Исклучиво пилешка и тоа домашна, со кнедли што јас (или мајка ми) ќе ги направиме. Чисто кнедла и тоа водичката-супичката, а се што се варело во супата да е извадено. Терсен чоек, што ќе праиш. Ниту магдонос ниту вегета сакам во супа, а камо ли нешто поголемо да ми мрда. Некогаш ја јадам и таа со букви Маги. Ама многу ретко. Дека почиста ми е, без многу што би рекла јас црвени точки. Крем супа, говедска, со зелчук... и други, не сум ни пробала, ниту сакам. Окото не ми ги јаде, џабе. Баба ми ја прави со магдонос, со компири, кромид, морков, и што ти знам јас, ама не и ја јадам, а знам дека е здраво.. знам..
Да сакам супи,ги конзумирам ако не секој ден секој втор.Највеќе ги сакам домашните пилешки супи и крем супите од домат и печурки.
Можам да кажам дека супа кај нас е секојдневно предјадење,според мама мора секогаш да има супа на маса. Ги сакам сите особено пилешката,но фаворит ми е супата со топчиња од мелено месо,ммм ја обожавам.
eve vi recept za naj ubava supa ! vo tendzere za supa se stava malku zejtin i se przat morkovite 3 miniti,posle vo istoto tendzere se stava voda do gore , se stavaat kompiri sitno seckani i si se varat zaedno so morkovite pola saaat, posle pola saat se stava edna supena lazica vegeta i rezenca.koga ke bide gotova se trga 5 min na strana, a za to vreme se mati e edno jajce i mu se stava jogurt malce i se toa se istura popoleka vo supata i supata se mesa,treba da otstoi uste 5 min i e spremna za krkanje! NEKA NE VE ZALAZUVA JOGURTOT NEZNAETE KOLKU E UBAVA !
Секогаш кога пазарувам застанувам пред супите и се мислам дали да ја пробам таа од печурки на Маги ама на крај пак земам Пилешка или Алпска
Сите по дома обожаваме супа. Лично имам измислено рецепт за супа од зеленчук и врган, и сите ја обожаваат. Ситно сецкан компир и морков се ставаат да се варат во вода, и се става коцка за супа, ама по можност една пилешка и една од печурки (бидејќи нели една коцка е за 0.5 л вода, па така за 4-члено семејство си треба 1 л супа). По некое време се става брокула, пашканат и суви печурки (врган) Од кога се скоро готови сите зеленчуци, се става фиде (може и тарана), магдонос во огромна количина, така сакаме сите и се вари уште кратко. На страна се мати јајце, се става една лажичка алкохолен оцет и полека се додава во изладена супа. Прекрасно!
Супите престанав да ги јадам на 7 години. Не ми се допаѓаат и незнам како сум ги јадела дотогаш. Можеби ако е некоја супа од зеленчук но пилешка супа никако!
Сакам супи и јадам секогаш кога имам време да направам, повеќе сум за домашна супа отколку за готова, така со повеќе морковче, компирче
Најчестото студентско јадење. Обожавам супа, ама во неа се да има, моркови, компири, кромид, лук, сето тоа сварено и згмечено. Со кнедли да е. Алпска или Швајцарска, мислам на подравка дека беа.
Едно од омилените јадења мене и на брат ми ни е супа. Најчесто јадиме Алпска , Француска или Кокошја Омилената
Па сега поради тоа што сум на диета јадам секој ден. Инаку порано онака само кога ќе направиме дома јадам, не ми текнува јас сама да си направам. Ама и да прекинам со диетата ќе гледам што е можно почесто да јадам.
Обожавам супи, без разлика дали е лето, есен, зима. Јас ич немам навика да јадам супа пред ручек, кога во комбинација се ориз, пилешко, ма било што. А факт е дека секогаш, пред секој ручек ја имаме на располагање - било домашна или таква од кесичка. Едонставно така си го навикнав организмот - ако јадам супа, после слободно можам да чекам до вечера или успат да каснам нешто. Можеби затоа што не можам да ја сркам без лепче. Некако, не ми оди така без да си изедам барем две кришки. Дефинитивно најомилена ми е оваа на Подравка. Порано многу ја јадев и Далматинската, ама некако послабо ја наоѓаме низ маркетите, не знам зошто. Спојлер Ја сакам и Алпската, а убави ми се и супите на Маги. Не пребирам многу, а говедската е единствена која навистина не можам да ја јадам.
Јас и мм зависни сме од кокошкината супа на подравка и онаа швајцарската, па тек тук и алпската си е супер.Што ми е важно превкусни се и брзо се приготвуваат. Само во никој случај не можат да ја заменат домашната зеленчукова супа на баба ми.
Јас пак супа до сега само домашна си правам, купечка како тие што ги постирате, готовите, не сум земала до сега , си правам дома едноставна и брза, со коцка на Кнор или Mагги, зависи каква коцка имам дома, пилешка , рендам морковче, сецкам ситно компирче, магданос, малку вегета, фиде или ставам имам едни звездички за супа и за 15 мин.имам супер превкусна домашна супа и многу често правам, ја јадеме и јас и сопругот
Дефинитивно моја тема. Манијак за супи, тоа сум јас. Можам да се најадам со еден тањир, а можам да изедам 3-4 тањири и само тоа да биде мојот ручек. Ептен ги сакам и не пребирам. Мајка ми купува од кокошкината, ама сум пробала секаква и не пребирам. Дали е маги, некоја чкљ фирма, говедска... јас секаква јадам. Ја сакам домашната, превкусна ми е. Мајка ми става морковче, компирче, и сецкани и рендани. Не можам да замислам супа без киселина/лимон или бибер, така сум навикната.