Многу ти се радикални ставовите, ама ти ја разбирам поентата. Тоа ти што го очекуваш е еволутивна промена, не е нешто што моментално може да се види.... за мнозинството. Иначе, не можеш да го убрзаш процесот.. знаеш.... Ама добро е што има и такви кои како тебе размислуваат. За да натега социјалната вага порамномерно. --------------------------- Сите сте во право и никој не е во право.
Дали некој знае што како треба за да се започне постапка за сурогат мајка, успеав да најдам информација само дека треба писмено барање во министерство за здравство (јас и без говедо можам да се грижам за дете)
Приклучи се на групата за ивф на фб, ќе ти дадат инфо: Здружение до бебе по патот на ивф. Само не те сфатив, не можеш да родиш или нудиш сурогат?
Прееска налетав на веста и искрено се изненадив од себеси колку елитистички и entitled ми звучи, посебно со контекстот како само родителиве да се најоштетени. Не знам, не сакам да звучам радикално, али стварно темава ко да е покомплексна отколку што генерално сте ја направиле. Лично не би сакала да сум сурогат мајка, а и да посакам во иднина деца, не можам да се замислам во ситуација да побарам/„купам“ таква „услуга“ од друга жена, нејзиното тело и психа. Да, ме разнежнуваат и ми се прекрасни оние приказни со сурогатство како огромен семеен гест, на пример кога мајка раѓа на ќерка со проблеми со неплодност или пак на син геј со својот партнер, каде не само што е благородна жртва за свој близок туку плус на крај сепак и сурогат мајката која ја износила таа бременост останува да си го гледа тоа дете во истото семејство. Додека платеното со непозната сурогат мајка која не смее никогаш ниту да го види детето... искрено не можам да речам дека го разбирам тоа од свое етичко и емоционално гледиште. Секако нели, има и многу светски јазици што не ги разбирам што се вика, кои сепак не ги негирам , и оставам простор и тука дека може да е поинаков избор. Ама ова со најмувањето жени од апла доста посиромашни држави и средини од преку океани... слободно ќе речам дека дефинитивно не ми е во ред, и не треба да е контроверзно или „затуцано“ да се обрне внимание на тој аспект од темата - напротив, не е за занемарување
Ехее какви приказни има: посвоени, деца со инвитро, од донор. Исто е. Желбата за дете е преголема, кога не можеш да имаш свое бараш помош од друг(а). Тоа не значи дека секој што има дете го бива за родител. Тоа не е затуцано? Секој со своето, поддржувам све што ќе помогне да се добие дете. Дури имам кажано на најдобра другарка дека би родила нејзино зашто имаше проблеми да роди. Ама еве сега јас не можам да имам мои па ќе одам со донор. Желбата е преголема, така и со сурогатство.
И ти пак само на оние кои имаат желба за дете мислиш „Желбата за дете е преголема, кога не можеш да имаш свое бараш помош од друг(а). “ Онаа што го родила не е никако битна во равенката, нели? Само желбатадасе има дете е битна, по секоја цел.
Таа што го родила, во случајов сурогат, нема са се нафати ако не сака да го даде. Не дај боже да дојдеш до тоа да ти е битно само тоа да имаш дете, затоа отвори го светогледот малце. Секое добро
Нема да се нафати ако не сака да го даде? Никој не ја прашува дали сака да го даде, нема опција да се предомисли, нема опција на абортус по нејзина желба, нема ништо во следните 9 месеци. Само го роди и го предаде. Мојот светоглед е арен, на други теми плачете за губење деца во 9ти месец, тука ви е арно кога едноставно ќе ги дадат во раце на некоја како вас.
Другата се нафатила на тоа за дебела дебела сума на пари. Нејзе детето не и е битно баш. Една страна сака пари, другата дете. Едноставно е.
Чист капитализам, нели? Тогаш, кога веќе знаеме дека се сѐ купува со пари, за колку би го продала ти твоето дете? И немој да кажеш дека не би го продала никогаш, штом сѐ може да биде продукт, тогаш сѐ и има цена, само што никој до сега не ти понудил доволно.
Значи неможев да издржам да не се вмешам Ти дали го разбираш поимот сурогат мајка ? Ако не разбираш едуцирај се прво после суди Сурогат мајката НЕ Е биолошки поврзана на никој начин со детето што го носи ембрионот е на биолошките родители на тоа дете Според мене да споредуваш загуба на дете во 9 месец или било каква загуба на дете е несфатливо во оваа тема Секој кој што сака да има деца ке ја помести земјата за тоа и многу е глупаво и невоспитано од некој што кој нема познавања од темата кој има и негативен пристап кон истата да биде осудуван за одлука која верувај не се носи така лесно Недај боже да осетиш на своја кожа како е да немаш деца за да не разбереш
Боли кога се збори за ваше дете, а? За она што вие сте го носеле 9 месеци. Боли до толку што на друга еќ и посакате да не може да има за да ја почувствува вашата болка? Нека е... Секој пат кога помислите на сурогатство нека ви текне дека дете се дели од жената што го носела 9 месеци во стомак.
Devojko jas sum po prv pat bremena po 15 godini obidi i ova ne i go posakuvam na nikoja zena na nikoja I jas nikogas ne ti posakav da ja dozivees ovaa bolka Od kako mojata bremenost ke zavrsi se nadevam so zdravo i zivo bebence vo moite race dokolku mozam da i pomognam na nekoja zena da stane majka ke go storam toa bez razlika dali e so doniranje na jajcekletki ili so surogat majcinstvo i navistina go mislam ova
Не би го продала, бидејќи јас сакам дете не сакам пари. Така да не ме интересира колку ќе ми понудат. Инаку да, има и луѓе кои што би го продале детето. Приоритети.
Капитализам е @ocicka2014 Ако веќе е капитализам и е во ред продавање на деца, не заборавај дека се има своја цена. Можеш ти колку сакаш да викаш дека не би го продала. За тие жени таа цена е многу помала отколку за тебе, ама не можеш да негираш дека и за тебе постои. Т.е. можеш, ама го негираш главниот принцип кој го застапуваш: „се е на продажба.“
Не велам дека нема цена. Туку само дека не би го продала. А би го купила Факт е дека се може да се купи со пари, освен здравје во некои ситуации. Не за џабе викаат што не можеш да купиш со пари, можеш да го купиш со многу пари. Така да ова ми е сосем нормално сурогатсвото.
Што се мене тиче комерцијалното сурогатсво треба да се казнува и да се забрани. Таквото искористување на младите сиромашни жени е страшно, се третираат ко крави за приплод. За алтруистичкото исто така имам многу морални дилеми но ако во краен случај сурогат мајката е спремна на таков чекор шо знам, можеби е океј. Имаше дешавка каде што мајката раѓа дете на својата ќерка која што не може да го има по природен пат.