Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Супи

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од kate21, 12 октомври 2010.

  1. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Ич нејќам супи, одвратни ми се сите. НИ со месо ни без месо, ни со кнедли ни крем супи никакви!Ама јадам бидејќи моите ме тераат со сила , а не дај боже да се разболам е тогаш не ми бега супа. :^)
     
  2. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Обожавам супи, најчесто јадам од тие во кесичка, најубави ми се,чиста вода а сепак е вкусно. :D Фала Богу и мајка ми прави дома и многу се вкусни тие,ама таа знае да стави некое пилешко копанче,а јас варено месо многу и не обожавам во супа.
     
  3. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Јас комотно цело тенџере можам да го изедам. Па со букви ако е, не ми бега ни тањир, цела моја.


    Сакам и со печурки и пилешка.
     
  4. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Мислам дека супата ми е омилено јадење,ако можам постојано би ја јадела ;)
     
  5. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Многу јадам супа.Преферирам не секој ден ама секој 3 ден да јадам супа. Ако имам време правам домашна,дали со кнедли или со фиде.Си ставам од се по нешто,компирче,морков,пашканад.На крај пред ваќање ствам магданос.мммм Утре ке си направам.Некогаш кога немам време од кесичка правам.
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Најмногу сакам домашна супа. Тато праве најубава супа, нешто налик чорба со пилешко месо, моркови, компири, магданос и лукче или пак бистра супа со брокула. Ммм, одлични се за во зима. Оние купечките не ги сакам многу.
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Ова есенско утро ме потсети на мојата омилена супа од зеленчук. Многу морков исечкан на тркалца, испасиран пашканат, пченка, карфиол, брокула, магдонос, вегетичка по вкус, и мелен ѓумбир на крај. Здраво, вкусно, ќе ви ги стопли и душата и телото. А оние бои во тањирот-портокалово, жолто, зелено-убавини.

    Моите дома ја обожаваат, а оние кои се навикнати на супи од ќеси не сакаат ни да ја погледнат.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Јадам секаква, ама омилена ми е оваа
    [​IMG]
    Често јадам супа, особено ако за ручек има месо со компири, пилешко со ориз и слично. Некогаш знам и за вечера да си направам, па да додадам во неа школки (не морски, туку тестенини) и лимон :)
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Во овој период највеќе ги обожавам супите. Ретко купувам повеќе сама ги подготвувам. Сега има секаков зеленчук. Во експрес лонец додавам компир сецкан на коцки, морков, карфиол, брокула, праз, кромид, пиперка (од оние меснати ), чешне лук, пашканат и варам. При крај додавам малку маслиново масло, сол и вегета по вкус, ситно сецкан магданос и за 10-15мин имате фантастична супа.
     
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Заборавив да кажам, внимателно со оние купечки крем супи, може да има некое црвче во нив. Имам најдено повеќе пати,и од тогаш крем супа во кесичка не!

    Исто ќе ви се фати ако само малку брашно ставите во вашата. :)
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.637
    Допаѓања:
    22.069
    Пол:
    Женски
    Како помала многу јадев и готови и домашни. Ама откако еднаш прочитав позади што се има во состав на една готова супа, па капак на крајот кога слушнав дека супите од кеса, смоки и вегета се трите најштетни јадења (додатоци) во исхраната, решив се тоа ѓубрето да исфрлам од кујна и сега само правам. Не праам некои ептен комплицирани, едноставно шо материјал имам во фрижидер, вадам и ставам (морков, магдонос, трупки, брокула, зрна пченка...), некогаш ако имам ориз со бутки за ручек, си правам и пилешка супа која ми е омилена со истиов зарзават со екстра додаток на пченка и така.

    Користам и коцка за супа кога немам коска, но внимателно, една на може два литри вода.
     
  12. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    169
    Омилена ми е крем супа од печурки. Иначе јадам секаква, ги сакам и домашните на мајка ми.
     
  13. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Од супи омилени ми се крем супа од печурки исупа со кнедли :)
     
  14. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Само супа од кокошка (купечка :!: ) јадам и тоа секоја недела по неколку пати :lol:
     
  15. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Во клиника Мајо во САД успели да докажат како може да се скрати лекувањето на настинка со пилшека супа.
    Пилешката супа блокира во организмот определени бели крвни телца - неутрофити, които се појавуват за време на воспалителен процес.
    Во свареното пилешко меси има протеин цистеин, кој дејствува срешту васпаленија и оток (надуеност и црвенило) на лигавицата (грлото). Во вареното месо има и многу цинк, битен за имунитета!
    Јапонските учени докажали, дека пилешката супа блокира производството на хормон, којто стеснува садовете и крева притисокот. Затоа се препорачува хипертониците да јадат поне 2 пати во неделата пилешка супа.
    Плус тоа, многу помага за махморлук (после бурна ноќ со алкохолот)
    Освен пилешкото месо се потребни уште кромид, моркови, целер, компири и магданос. И треба да се вари бавно, инаку вредните протеини ќе се уништат.
    Идеален момент за лекување на настинката е уште при првите симтоми, јадете од супата по 1-2 чинии на ден, дури се почувствувате добро...
    Сувата пилешка супа нема истиот лечебен ефект.
    [​IMG]
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Кај мене дома многу ретко поминува ручек без супа. Омилени ми се со кнедли, од домат и обична пилешка. Говетска и крем супа од печурки многу ретко јадам и се чудам кога во супа ќе стават јајца или павлака. Тоа више не е супа, туку чорба :?:
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Паа во последно време поготово, секој ден јадам-пијам по 2 чинии. Затоа што јас повеќе ја сакам водичката. :rofl: Поточно, нејќам се и сешто да има во нејзе. Нејќам ни морков. Повеќе сакам зачини. :rofl: Иначе неам поим, од свислион се убави.. незнам точно, сите ми се исти.
    Само некогаш мајка ми прави, со јуфки, таа не ми е убава. :)
     
  18. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Јадам само кога сум болна :) инаку не ги обожавам
     
  19. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Ги обожавам и нема супа што не јадам но преферирам без многу месо :)
     
  20. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Супа од печурки!!!!!!! ааа :inlove: и другите ги сакам,хмм,обична валда,таа со зеленчук.
    Со кнедли исто :inlove: и некои со тестенини,обавезно ;) И јадам или во диета,или ако мама направи,ама сепак ретко јадам :angel: