1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    33 глас(а)
    16,7%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    36 глас(а)
    18,2%
  3. Не, никогаш

    129 глас(а)
    65,2%
  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    :rofl: добра забелешка
     
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Прво финансии, друго јавна осуда, линч и исмејување.
    Случајов е доказ.
     
    На candy.cane, Stressed Out, ocicka2014 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Ништо не ми побивте и освен лични навреди не видов ни една нормална дискусија. Во "вукојебинава кај што мислат како мене". Во вукојебиниве горе не мислеле, па јбг. Не за џабе е забрането во едни од најразвиените земји во светот, ама кој да ти каже Ивана.
    Се симавте на дереџе да ги земате за позитивен пример Украина, Русија и Индија.
    Се за биолошко дете, нели.
    Стварно ми е под секое ниво да ја продолжувам дискусијата.
    Да споредиш издркана сперма што ја има горе/долу on demand со носење на живо сустество 9 месеци е стварно понижување. Цело тело минува низ промени во бременоста, ама тоа милион пати го спомнав и нормално, кому му е гајле за жените.

    Има скоро 300 пара регистрирани што чекаат сурогат. Зборуваме за другата страна, за жените што треба да го износат бебето од "алтруистички" причини, без да добијат ништо за возраст.
    Знаеш зошто нема? Затоа што никоја нема да си го ризикува животот и здравјето за да носи и роди бебе кое не смее ни да го види после освен ако не е како во овие 2 случаи (мајка за ќерка, па секако го гледа).
     
    Последна измена од модератор: 5 февруари 2020
    На *Amethyst*, candy.cane, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Па во Македонија не е дозволено комерцијално сурогатство, само алтруистичко, Значи само за без пари. Зборувам за држави кај што е дозволено комерцијалното.
    Еве само доказ дека појма немаш за што зборуваш :D
    I'm done here.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Бабата била 9 месеци хранител... ете така гледајте. Тоа ти е исто како на пример, детето мое да го оставам на мајка ми, да се грижи за него 9 месеци, оти мене ме испраќаат на некоја мисија некаде, или по работа... небитно. Дали ако го оставам бебето кај бабата на подолг период, за целосно да се грижи за него, автоматски ја прави мајка? Дали во стомакот, или надвор од него, има многу баби што целосно се грижат за внучињата, па не го сметате како нешто настрано.
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.011
    Допаѓања:
    7.686
    Пол:
    Женски
    Ајде пак.

    И кога станува збор за посвојување, биолошката мајка минува низ промени во бременоста, а потоа го дава тоа бебе на некој друг.
    Зошто тогаш не си против посвојувањето туку го препорачуваш како алтернатива на сурогат мајчинство?

    Ете вака ти ги побивам аргументите, а ти упорно смислуваш нови.

    А издрканата сперма ти ја спомнав кога тврдеше дека сурогат мајките се објекти, за да ти посочам дека и донорите на сперма, и донорите на органи се исто објекти, така да не испревртувај.
     
    Последна измена од модератор: 5 февруари 2020
    На lovestoneddd и Stressed Out им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    И другата страна е предмет на осуда. Не само оние кои на крајот ќе го добијат 'плодот на тацна'. Да, ова е израз кој го прочитав.
    Замисли девојка здрава права во најубави години, како им соопштува на фамилијата и друштвото дека ќе носи бебе за друг, без разлика дали близок или странец. Психичкото здравје има одма да и го стават под знак прашалник.

    Друго алтруистичките причини колку и да се алтруистички, не се до крај. Брзо темпо на живот, образование, работа, низок стандард. Еве и да сакам од скроз алтруистички причини да подарам дете, не би можела да ги сносам сама трошоците околу бременоста, кои се ѓавол ипол, не би имала морална поддршка од луѓето околу мене ниту пак помош за износување на детето, ниту пак би можела да си дозволам да се оставам без работа, еве не мора да се 9 месеци, нека се 5.
    Врти сучи, све се врти околу финансиите и јавното мислење.

    Ретко која ќе се осуди да биде ' онаа што си го дала детето '.
     
    На Someonespecial, SummerGirl, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Не знам дали намерно ми го игнорираш коментарот или сериозна си со државиве...
    Холандија, Британија, Канада, Ирска, Белгија, Данска е дозволено сурогатство, таа вели Шпанија била најразвиена :rofl:
     
    Последна измена од модератор: 5 февруари 2020
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Финансиите се покриени, сите трошоци и прегледи се покриени.
    @lovestoneddd ти би се нафатила да бидеш сурогат? Јас на пример, никогаш. Ни за сопствена ќерка. Не ја сфаќам потребата некого да мачиш 9 месеци + пораѓај за да имаш нешто да држиш. Искрено.
    Јас прочитав во статија дека жените во Македонија биле себични затоа што не сакале да бидат сурогати. Тоа не е дупло погрдо?
    Мене сурогатството ми е и со партнерот разговарано, и тенкс гад на исто мнение сме и двајцата, Подобро посвои отколку да си изнајмиш матка на 9 месеци. Оти тоа е тоа - изнајмување на матка.
    Стварно никој не ја гледа паралелата со Хендмејдс тејл тука?
     
    На *Amethyst*, candy.cane, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Се надевам дека жената не ја чита темава... оти коментариве ми се многу тажни. :(

    Мене баш ми беше убава сторијата, се почувствував убаво кога ја прочитав.

    Па луѓе, и' ја извадиле матката на 16 години на девојката, нормално дека мајка и' прва ќе дојде да и' помогне да има деца. Знаете зошто се вади матка на 16 години или треба да се потсетиме? Знаете што се случува откако ќе ти извадат матка на 16 години? Знаете кои трауми се тоа?

    Нормално - НОРМАЛНО - дека мајка и' ќе прискокне на помош сега кога се решила на потомство.

    Факт е дека од се' се прави бизнис... ама мислам дека најголем процент од луѓето што користат сурогат-мајка, каде било во светот, ни на крај памет не би се откажале од своето дете. Правиме муабет за нормални луѓе, луѓе што со години немале деца или собирале пари за сурогат...

    @DAngel обично се согласувам со тебе ама овде и јас мислам дека you may be pushing it a bit.

    Ај да разберам да има „фарми“ за сурогат-мајки каде што некој сосила ќе ги забременува и после ќе им ги зима парите, да, океј. Ама ова се луѓе што своеволно се нафаќаат да го прават тоа, па зошто нас би ни сметало?

    Екстреми постојат буквално во секоја сфера од животот, ама медијаната е далеку од нив.

    Во Македонија нема сурогат-мајки - или бар ние не слушаме за нив - токму заради тоа што реакциите на општеството се такви какви што се.

    За посвојување......... сите сме јаки во теорија ама во пракса, многу ќе паднат. Особено кога иде делот да потпишеш дека се нафаќаш и да земеш дете со пречки во развојот, болест, психо-физичко насилство и сл.

    А да не зборувам дека се чека со ГОДИНИ и дека децата над 5 години имаат 0,3% шанси да ги посвои некој. Да не зборувам дека ти не смееш да бидеш постар повеќе од 35 години од детето (толку се мислам) што значи, ако си се зел подоцна и после неколку години обиди едноставно не биднало... или ќе посвоиш повозрасно детенце или нема „свежо“ бебе.

    Е сега ќе рече некој па и тие постарите треба да ги земе некој. Дека и тие деца треба да осетат љубов.

    Е треба ама...... не е така лесно.

    И јас порано се јачав дека се' се може ако се сака ама после неколку не-така-фини приказни и искуства со повозрасни и проблематични деца, би размислила двапати пред да посвојам поголемо дете. Ете, можда до толку сум површна.

