Нова турска серија на сител. Има 39 турски епизоди Содржина можете да прочитате тука: https://www.tvpaket.com.mk/procitajte-ja-sodrzinata-na-suroviot-grad-vo-19-45-casot-na-sitel/
Некој ако ја има гледано нека пише во спојлер нешто. Јас гледав нешто но не разбрав убаво а и последната епизода ме збуни многу Спојлер Сега за некоја епизода сестра и на медицинската сестра ќе биде бремена но мислам ќе го изгуби бебето Недим ќе оздрави Некаде ќе биде заминат и ќе се врати на свадбата мислам од медицинската сестра и првиот братучед на Недим (не им ги запаметив имињата сеуште) и тогаш ќе видат сите дека оздравел Кон крајот чичкото на Недим ќе умре. Како што разбрав серијава се снимала до јуни 2020, актерот ќе ја напушти серијата поради заштита од корона, имал некоја хронична болест и не смеел на ризик да се става па затоа ќе направат дека умрел, но мислам дека жената негова ќе биде замешана во тоа.
Ја загледав серијава, баш интересна ми се виде некако на почеток ептен, се надевам нема да го отупат понатаму како што прават со сите турски серии.
Овие од сител не знам дали еднаш ке преведат точно име на серија, или ке измислат некое што вврска нема со точното име на серијата или ке е приближно, точно никогаш
Јас гледав нешто на српски, нешто на турски и во спојлер ќе ви оставам колку што разбрав. Искрено, серијата е многу заплеткана, но и тажна, а крајот е сосема неочекуван. Спојлер: Суровиот град Кратко објаснување од минатото: На 8 годишна возраст Џенк ќе го остави да падне својот братучед Недим од прозорецот при што тој останува инвалид, а целиот настан го прикрива Шениз (мајка му на Џенк). Заради тој настан Џенк вели дека цел живот му е црн и го избегнува Недим. ... Џерен ќе биде бремена од Џенк. Џемре ќе го земе Недим и ќе избегаат некаде за тој да се излечи, а кога ќе ги пронајдат Шениз ќе го намести бебето на Џерен дека е од Недим за да се оженат и ќе ја избркаат Џемре од вилата зашто го "киднапираше" Недим. Џенк и Џемре ќе излажат дека се венчани за Џемре да се врати во вилата. Недим потполно ќе оздрави и чичко му Аѓах ќе му каже дека целиот имот е негов и дека тој ќе раководи со фирмата. Откако Џерен ќе се породи ќе и кажат дека бебето умрело, но всушност Шениз ќе го даде на една жена да го чува бидејќи знае дека детето е на син и. Аѓах ќе дознае дека Шениз го изневерувала со брат му и дека Џенк не е негов син, туку е син на брат му (полубрат на Недим) и тогаш ќе умре. Речиси во текот на цела серија Џенк и Недим ќе војуваат еден со друг за одземаното детство, богатството, но и за Џемре. Понатаму, кога дознаваат дека бебето е живо, Џенк ќе признае дека детето е од него и на денот на нивната венчавка Џерен и Шениз ќе се скараат, ќе паднат од терасата и ќе починат и двете. При крајот на серијата Џенк е болен од некоја неизлечива болест и ќе замине на патување со својот син Умут. Цело време ќе снима клипови за Умут и ќе почине на патувањето. После неколку години, Недим и Џемре ќе живеат далеку од Истанбул со нивниот син, Умут, Сехер (мајка и на Џемре), Дамла и Џиван. Серијата завршува со роденденот на Умут каде Недим и Џемре ќе му го пуштат видеото од татко му и се присетуваат на спомените.
Спојлер Џерен нема да го изгуби детето? Кога го видов видеово мислев го има изгубено. Фала за спојлерот, стварно измешано било Очекував среќен крај, Џенк и Џемре заедно мислев ќе бидат
Серијава е добра, ми се допадна шо завршила и со малку епизоди, не ја тупеле премногу. Интересно и заплеткано ќе биде до крај. Спојлер Џенк ми е одвратен. Џемре не ми одговара со него.
Спојлер Не, тоа е само сон. Кога ќе го роди сите ќе мислат дека Шениз го убила, но дадено е на друга жена да го чува. Еве во оваа најава на крајот Недим и Џемре дознаваат дека е живо.
Засега серијата ми се допаѓа, модерна е и заплеткана. За Недим ми е многу жал, во синоќешната епизода го преплакав... Џерен претерува со опседнатоста со пари, погледнав нешто од крајот и жално е како ќе заврши нејзиниот лик...не ми се допаѓа нејзиниот крај, исто и на Џенк.
Спојлер Гледав нешто на нет.. страшно глупо ќе заврши серијава според мене. Мајкава со оваа лошава сестра ќе умрат заедно, ќе паднат од тараса. Таква вила картон ограда има, мхм. Воопшто не ми се допаѓа тоа што Џенк и Џемре нема да бидат заедно на крај. Џенк ќе умре. И Џемре ќе биде заедно со Недим. Одвратно ми е ова со менувањево на мажите помеѓу две сестри. Која глупост е ова што им се дозволува на слугите во вилата да се инатат со газдите. Серијава можела да биде баш добра, да го немаше ова типичново- две сестри и само да се караат и да ги менуваат истите двајца дечковци.