Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

  1. zverka

    zverka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    28
    Пријателки што ке кажете за оваа тема?? дали ја оправдувате? :geek: и има ли таков случај во македонија :!: :!: :!:
     
    На wart му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.302
    Пол:
    Женски
    Јас не сум слушнала за таков случај во Македонија. Лично немам ништо против тоа, но најпрво треба да се донесе добар закон за правата и обрврските на родителите и сурогат-мајката, за да не дојде до злоупотреба.
    Јас незнам дали би се согласила да бидам сурогат за некое друго лице но за сестра ми ( доколку има потреба) дефинитивно би го сторила тоа , исто како што доколку некогаш треба ( дај Боже да не треба) би донирала бубрег, кожа, коскена срцевина или слично.
     
  3. Fajfer

    Fajfer Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Dobra rabota......definitivno kaj nas seuste nema (barem ne javno),ali smetam deka treba da se donese zakon i za ova problematika.Treba da se reguliraat obvrskite na roditelite i sekako na surogat majkata,pa nadomestokot i slicno.
    Licno bi bila surogat majka dokolku bi mozela kako za moite (ako treba nedaj Boze i toa free) taka i za drugi za finansiska nadoknada...nema pogolema satisfakcija od ona da edna zena koja ne moze da rodi da stane majka i toa na svoe dete.....a jas toa bi i go ovozmozila....Mislam ke nema kraj na srekata na roditelite.Uslov e carski rez i odam da si fo zemat deteto.
    Vo sekoj slucaj toa dete ne e moja krv...nema nisto moja osobina,moja DNK....edinstveno e sto go sekavas kako zivee vo tebe i si raste.Mozda ke me demantira nekoj,no jas taka smetam.Ne moze da bide deteto moe koga ne e zacnato so moja jajna kletka tuku od druga zena,nitu so spermatzoid od moj maz tuku od drug......mozda malku majcinskiot nagon ke deluva,ali sepak celta e altruisticka,a toa e da edna zena se napravi srekna majka!
    Licno gi opravduvam site metodi za da stane nekoja licnost roditel...opravduvam i IVF so doniran materijal i surogat i posvojuvanje. :angel:
     
    На Martka, zlaticko123 и ANI 2 им се допаѓа ова.
  4. milce

    milce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    20
    licno ne bi se nafatila za nikakov paricen nadomestok da bidam surogat majka.Zosto???? od ednostavna pricina sto iako ne e od moja jajce kletka ne e od spermatozoidite na mazot mi sepak jas ke go nosam vo mene 9 meseci,ke cuvstvuvam kako raste,mrda vo mene,znaci sepak nekako e moe toa bebe.Pa zatoa ne ni pomisluvam na takvo nesto.ke pomislite deka sum sebicn,naprotiv premnogu sum emotivna i ke se privrzam so toa bebe i kako da go dadam na drugi?????A dodeka vestacko oploduvanje e za sekakov pozdrav,mnogu zeni se storija majka posle 20 godini brak bez deca.Samo napred na toa pole
     
    На zalosna и ariela09 им се допаѓа ова.
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    4.199
    јас го подржувам и сум за од причина што многу луже односно девојки неможат да станат мајки а имаат здрави јајце клетки, ама ете не е се во јајце клетките , има запушени канали, и дрн дрн значи доколку имам веќе родено и на мој близок му треба таква помош без проблем не ни размислувам веднаш би прифатила. сакам сите да бидат сречни, а и во принцип ми важи она правило може секој да го роди али важно е кој и како ќе го воспита.
     
    На zlaticko123 и wart им се допаѓа ова.
  6. etjena

    etjena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    48

    апсолутно се согласувам
     
    На wart му/ѝ се допаѓа ова.
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.038
    Кај албанската популација тоа постои. Ама тие се такви си го подигаат наталитетот :) .
    Лично не сум против ама мислам дека тоа јас не би можела да го направам. Природно е да со самото раѓање на бебушот се вродува огромна мајчинска љубов и не би можела да го дадам. Ок, да дадам јајце клетка па да се оплоди таму некаде непознато без да знам, и претпоставувам дека не би ми дошла желба да го видам и да знам како изгледа.
    И да се усвои ова кај нас кога нема да се злоупотребува и прави бизнис
     