    Знам за случај каде што посвоија поголеми деца (10+ години) и тргаа - веројатно уште тргаат - големи маки. Пошто на тие деца им треба комплетен ресет и одново „програмирање“, а после сите работи што ги минале за 10-12-14 години, тој процес и не е баш лесен. Едноставно, тие деца, заради институционални грешки, се воспитани на погрешен начин и ти да ги превоспиташ е....... многу тешко. Верувај дека и нивната благодарност што сега имаат дом некогаш кратко трае. Сурово, ама реалноста е таа. И не, нема да ги вратат во дом....... ама не е баш лесно да се справи човек со тоа.

    Не секој ќе се нафати на тоа. Не секој е ментално спремен за таква борба. Оти баш е подвиг-подвиг. И тоа е ок.

    Некој ќе го одбере овој начин. И тоа е ок.

    Не ни се нас дома па толку жестоко да ги напаѓаме. :)
     
    На candy.cane, Purplelilac, lilyen и 40 други им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Нема затоа што не едозволен сурогар со надокнада. Одат наши парови во Украина по сурогат. Кој планира да плати си плаќа преку агенција во Украина. Имаш страни од агенции дури и на македонски јазик.
    Толку се сурогати во Македонија, само 2 мајки што родиле за ќерките.
    Богаташите инаку, отсекогаш си имале сурогат. Послугата по дома секогаш била спремна да роди, Обично на сурогат се одлучуваат тие кај што жената не може да има биолошки дете, па се продолжува само низата на мажот.

    Милион пати реков дека не ми смета овој случај, ама дека презеле огромен ризик чии последици не се медицински доволно истражени (враќање на менструацијата).
    Да, ми смета коменрцијално сурогатство и имам право да дигам глас против него, оти еве, утре Мицковски ќе дојде на власт и набрзина ќе станеме Украина.
    Реков, најлиберални закони за сурогатство имаат најконзервативните држави. И пред нас ќе застане закон за коменрцијално сурогатство. И ќе речеме "супер, нека си имаат деца", па ќе станеме сурогат фарма на бели upper middle class Американки.
    Се кул, што да не.

    https://www.slobodenpecat.mk/za-30-50-iljadi-evra-makedonkite-baraat-surogat-majki-vo-ukraina/
     
    На *Amethyst*, Purplelilac, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.783
    Допаѓања:
    259.807
    Мислиш дека е толку тешко да се даде накнада?
    Не сакам да зборувам за конкретни случаеви затоа што се малку и лесно може да се препознаат.

    Во држава во која цвета мито, озбилно мислиш дека е тешко некој да најде начин и да плати? :)
     
    На candy.cane, GirlRose, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459

    Вака гледано, според статистики и истражувања е толку вистинито.
    Може нас да ни се допаѓа или не - но, реалноста е таа. Десничари никогаш нема да донесат закон кој ќе ги подржи правата на жената. Бев директен и посреден сведок на секој еден напишан збор во овој пост.

    ..Зашто толку ја нападнавте Енџи бе зликовци? :D
    Не е толку света репродукцијата. И не е "woman empowerment" гледано од политички аспект денес.
    Од биолошки е само исполнување една елементарна должност за продолжување на генезата.
    Нема тука ништо херојски ниту посебно.

    Не се лутете сега, знам дека многу ќе ме нападнете зошто сакате свои деца, многу од вас
    се трудат да ги добијат по ин - витро постапка, ве читам во темата и посакувам секое добро.
    Ама дека е ,,свет" акт за аплауз и нешто special - не е.
    Фокусирајте се на побитни работи, на пример на глобалните предизвици со кои моментално се соочуваме. Работете да ги спасиме луѓето кои се веќе на земјата,
    за оние нови генерации кои сакате да ги донесеме да живеат во благодет. :)

    Патем, само да напоменам дека не сум против сурогат мајчинство. Потполно
    легитимна постапка, иако ризична од биолошки аспект. А, и понатаму ризична
    за физичкото здравје на детето и неговиот развој. Ама денес речиси се е ризик, нели?
     
