно јадење тоа најчесто е како предјадење. Воглавно ги сакам, баш ми се вкусни но за жал не јадам често
Многу сакам супи,ама не ги јадам доволно,немаме баш секој ден супа,а би сакала,ама мајка ми упорно си тера по нејзино како се‘ со се‘ не оди.Кај мене па такви правила нема,јас и десертот знам да си го изедам пред главното јадење и тоа многу често .Од купечките најмногу ја сакам онаа со кнедли,и кремастите тие повеќе му доаѓаат како чорби од печурки и тие со брокула+карфиол.Ама и домашни сакам,а и сама приготвувам кога имам време коцка за супа+мешан зеленчук+додавам некогаш мешавини од брашно,млеко,сенф или кечап+па и месо ако се нашло+различни зачини-магдонос,целер,босилек,пашканат.
Најубави супи ми се овие, а се само 13 денари, барем во кам Инаку, ги јадам исклучиво ладни и со оцет со ситно сечкан лук или што и да е, татко ми го прави.
кога јадам супа ја правам исклучиво сама и и ставам состојки кои само јас можам да ги поднесам . Обично ја правам погуста , повеќе наликува на некој вид каша отколку на супа и затоа често одозгора и ставам оригано вегета мајонез ако е супата од пешурки. Најлесна за приготвување ми е крем супата од пешурки и и ставам малце брашно за да биде погуста ... кога ќе ја приготвам изгледа слично вака само без магдоност (не го јадам него ) ..
Супа со кнедли.. мммх. Кокошкина супа. Ја сакам и онаа подравка со полжавчиња и месо. Ии домашната на мама со тарана, морковчиња и евентуално тестенини.
Обожавам супи, најубави ми се домашно подготвуваните,без месо и зејтин, строго зеленчук и тестенини и зачини се разбира.Мнооогу зеленчук,малце тестенини,многу бибер - тоа е рецептот за совршена супа!
Јадам многу супа ама не ги сакам оние со месо или кнедли Најчесто си купувам бистра супа и си додавам морков и брокула.. или кога правам ориз со пилешко обавезно си правам домашна супа..обожавам да си готвам супа
Не јадам многу често,можеби 1-2 во месецот.Не дека не се убави,туку немам навика... Инаку најубави ми се Mи се пријаде
Обожавам супи. Особено домашни, оние кои ги прави мама, а особено баба ммммм Јадам секакви, само нз немам пробано некои кашести. Иначе во моментов омилена супа ми е со брокула. А порано мразев супа со брокула, не можев да го поднесам мирисот!! A сега обожавам мммммм хахаха
Јас јадам само две супи, односно јадев. Сега ги нема. Едните беа оние кесички супи од Алкалоид, по вкус ми беа, ама ги укинаа чинам. Другата супа е една што ја викав како мала баба рога супа, од не знам која причина. Имаше петел на опаковката.
Кога бев помала воопшто не ги сакав, ама сега откако сум на факултет и немам време за многу комплицирани јадења , супата ми е главно јадење. Најмногу ги сакам пилешките и доматните.
Моментално си варам супичка збогатена со зеленчук (компир,брокула,грашок,морков) Ги обожавам и се омилен дел од мојата исхрана!