Кога има голема побарувачка нормално е да изгледа ко The Handmaind's Tale. Да беше една жена која од желба да усреќи некој пар е спремна дете да им роди а тие заради огромна благодарност ја опсипале со подароци и сите со солзи на очи на крај, ќе беше друг поинаков филм. Во Мк сурогатството на црно го има одамна, не се само тие 2 или 3 примери што ги зборите. Мајката сурогат нема да има ниту днк ниту "иста крв" со бебето што го носи ако не е нејзина јајце клетката. Детето ќе си носи гени од биолошките родители а тоа се оние кои донирале јајце клетка и сперма. Ова онака нафрлени информации. Инаку, се што е направено од очај и за пари не е ок а најчесто ова е мотивот за сурогат мајка. Ама, ако се изрегулира како треба можеби и ќе личи на нешто похумано а не како сега проста трговија и искористување на жени во неповолна ситуација. Под изговор нели -доброволно е.
Работава испаѓа да си принуден да се впуштиш (легално) во сурогатство поради финансиски причини е злоупотреба, а да си принуден да абортираш (пак легално) поради закани и слично не е злоупотреба. Мозочнава гимнастика лом. Овој резон на ,,да забраниме сè што може да се злоупотреби", само предизвикува истите работи да се случуваат во нерегулирани и небезбедни услови. Истиве маргинализирани жени ќе бидат во многу поголема опасност. Против кој се борите уствари?
Па и донирањето јајце клетки е слично,го прават за пари со тоа што за разлика од сурогатот ќе се во крвно сродство со детенцето,ама хеј се додека тоа ќе донесе среќа на некому it's ok! Премногу навлеговте,во секоја сфера на животот одредени ситуации некому ја носат најголемата среќа други пак истите ги злоупотребуваат,граници на "што треба и не треба" тука не можат да се постават. Зошто да се забрани сурогатството кога тоа е единствен начин на некоја жена да има свое дете,и погоре прочитав дека во случаи со сурогатство најчесто само едниот родител бил биолошки,што е неточно,најчесто не се проблем јајце клетките или сперматозоидите туку неможноста на една жена да износи плод од повеќе причини,лоша матка,трансфузиолошки проблеми,ендометриоза и слично.
Да бидеш самохрана мајка е една од најлошите позиции во кои може да се најде една жена, посебно во држава како Македонија. На тие жени им е најдобар избор да абортираат баш заради говедата кои нема да го признаат детето и жената ќе биде осудена да се грижи самостојно. Кога се донесе закон да не смее татко да го напушти роденото дете, тогаш ќе разговараме за дали се присилени да абортираат или не . За поодмината бременост, реков да било легално немало да одат на црно. Да жени и по дома абортираат, со што ќе им дојде при рака. Во интерес на заштита на жените е да се "либерализира" абортусот. Да биде слободен и достапен. Ама ова не е тема за абортус.
Затоа што имањето дете не е апсолутно право кое мора да се оствари по секоја цена. Целото твое мислење е за усреќување на тие што ќе си купат бебенце, и што ќе си купат јајце клетки, и апсолутно, како што милион пати кажав, "службата" на другата страна и нејзината мисија на светот е да ги "усреќи" "мама" и "тато" со подлабок џеб, друго ништо. Штом нарачателите се среќни, друго ништо не е битно.
Кој вика дека е право? Желба е,па што? Службата на другата страна е исто така желба и начин да заработи пари,кој е проблемот? Компликации што настануваат при процесот што ги наведе погоре,епа тоа е,се во животот носи ризици,немој да го генерализираш сурогатството како лошо заради такви екцеси.
Aу, ова веќе претерано е. Знам дека во Мк не цветаат рози, посебно за самохрани мајки ама многу лош избор на зборови. Сметаш дека сите самохрани мајки се во страшно лоши позиции оти немаат говедо покрај себе? Дека без говедо дете не се гледа?
Oh boy... Не знам кој дел од избор не е јасен, изгледа сакаш се' по твој избор да биде и да кажеш како треба. За поодмината бременост да биде слободен и достапен, сериозно? Значи само кога женски бебиња се абортираат е злоупотреба... сфатив. Она кога ќе се насочиш кон една кауза, па се ограничуваш само на тоа.
