Дали им забранив нешто? Кажувам мислење, не ми се допаѓа тоа и не сум сигурна колку лесна бременост може да има жена од над 50 години Ти си иста. Втор ден истото го повторуваш и нас не осудуваш затоа што мислиме со наши глави. Не мисли дека мене ми е гајле за нивната одлука.... не ми се допаѓа и толку.... Сега прочитав дека јајцеклетките биле од жена донор, бабата родила внуци кои не се на ќерката....
И едните и другите се објекти во случајот, а тебе тоа ти беше аргументот против сурогат мајките, дека се само објекти. И донорите на сперма и донорите на органи се исто само објекти.
@DAngel оф колку си грешка дека не сум по читањето ама ајде. Не постои видео или статија со која ќе ме разубедиш дека не треба да постои сурогатство. Крај. И донирање јајце клетки, и сперма.
Каде е тоа сегде во светот? Најлиберален закон за сурогатство има Русија. Од кога Русија е поим за земја во која сите ги уживаат своите права? Русија, Украина, Грузија, Индија - тоа се држави со најмали ограничувања за сурогатство. Најнапредните што треба на нив да се огледаме? Сурогатсво од друга страна е целосно забрането во Франција, Италија, Португалија, Шпанија, Германија... Каде е тоа цел свет? Зошто зборувате за работи за кои немате ама апсолутно никаков поим. ж Ставив видео, пак ќе го ставам. Еве што се случува со децата во Украина, кога оние што ги нарачале се предомислат и решат дека "робата" не им се допаѓа: Еве ви и за во Индија уште еден Еве @nena2010 ако тврдиш дека ништо не може да те разубеди погледај ги овие. И озбилно ми беше прашањето, ако толку многу жени сакаат да бидат сурогат, зошто во 6 години имаме само 2 мајки што родиле за ќерките? Сепак најголема е љубовта за тоа што си го родила, а? Еве ви на српски (има повеќе делови, погледајте): И јас стварно нема што да кажам повеќе Оукеј... Не ми беше баш тоа аргументот, ама ОК. Кога донор на сперма си ја стави 9 месеци спермата во стомак и извади нешто корисно од неа, тогаш ќе збориме.
Јас стојам на располагање на која било да и' бидам сурогат. Не барам ништо за возврат, освен ок, пораѓањето и сите трошоци околу бременоста да си ги сноси. Ќе почекате само затоа што мислам дека морам прво свое да имам дете еднаш. После може. Ако на некоја и' требаат и јајце клетки да и' донирам нека каже. Мене ништо од ова не ми е страшно. И знам дека на некои живот им значи да имаат свое дете, макар и со дониран материјал, или носено во туѓа матка. И нивната среќа е доволно добра причина за мене. Не секој може и сака да посвои. И тоа е сосема ок.
@DAngel ако тргнеш така со толку црни сценарија, тогаш ај и посвојување да забараниме зашто има родители кои посвоеното го враќаат кога ќе видат дека има бекој застој во раст ( аутизам и сл). Па ајде заради тие монструми и посвојувањето да го забраниме.
Зошто тогаш препорачуваш посвојување кога во тој случај се носи бебето 9 месеци па се дава на посвојување? Пошо тоа ти беше аргументот.
На посвоените деца најмал проблем им се вродените болести и маани. "Оштетувањата" што ги имаат поради самиот живот во дом, неприсуство на мајчина фигура во првите круцијални за развој месеци и запоставувањето од системот се премногу сериозни и вистински. Со најголем дел од тие деца има многу работа и не е секој спремен да се носи со истото. Секоја чест на оние кои посвојуваат, тие се два пати родител. Но не е секој кадарен за истото и сосема е во ред да се луѓето свесни.
Чекајте малце. Ако на бабава и ја вратиле менструацијата, не значи дека се нејзини јајце клетките. Бабава не им е мајка на бебињата, зошто го кажувате тоа кога не е така, а премногу ги менува тоа работите.
Посвоеното секако е таму. Ова го нарачале, пуштиле жена низ цела бременост специјално за нив да помине и на крај го оставаат. Не е едно или 2, честа е ситуацијата во Украина. Ама "црно сценарио", нели. Затоа што за сиромашните и онака никогаш никому не му е гајле. Битно богаташките што имаат да одвалат $25000+ за нечија матка да се задоволни со робата. По можност и однапред каталог да им се даде. Жал ми е што воопшто не ја гледате реалната слика. Да беше срогатството нешто кул немаше да биде најлиберално во најдесничарските држави. Уште кога видите дека ВМРО го донесе законот, истите оние што забранија абортус... Зарем мислите на добро на жените мислеле? Како Вучиќ што сака во Србија да донесе. Како Путин што донесе во Русија. Тоа се тие, најголемите борци за женски права
Споредбава на државиве ти е циркус. Сурогатство е легално во Канада, Холандија, Британија, Ирска, Данска, Белгија, држави што се далеку поразвиени од Шпанија и Португалија што ги наброја...
Работата е што овде се дебатира боље посвојување него сурогат. А и едно и друго е толку специфична ситуација. @Mantub мислиш жениве од улица ги собираат за да бидат сурогат мајки.
Зошто ги етикетираш жените? Има различни жени, не можат сите да бидат како тебе и фала Богу за тоа. Дали никој не ја терал можеби била изманипулирана.
Па 100 пати те прашав, кој е тој голем интерес за сурогатство кога во 6 години имаме само 2 мајки што родиле за ќерките? И да, ги тера, ги тера општеството затоа што се на работ на праживување и немаат избор затоа што не е изор дали ќе се проституираш или ќе бидеш сурогат. Ама нели, ќе гледаме се од призмата на богаташицата со $25000+ долари во рака. Како рекоа горе, само инкубатор е жената, само рерна, да не и текне да се предомисли случајно. Да не посака да го види. Да не и фатат мушичките. Се понашате како да немате матки, еве, не знам. Стварно ми е доста. Ај, чао.
Каков донор, ти зборувам за жени кои не сакаат да го задржат бебето и го даваат на посвојување. По твојава логика треба да им се забрани тоа затоа што го носеле 9 месеци ембрионот. Нели тоа ти беше аргументот, не е исто донирање сперма и давање нешто што си го носел 9 месеци?
Затоа што сме вукојебина Македонија каде што еве има некој кој мисли како ти. Ете затоа. Зашто овде се осудува и тоа дали некоја е домаќинка ако има жена за чистење а замисли сурогат да реши. Па тоа хорор ќе и е животот. Приказни милион. Те неверна била, те бебето од швалер и е, па како го продала. А да не зборам што македонски ропак никад нема да дозволи жена му да биде сурогат за друг .
Болдовите ти се крајно контрадикторни. Ако ги тера општеството и немаат избор, зошто има само 2 сурогат мајки и тоа родиле за своите ќерки, а не за некоја си богаташка таму, а од друга страна имаме илјадници сиромашни жени?