    На *Amethyst*, candy.cane, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Имаш право да дигаш глас, немаш право да судиш ако некој се одлучи на тој чекор.

    Пазарот функционира на начин што ако има потреба за нешто (во случајов, сурогат мајка) секогаш ќе се најде некој да ја понуди услугата. Дали тоа ќе биде легално или не, зависи од законските регулативи.

    Ако веќе има побарувачка, јас сум за тоа да биде услугата легална... затоа што така ќе бидат заштитени сите во случајот, вклучувајќи го и детето.

    Јас лично не знам дали би одела до тој степен да нелегално најмам сурогат-мајка (не ми е толку битно да имам потомство, чак што више го знаете мојот став на темата) ама знам дека многу други нема да трепнат двапати пред да платат некој под маса. Оти сакаат да имаат дете.

    Ако се' е законски регулирано и сите се свесни за улогите, не разбирам, што е проблемот да му платам на некој да ми го износи детето?

    Баш статијата што си ја споделила ја има истата поента што и јас се обидувам да ја доловам - дека нема ништо лошо во сурогат-мајките.

    Едит - не можеме да судиме ако некој МНОГУ сака да има деца. Тоа е биолошки порив/потреба не знам како да го кажам и е буквално, Мајка Природа.
     
    На Purplelilac, LiliBoz, lovestoneddd и 11 други им се допаѓа ова.
  15. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски

    Ист муабет е за проституцијата ако се сложни двете страни зошто да не? Секако дека има и различни мислења за и против легализација на истата.
    За мене лично комерцијалното сурогатство е најголемото искористување на женскиот род, имам пријатели што добија дете од сурогат во Украина тоа таму е толкав бизнис што и по автобуси имаат реклами. Вака законот како што е ми е сосема ок, да е дозволено од алтруистички причини да ама бизнис да се прави од матките на жените во економски неразвиена земја ( упс земја во развој де) од мене има едно големо не. Статијата за женава што подарила дете на своето дете и мене ми побуди убави чувства, ама помислата на правење бизнис од раѓање деца ме тера на повраќање.
     
    На *Amethyst*, Purplelilac и DAngel им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Не размислуваш. Јас не вадам податоци од ракав. Тие се деца родени од сурогат во Македонија. Ако има друго родено од сурогат на црно, верувај поскапо би излегло да се потплатат сите доктори што ќе имаат работа со тоа и плус да се плати жената, секако излегува поевтино во Унгарија.

    Извини @Doozy не се сложувам дека за се што има побарувачка треба и да се исполни..
    И за дроги има побарувачка, и за порнографија, црн пазар на органи цвета, Проституција исто. Едно е зборење од ракав, друго е кога погледнеш подетално што стои во корен на сурогатсво и проституција, буквално експлоатација на жените. И тоа, ти се допаѓало или не, е политички проблем.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Ако не се од бабата. И не сум против инвитро, ни сурогат, всушност сум директно засегната. Поз
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Баш сакав да ги спомнам проституцијата и дрогите и продажба на органи ама викам ај да не забегувам од темата пошто некако не можам во ист кош да ги сместам со сурогат-мајките.

    Ама веќе кога ги рамниме......

    Да, баш така.

    Жал ми е што е така ама се' додека има побарувачка, ќе има некој што ќе понуди услуга.

    Тој што сака да најде проститутка, многу лесно ќе најде уште вечер за вечер, иако е нелегално.

    Тој што сака да најде ганџа, травче или нешто појако пошто веќе и травчето не ги држи, може да најде за саат време.

    Тој што сака да најде нелегална сурогат-мајка, ќе најде.

    Единствен начин да се реши проблемот е прво преку едукација, а второ преку кревање на финансиската моќ на населението.

    АМА, едно големо АМА.

