Ти рекле погоре повеќето, оди посвој ти толку ако си загрижена за децата без родители. Толку е едноставно. Нив им било ќеф и желба така да направат и не се должни никому да дават објаснување зошто не посвоиле. Ако сакаш посвојувај, ако сакаш раѓај, ако сакаш барај сурогат...толку е тешко да се сфати? Ти прави што сакаш и остави ги луѓето да прават што сакаат. По милионите коментари на темава се гледа колку сме затуцани како народ. Сто дена едно исто ќе се вергла, ги направија како да се чудовишта луѓето...се надевам некој од нивното семејство нема да прочита кои глупости се тресат. Баш ми е мило за луѓето што се оствариле како родители. Нека се живи и здрави малечките.
Не е наше да кажуваме дали жената требала да го направи чинот за ќерка си.Ниту пал рандом ликови на форум да кажуваат дека требало да посвои дете. За мене е прекрасен чекор и само докажува колку родителот е спремен да жртвува за своето дете.Сигурно сум дека ова бебе им претставува најголема среќа. Дали е етички? Не разбирам што не е етички кога мајката само го "носи" детето.Во тој случај ни ин витро без сурогат не би било етички.
Овие што викате дека мајката само го носи детето, сфаќате дека ја сведувате улогата на таа жена на објект, машина, инкубатор?
Жената одбрала да износи цела бременост и сигурно со цело срце го направила тоа без да мисли дека е некаква машина.Никој од тука не ѝ прикачи таква етикета, не додавај работи каде што не постојат.
Како мислиш не и прикачи кога ти сама рече "само носи, не е битна". Да, ти сама ја нарече небитна. И не зборувам јас само за оваа мајка, зборувам за сите. Друго, кога сте се фатиле за конкретниот случај, ни јајце клетката не е од ќерката, значи таа единствено што има заедничко со тие бебиња е иста биолошка мајка. Иста жена ги носела и ги родила. Тоа е МАЈКА по биолошка основа, а ќерката им е родител/старател, ама не и мајка. Мајка е биолошката функција што ја добива една жена со забременувањето и со породувањето. Единствено се прави отстапка кога не е позната мајката. Ама и да имаш дете за посвојување и мајката се предомисли, детето без проблем нејзе ќе и припадне. П.С. Јас не гледам дека некаде води оваа дискусија па ја завршувам тука. Ако имате некои аргументирани забелешки - слободно тагнете - цитирајте ме. Во спротивно, ако "затуцани" ви е единствен аргумент... Well now that says more about you than it does about me, doesn't it? Не се сеќавам на ни една од вас лично да се обратив и да ја навредував на лична основа.
Не ми се верува дека некој има против сурогатство. Не ми се верува што читам. И јас би го направила ова за ќерка ми. И за другарка. И за било која. Инаку СУРОГАТ МАЈКА Е ЖЕНА КОЈА НОСИ ПЛОД ОД ЈАЈЦЕ КЛЕТКАТА НА ДРУГА ЖЕНА И СПЕРМАТОЗОИД НА ДРУГ МАЖ. Она е само рерната, капирате?
Положбата на жената во општеството е општествено прашање и е релевнатно за секоја жена. Нормално е да имаме против тоа било која жена да биде гледана како рерна.
За моите деца би направила све, све што е во моја моќ за да се среќни и насмеани во време на опшество кое во целост е дно-дна и оправање на народов никогаш.Бог нека не чува.
Ај бе не паѓај у транс жити мене. Не и ставиле нож под грло за да биде сурогат, од љубов тоа го прави, пожални од жените што се конзервативни се жените што сакаат да станат мажи и ја губат женственоста и феминизмот никогаш не бил за тоа. Стани си маж, тогаш ќе те почитуваат, наместо да покажуваш зошто е добро да си жена. Претажно
О, да, феминизмот од секогаш бил за да се зачува женственоста, која е патем е машко измислена карактеристика за жените, буквално е машка фантазија. Збир на особини кои мажите сметаат дека им одговарата на жените. Тоа што си помалку или повеќе женствена, не те прави помалку или повеќе жена. Патем, тоа не е воопшто тема, ама ваљда сфаќаш дека забега со стереотипите ПретаШно, стварно... Ај, чао. Цела тема во лични навреди ја претворивте. Слабо дискутирањето.
Kako prvo bremenosta e izvedena i so donirani jajni kletki bidejki na devojceto i e izvadena matkata na 16 godini. A spermata e od tatkoto na deteto. genetski nema nisto od babata. Babata sluzi samo kako inkubator da se iznosi bremenosta. Ama ti toa ne mozes da sfatis kolkаva e pozrtvuvanosta na edna majka za ja usrekji svojata kjerka.
Женственост првично произлегува од биолошки предиспозиции а потоа од општествени очекувања, кога веќе е спомнато. Штом го гледаш светот како место кај што жената е вечен роб на патријархалното општество и во секое дејство наоѓаш некој проблем, стварно не очекувам ни да ја сфатиш женава што го родила детето за некој друг.Претпоставувам дека не плачела по дома како е "жртва на објектификација" туку само сакала да направи се што може да ја усреќи ќерка си.И успеала, и ѝ се восхитувам на храброста.
Женскост женственост Фала многу, пријатно!!! Реков, не се навраќам на конкретниов случај, стојам на тоа дека враќање на менструација на жена која 3 години била во менопауза е медицински експеримент за кој нема доволно истражувања. И да, е феминистички проблем на патријахално општество е кога жените ги гледате како инкубатори, рерни, правосмукалки, машини за перење. Како не е? Се ти е тоа едно исто. И навистина, ако имате нешто за темата да кажете - слободно. Помалку анализи на тоа која сум, каква сум и што сум.
За враќање на менструален циклус и јас се сложувам дека е многу ризично. Ама затоа велам : само мајка може да поднесе таков ризик и по цена на својот живот за да усреќи ќерка.
What I've been saying all along. Јас мајката ја разбирам и сфаќам зошто се нафатила. Плус тоа дете останува таму и можам да се кладам дека таа постојано ќе биде околу децата, да и помага на ќерка и. Се надевам дека ќе бидат на крај сите среќни и задоволни. Реков, не навлегувам во конкретниот случај иако имам и тука што да кажам ама на крај се би се свело на "а што ако", а навистина не сум тука да правам претпоставки. Имаш родено? Можеш да се пријавиш. Сигурна си дека можеш 9 месеци да носиш плод во тебе, да се породиш и да го дадеш без да имаш НИКАКВИ, апсолутно НИКАКВИ права?