    На wart му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    2.671
    Допаѓања:
    18.091
    Пол:
    Женски
    Баш сабајле нешто се замислив околу ова прашање.Читав стар весник и во него имаше за мајка која на ќерка си била сурогат мајка затоа што таа имала проблеми.Пробав да се замислам во кожата на сурогат мајката и во кожата на другата жена и не беше лесно.Го оправдувам овој начин зошто и јас сакам да имам деца еден ден и сакам да го чувствувам додека расте во мене, но ако недај боже имам проблеми а здрави јајце клетки би се согласила на овој процес.Но да бидам сурогат мајка мислам дека не би го издржала тоа, освен во случај ако тоа е за некој близок па може ќе размислам за тоа.Свесна сум дека детето ќе нема ништо мое освен што ќе расте во мене, но самата помисла дека се пазиш 9 месци,чувствуваш како мрда, се храни од тебе...едноставно живее во тебе кај мене би пробудило мајчински инстинкт.Да, мислам дека треба да се воведе овој начин и кај нас но пред тоа треба да се утврдат должностите на сите страни, за да не дојде до проблеми и заблуди.
     
    На wart му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    2.031
    Се сложувам со Карак
    има многу парови кои сакаат деца, но за жал неможат да имаат
    на последната контрола за жал ми го кажаа и мене ова, бев скршена, :u:
    цел живот ќе жалам што нема да можам да го почувствствувам како е да го носиш 9 месеци, да му ја подариш цела љубов :(
    ми кажаа премногу работи, меѓу другото и за сурогат мајка
    јас сум за, го подржувам ова
    но сепак друго е кога ќе ти кажат бремена си, па внимаваш на себе, па гледаш како мешето расте...
     
    На ANI 2, wart и hunny-bunny им се допаѓа ова.
  10. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    402
    како што велат надешта последна умира сега е напредна медицината и кај нас се веќе практикува еве и јас ќе кажам кај нас е проблемот кај мажот ми и ќе одиме на донатор и еве чекаме сега од фондот да ни го одобрат ваучерот и фаќаме врски и со министрот и со др да биде сега има се еве сто пишува на страната на фондот спроведување на автологно внатретелесно БПО;

    2. спроведување на автологно вонтелесно БПО;

    3. спроведување на алогенеичко внатретелесно БПО со користење на:
    - донирани сперматозоиди и
    - донирани јајце клетки.
    4. спроведување на алогенеичко вонтелесно БПО со користење на:
    - донирани сперматозоиди,
    - донирани јајце клетки и
    - донирани ембриони

    Информации за новата ин витро постапка секој работен ден од 12.30 до 16.30
    - Д-р Никола Ѓорѓиевски – 3289-087
    - Д-р Павлинка Папчева – 3289-086
    - Д-р Наташа Панчевска Караманолевска - 3289-087
    - Д-р Габриела Давиткова Чобанов - 3289-010 и ова ви се броеви од доктори кои се во фондот јас контактирам со доктор никола прекрасен човек пробајте и со овие опции поздрав и со среќа на сите
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.354
    Пол:
    Женски
    немам ништо против, баш добра работа е сурогат, ама не верувам дека некогаш би се нафатила да направам нешто такво за некој :?: . Јака им душа на тие што можат...
     
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.460
    Го поздравувам овој чекор на Владата.
    Имено според пишувањето во Вест, во МК ќе се дозволи сурогат мајка. Медицината во светски рамки напредува, секој кој сака да стане родител има право да ги искористи сите можности вклучувајќи ја и оваа.

    http://www.vest.mk/?ItemID=92ADFF84088F ... 7ADA8607E9
     
    На dromka и wart им се допаѓа ова.
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.573
    Допаѓања:
    7.738
    Актуелна е можноста за воведување на закон каде ќе има можност една жена во својата утроба да носи плод од друг брачен пар, односно бенефитот всушност го имаат родителите па подобра би била формулацијата-можност за еден брачен пар да даде свој репродуктивен матерјал кај друга жена. Што мислите вие за тоа?
     
    На wart му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vichy

    vichy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.148
    Пол:
    Женски
    ако не се лажам мислам дека има жени кај кои нивна оплодена јајце клетка не се вгнездува во матката и не можат да го доносат плодот до крај 9месеци и со овој закон би се помогнало на многу такви случаи,јас лично немам ништо против сурогат мајка,иако малку е чудно од етички аспект некоја 9месеци го носи,го расте во себе и на крај оди кај генетските родители.
     