    Во земји каде што луѓето се борат да преранат фамилии, не им е битно дали фактот што ќе си ја рентаат матката е етички или не, морален или не, легален или не, политички коректен или не.

    Битно им е да платат сметки, да наполнат фрижидер и да им купат чевли на децата што им се веќе дома да не шлапаат по вирови на студот.

    Сурово е, ама суров е и фактот дека сите ние од ваквите земји сме срамнети со нула. Вредиме нула. Мене не ме експлоатираат секој ден со тоа што го работам? Ако гледаме така, ме експлоатираат и тоа на велико. Ако гледам така на работите, тогаш другиот избор ми е да ме експлоатира некој во Македонија, па зошто би за помали пари?

    И кога е веќе тоа така, и ситуацијата е таква каква што е и НЕМА да се промени во блиска иднина, може барем сето тоа да биде легално.

    За колку толку да бидат заштитени сите страни, вклучувајќи го и детето.

    Си плаќаш - си добиваш.

    Не знам, можда имам друга замисла за сурогат-мајка што не се рамни со вашата. Можда замислувам геј-пар како си трчка со детенце.

    Ама како што рече @CameliaMiller , зарем мислите дека во т.н. земји во развој (ака земји што никогаш нема да мрднат од мртва точка) како нашата ќе спречите некој со 50,000 евра у џеб да најде сурогат мајка?

    Нека не се 50, нека бидат 15,000.

    Гарантирам дека 20 жени ќе се најдат уште утре.

    И мисловниот процес оди вака некако: не ме кошта скоро па ништо, само треба 2-3 пати да родам дете и да решам станбено прашање, факултети на деца и што ли уште не.
     
    На *Amethyst*, LiliBoz, lovestoneddd и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Офтопик малку, ама - не сакаш деца, океј, не сакаат ни други, но мора во секоја тема поврзана со мајчинство да делите мудрости како мајчинство не е ништо посебно и е безначајно, само сведено на биолошка потреба ?
    За тебе може е, но за повеќето луѓе е нешто повеќе и најголема желба им е да добијат деца, така што стварно не сте ништо подобри ако потомството ништо не ви значи.
     
    На candy.cane, Alishan30, Stressed Out и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.288
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Прво, збориш како не можеле тука да ти парираат во дебатава, а ги користиш најниските можни тактики во неа.
    Луѓево пробуваат да му објаснат на игнорантниов Киану што е уствари сурогат со зборови кои може да ги разбере, ти тоа го користиш за да докажеш дека општеството ги гледа жените како репродуктивни машини. Well no shit.

    Второ, упорно тврдиш дека освен лични напади на темава никој не ти кажал нешто друго, а во исто време 17 пати кажа како ,,си немаме појма за она што го збориме". Не велам дека не си била лично нападната во темава, не велам ни дека си имаме појма, туку те потсетувам дека ти буквално истото го правиш, а притоа од не убедуваш никој од високиот коњ на кој седиш.

    Трето и најважно. Правиш гејткипинг, пак.
    Ако мене детално ми се објаснат сите последици од сурогатството, сите можни начини на кои можам да се покајам отпосле, сите ризици, сите жртви, сите фактори кои ќе ми влијаат на здравјето при тоа, и ако и покрај сево ова полносвесно, слободно одлучам да се нафатам да бидам рерна за некој друг, нема простор за муабети за неморал кон мене.

    Мое тело е, мои одлуки, нели? Не е одлука ни на ќерката, ни на владата, ни на Ејнџл од форумот, оти таа смета дека е поосвестена од секоја друга жена што постои.

    Додека ја имам слободата да одлучам дали сакам да бидам инкубатор нема буквално никаков проблем. А ако некој од страна ми вика дека само мислам дека сакам да бидам ама уствари нејќам, ќе му кажам дека не знае подобро од мене за моето тело, и ми го ограничува правото на владеење над него. А против тоа се бориме нели?
     
    На candy.cane, MarigoldA, GirlRose и 19 други им се допаѓа ова.