Апсолутно им е подобро без говедо до нив, ама кога имаш избор помеѓу нормален живот или самохрана мајка, тогаш дефинитивно е подобро да не си самохрана мајка. Гледањето дете кошта пари. Многу пари. Знам еден куп самохрани мајки. И оние со солидни плати тешко живеат. Со 15000-20000, колку што зема поголем дел од државата едвај врзуваат крај со крај. Некои од нив по две работи работат. А мораш дете во градинка, а мора да го чува некој сабота ако работиш, а мора, сешто мора. Сам дете да гледаш е ужасно, никогаш не би посакала некоја жена која има подобар избор да се впушти во тоа. А абортусот е во случајот во кој зборува Ливинг, далеку подобар избор
Здравје, ќе бидеш трудна ако сакаш некогаш и ќе сфатиш што значи поодмината бременост. Зашто ако е дозволен тогаш кога бебето (не е веќе фетус) чувствува болка, тогаш и правото на жената да го остави во дом не треба да ти боде очи. Хаос е темава.
Нормален живот или самохрана мајка? Озбилно? Не би да пишувам бајки како живее една самохрана мајка во Мк ама ако само плата плус е проблем што со оние семејства што најчесто се со една плата? Што со оние каде и двете плати не се колку што може да зема само еден? Што со оние каде партнерот е по цел ден на работа или не чува дете оти нели Балкан е па тоа работа на мајката е, он кога ќе си дојде од работа треба да спие а после фудбал да гледа. Не сите имаат иста помош од роднини, блиски, некои родители се постојано во контакт со своите деца и внуци и помагаат и со чување и финансиски, други очи не си гледаат. Кои ќе ги ставиш во нормални семејства со среќни деца? Таму каде се двајца родители и ништо друго не е важно, така? Многу застарено мислење, ме изненадуваш, чекам нешто да пишеш да ме разубедиш дека нешто друго си мислела ама јас не сум разбрала добро. Разбирам дека е тешко ама стварно лоши зборови употребуваш, нормално наспроти самохрана мајка, па осудена, па најлоша ситуација за една жена...
@Bridget апсолутно друго мислев. Муабетот ми беше од гледна точка дека немаш фамилија, маж, што и да е и остануваш трудна од некој кој не сака да го признае детето, уз пат си има жена и деца и не го интерсира за тебе. Имаш избор да абортираш и да го продолжиш животот што нема да е лесно, ама е некоја опција. Да го родиш и гледаш како самохрана мајка и да си ќутиш Да го родиш и да водиш битка со биолошкиот спермодонор да извлечеш барем некои без везе пари кои веројатно нема да ги плаќа а ќе се маткаш со години по судови и повеќе пари ќе потрошиш на лекови Не сакам ни да навлегувам за колку "нормален" е животот во сите други свери на постоењето. Зборевме за мачо мен швалери што им абортираат љубовниците
МНогу е контрадикторно феминистка и тоа прилично радикална, да тврди дека жените без партнер треба да абортираат пошо не се кадарни сами да изгледаат дете. Од една страна мажите се говеда, од друга, тоа говедо според тебе е неопходно за да се изгледа едно дете.
Глупости... Две лица можат да преживеат со 20 илјади во Македонија. И самохрана мајка со дете може да има нормален живот.Со знаење и снаодливост се доаѓа до успех. И не е искористување на жената кога самата сака да биде сурогат.Некоја го прави тоа за пари,друга пак може и од што сака да усреќи некого.
@DAngel жити се'. Ливинг прилично добро објасни, може бе у 8ми месец да "абортирам" нели? Случајно мислиш дека е нелегално? Или у 8ми месец не е грст клетки, ами цело бебе кое чувствува болка? Тоа што некоја на црно "ќе абортира" во 8ми, не значи дека треба да е нелегален абортусот. И не постои медицинска процедура, лек, кој не може да се злоупотреби. Ако пиеш редовна терапија, знаеш, можеш да ја злоупотребиш против себе или некој друг. Тоа не е причина да не постои редовна терапија, за месец, два, три. Паралелата со Хендмејдс Тејл нема ни допирна точка со темава. Тргнувајќи од догмата која е важна во филмот; па до присилата. Сите сме "присилени" во сиромашните земји. По своја желба не би работела - морам. Не си го продавам баш телото, ами умот. Јбг. На крајот, која си ти - или јас - да и' кажеме на било која жена што да прави со себе?
Кој рече дека сиромаштијата е екцес? Ти дали воопшто сфаќаш што сакам да кажам? Мислев на моментите каде "нарачателите" се премислуваат. Инаку што е проблем ако го прават за пари? Нивна работа! Не се присилени!