    На wart му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Освен во случаи кога жената поради здраствени проблеми не смее да раѓа, не го поддржувам ова.
    Детето уште додека е во утробата на мајката емоционално се поврзува со неа.
    Тоа го памти нејзиниот мирис и се што е поврзано со неа.
    Значи има жени кои поради изгледот не сакаат да родат. Па после ама детето се утепа од плачење неможам да го смирам што и да правам.
    Епа секако неможеш.
    Кога детето се раѓа тоа е поврзано само со неговата мајка.
    Дури и со таткото не е.
    Може да плаче кога таткото ќе го земе во раце, а само мајката да може да се смири. (Имав предавање баш за ова и баш ни го кажуваа примеров кога детето се вознемирувало кај таткото).
    Едноставно сметам дека поврзаноста не е иста.
     
    На wart му/ѝ се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    12.076
    Пол:
    Женски
    Поддржувам. :)
    Само треба убаво да се размисли како ќе се формулира законот и како ќе се одвиваат сите процедури, за да на крајот и сурогат мајката и генетските родители бидат заштитени и да не се дозволи било кој од нив да биде изигран. Мене искрено ме плаши како се ќе се одвива, познаваќи го начинот на кој што кај нас се носат законите и како тие се спроведуваат, а ова е една многу деликатна тема.
    Воопшто не ми пречи од морален, етички, верски и не знам каков аспект тоа што една "мајка" ќе го носи детето, а другата ќе го одгледува. Сметам дека е прекрасна прилика за сите оние парови кои на никаков друг начин не успеале да си го остварат родителскиот сон.
     
    На dromka и wart им се допаѓа ова.
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.315
    Допаѓања:
    8.343
    Не се согласувам.
    Децата без родители што се?Не се носени во нечија утроба?
    Па кога се посвојат,нели ако им се погоде функционално семејство,им понудат вистинска семејна идила.
    Има деца кои се посвоени,а незнаат за тоа.Па со посвоителите функционираа беспрекорно.
    Според мене не е родител тој што те роди,туку тој што те изгледа и те изведе на прав пат.
    Значи да,јас сум за воведување на закон за сурогат мајка,доколку од оправдани причини на брачните парови им е ускратена можноста да ја почувствуваат родителската обврска :)
     
    На Bescheiden, Hipster, Filiposka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Значи ова е сосема различна тема од посвоени деца и тоа е сосема различна приказна.
    Бидејќи овие деца се даваат на нивните биолошки родители зборувам за поврзаност, а децата кои што се посвоени имаат друг тип на поврзаност со родителите, но тоа е долга приказна.
    Така да темата за посвојување и оваа воопшто не се преклопуваат.
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    2.784
    Допаѓања:
    3.085
    Баш ми текна на едни познаници кои се здрави, ама жената има спонтани и не може да доноси дете. За такви луѓе како нив ова би било вистинска среќа. Само како што кажаа погоре, се знае кај нас колку се спроведуваат закони и да не испадне после сурогат мајката да ги уценува родителите или нешто слично.
     
    На Martka и wart им се допаѓа ова.
  20. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    130
    Ако зборуваш за новиов закон, што ќе се донесе кај нас, тој единствено ќе важи за мајки кои имаат здравствен проблем и неможат да затруднат. Да не ги мешаме работите со некои екстремни примери од светот на познатите кои бираат дури и кога ќе се породат и што ќе биде детео во хороскоп....
    Искрено мене ми е малку глупо да ти роди дете блиска роднина, затоа што ќе биде нон стоп во контакт со детето и јас би се чувствувала непријатно.
    По прифатливо ми е да тоа дете го роди некоја жена која по рагањето нема да биде во контакт со детето. Секако дека ќе постојат трауми за детето доколку дознае дека мајка му всушност не му е мајка, а кај нас лошите работи се дознаваат со брзина на светлинат, и обично во време кога тоа дете е најмаку спремно да разбере за што се работи. Разликата помегу посвоеното и овој тип на добивање на детето е што ќе се задоволи ЕГОТО на таткото што детето ќе биде од него. Пред да се пристапи кон ваков тип на добивање на дете треба добро да се размисли, иако навидум едноставно може тотално да ви го искомпицира животот. Се согласувам околу емотивната пшоврзаност на детето и мајката и не е лесно, иако детето е мало и ништо не разбира, сепак во тој период тоа мајката ја препознава по мирисот.
     
    На wart му/ѝ се допаѓа ова.