Дури и ако после го дадеш и немаш НИКАКВИ, ама апсолутно НИКАКВИ права над детето? Тој дел не ми го одговори.
не е па да. да или не сигурно нема да им висиш на врат на родителите на тоа дете, зашто нема да е твое. ти си само девет месеци инкубатор и тоа е тоа.немаш никаква друга улога
Не смееш ни да го видиш, ни да го контактираш. Никакви, ама апсолутно никакви права немаш. Да или не? оди детето и толку, нема постпородилна депресија па ќе го гушнам, нема прво запче, нема чекорчиња и пелени менување. Нити заспивање, ни први зборови, А 9 месеци си го носела и ти си го на свет донела. Не смееш ни родителите да ги контактираш за да прашаш како е. Дали расте, дали јаде, дали го чуваат како што треба.
Е јас не давам јајце клетка искрено, така не би дала дете на друг освен на моите деца ако има потреба
@lovely12 ова, прашањево Не смееш ни да го видиш, ни да го контактираш. Никакви, ама апсолутно никакви права немаш. Да или не? оди детето и толку, нема постпородилна депресија па ќе го гушнам, нема прво запче, нема чекорчиња и пелени менување. Нити заспивање, ни први зборови, А 9 месеци си го носела и ти си го на свет донела. Не смееш ни родителите да ги контактираш за да прашаш како е. Дали расте, дали јаде, дали го чуваат како што треба.
Пред извесно време другарка ми и нејзиниот сопругот не израдуваа дека ќе имаат ќерка со сурогат мајка (она е оперирана пред неколку годоини и не и се препорачува да останува бремена). Откако слегнаа емоцииве си разговараме и викам сва среќа во друга држава е сурогатов, таму се нафатија тие иако овде живеат. Овде велам би било "Џери Спрингер". Зошто, што е тоа, а зошто таа да нема право да го гледа детето (сурогатов), душебрижници еден тон ќе има, верувам и судови ќе се уклучат во постапкиве. Колку сме само ние далеку од свет, страшна работа.
таа јајце клетка била обична јајце клетка која можела да помине ко секоја останата неоплодена. а да ти седи дете под срце, да ти мрда и да се откажеш ти е полесно само зашо не е произлезено од твоја јајце клетка?!
Украина? Македонија го има еден од најлибералните закони за сурогатство во Европа, така да не знам од кои тоа напредни земји сме ние назад.
Не е до емоции. Остана отворено прашањето. сите би биле сурогат онака на форум, ама фуфка кога кажеш дека после пороѓајот си заборавена единка, немаше веќе ништо со тоа. Хормоните никој не ти ги зема во предвид, тоа што 9 месеци си го носела исто никој. Фурна, инкубатор, машина. Не си живо суштество. Комерцијално сурогатство (во Европа) имаат дпзволено Украина, Рузија и Грузија. Србија сакаше да дозволи. Тоа е поимот за напредна држава? Сфаќам дека желбата за бебе надминува се, ама "што има па таа да го гледа, нема таа ништо, само го носела". Ма немој. За вака одма спремни да сведете човечко суштество на ништо за да си ја исполните целта за да имате дете.
види, сепак тоа никој под присила не го прави, затоа и е легално. ако некоја се осеќа дека може-нека повели.
Никоја не може да знае како ќе се чувствува после 9 месеци бременост. Секоја бременост е различна. Таа можеби мисли дека може. Псоле ако не може нема никаква заштита. Е експлоатација. И тоа најголемата експлоатација на женското тело. Хендмејдс тејл, тоа ви е. Истото тоа... Онака во фенси медицински термини завиткано.
Баба им им е мајка а мајка им им е сестра. Го имаше на твитер, сигурно е овој истиот. Многу заостанат и прост народ сме бе со никакви сфаќања и разбирања. Медицината оди напред и кој како сака и што сака ќе прави. Вие си гледајте за вас, ако мислите дека не е во ред не го правете тоа. Ама дај боже на таквите еден ден да им затреба.
Искрено да би носела туѓо и би им го дала, можеби ќе сакам да видам како изгледа... но би ускреќила некого. Но не би дала со моја јајце клетка, тоа е мое мислење...лошо или добро тоа е
за емоциите ми беше и мене, не за законите, нејсе да не се повторувам. Затоа што гледам си запознаена не те напаѓам само чисто ме занима дали сурогативе земаат пари за тоа што го прават?
нема добро и лошо. и сурогат е избор и давање јајце клетка е избор. не може и не смее никој да ти каже дали е добро тоа или не.
За мене не е баш црна или бела работава. Не е браво, херој е, ниту пак сега баба им е и мајка им е. Прво, не сум за одење до толку екстремности за дете. Ете, детето сепак нема да ги има гените на ќерка и. Значи не е биолошко нејзино дете. Зошто тогаш не посвоиле? Да, разбирам дека има ризик да се премисли мајката, ама и тука имало ризик и да не се износи бременоста и нешто да и се случи на мајка и. Не е ли малку себично да се бара нешто такво од мајка си? Менструацијата и ја враќале, мислам... Да, мајка ќе се согласи зашто за сопствените деца би направиле се, ама зошто? Зошто воопшто да се бара такво нешто? Да се случело нешто со мајка и ем ќе немала дете ем ќе требала на совест да ја носи цел живот потоа.