Јас пред малце слушнав најава дека само за парови кои неможат да имаат деца важи. Тогаш ок, како што пишав погоре поддржувам целосно вакво нешто, затоа што навистина некој многу сака да има деца, а не може и ова им е добра шанса. Секако тоа би требало да биде правно средено зошто секакви луѓе има. А иначе погоре пишав за други случаи кога жената не сака да роди, а може да има деца и има добро здравје.
Ова болдираниов дел посебно ме заинтригира. Нели сурогат мајка е жена која што носи плод од друг брачен пар т.е детето генетски припаѓа на други родители а сурогат мајката само го носи бебето? Или јас сум грешка?
Кај парови кои не се компатибилни, а и двајцата можат да имаат деца тогаш генетски припаѓа на брачниот пар, а сурогат мајката само го носи бебето, не е нејзино. Аме има нешто што не го разбирам како иде. Да речеме дека брачен пар неможе да има деца, односно еве пример жената не може. И сега како?
Штрумфета е неинформирана. Точно дека сурогат мајката само го носи плодот, се зема јајце клетка од жената и сперматозоид од мажот, тоа дете нема да има никаква особина од сурогат мајката. И ова е добро, нели ако се најде некоја што ќе прифати да биде сурогат. Имам читано дека мајка била сурогат на својата ќерка која долго време се мачела да затрудни и така си го родила своето внуче.
Зависи од која причина не може. Најчесто проблемите со плодноста кај жените потекнуваат од матката, поточно оплодената јајце клетка не се поврзува со ѕидот на матката и затоа не настанува бременост, иако има плод. Има репродуктивни проблеми каде не созреваат јајце клетките (нема менструација), па со вештачки хормони се стимулира нивен развој и се земаат директно од јајниците. Ептен ако жената не може никако да произведе јајце клетка, само тогаш дефинитивно од нејзе не може да се создаде бебе. Ама ако причината заради која не останува трудна е надвор од јајниците, секогаш има начин, како на пример со сурогат мајка.
Одлична е идејата, ја поддржувам, и нормално, доколку е од здравствени причини. Но мене ме загрижува непто друго. Во некои земји ова е нелегално, а на сурогат мајката и даваат многу пари за услугата, кај нас таа една година ќе зема 20 000 денари месечно. Но дали јас какао мајка, ке знам и ке бидам сигурна дека таа сурогат мајка внимава на своето здравје додека го носи моето бебе? Дека на пример, сум го чекала со години, и кога имам шанса да имам дете, и и го вгездуваат на жена која за кеш го прави тоа, таа ќе биде способна да живее здраво? Трудниците се специфични, не смеат да пијат секакви апчиња, да настинуваат, да фаќаат вируси, да прават не знам уште што (од памет си трескам). И сега јас ја гледам таа мајка со моето дете во стомак како се полни со сендвичи од Седмица со многу калории и маснотии кои се штетни, како пуши цигари, пие алкохол, работи што јас не би ги правела кога знам дека е мое дете. Не можеш да и го вратиш ако не чини И еве да и прерачам...Во смисла, храни се здраво, слушај Шопен, пиј само обична вода, не голтај Кока Кола, јади моркови, не пача...и она ке ми рече треба кеш за тоа. И јас ке треба екстра, како додатна сигурност за моето дете да и давам пари екстра за да се храни подобро. И да ја контролирам дали евентуално има секс со кондом, оти може да закачи болест што ке му направи проблем на бебето. И милион прашалници се тоа што ке ми нашравам, барем мене хаос. како човек од ова да се заштити?
Сакам да прашам дали некоја од вас некогаш би прифатила да биде сурогат мајка, односно, вие да го носите детето на некои други луѓе кои не ги познавате? Јас лично, би носела туѓо дете но само ако ги познавам родителите и ако имаат добра причина за тоа. Не ви текнало дека постојат жени кои не сакаат да си ја расипат фигурата а сакаат дете, па решението им е сурогат мајка? Со врски, лесно се постигнува тоа доколку овој закон се донесе овде. Затоа, оваа идеја ја поддржувам само за оние кои не можат да имаат деца и тоа за да дојдат до сурогат мајка да им требаат цврсти докази дека не можат да имаат деца или на место да ги испитуваат. Оваа идеја треба да се реализира на најдобриот начин. А не само ДА за сурогат мајка или НЕ за сурогат мајка.
Со оглед на тоа дека една феминка се дзнеше да ме инавреѓа во ЛП врз основа на мој став и мислење, а со цел да не бидам нејасна за останатите, би сакала да прашам, дали вие доколку морате да имате сурогат-мајка, ке се грижите за неа(евентуалните болести кои би му ги пренела на детето за време на бременоста) или 9 месеци ке бидете незаинтересирани за нејзиното однесување, знаејќи дека бебето во неа е ваша јајце клетка и сперматозоид на вашиот сопруг? Иначе, јас би била сурогат мајка и без надоместок, ако се работи за некој кој ми е близок, да речеме мојата најдобра другарка. И да, ке се однесувам кон бебето(читај кон себе) како да е мое, бидејќи не би сакала по моја вина(цигари, дрога, алкохол, заразни болести) да бидат причината бебето да се роди со маана. За надоместок, на непознати дете...па мислам дека не.
^ Па нормално веќе ако ти е дадена таа улога на сурогат мајка дека ќе се грижиш за детето како свое. Не ти ги даваат парите за да правиш што сакаш со себе и бебето. А некоја да ми го носи детето (што тоа во мој случај не дај боже би била блиска личност) секој ден би се гледала со неа или би ја прибрала во моја куќа и јас ќе се грижам за неа. Многу нормално дека ако не го носам јас, пак би го пазела како да е во мене.
Претпоставувам нема да и даваш да пуши, да пие, да се дрогира, да има незаштитен секс за да се заштити од полови болести, да јаде штетна храна...
Имам многу пати размислувано и читано доста за ова. За мене ова е исто така ок и прифатливо како и ин витрото. Едноставно убаво е што медицинава отиде напред па многу луѓе кои од разни причини не можат да имаат деца се одлучуваат на ваков чекор. Замислете само пред многу години како било кога не постоеле овие работи. Тие што не можеле да имаат деца, едноставно тука завршувало се' и крај, си останувале без потомство, немало што повеќе да се направи. А сега сето тоа е многу олеснето, иако сепак ќе кажам дека на крај се' останува на Божјата волја. Медицината може да оди многу напред ама некогаш нешто кога не сака да биде, не сака и готово. Како и да е целосно ги поддржувам ова, само ако е направено со причина. Не поддржувам геј бракови каде што доаѓаат до деца преку сурогат мајка. Тоа не. Не поддржувам. Зашто тоа е на некој начин злоупотребување. Само мене секогаш не ми било јасно една работа. Штознам, јас сум се' уште млада, дете здравје Боже по планот можеби ќе имам за едно 7 години и не знам како е да се има во себе уште еден живот ама според тоа што сум го слушала и што имам и тука читано по темиве нели таа жена што го носи тоа дете, односно сурогат мајката се поврзува со тоа што е во неа? Зарем не го чувствува тоа бебе како свое? Па нели таа го носи, нели го чувствува во неа, нели го чувствува секое негово движење? Чудно ми е малку тоа. Зарем не и' проработува мајчинскиот инстинкт кога ќе го види тоа мало срценце како чука на ехо? Знам дека тоа бебе не е биолошки нејзино ама сепак она го носи. Начинот на зачнување според мене па и не прави некоја разлика се додека таа го носи девет месеци и го раѓа. Не знам, мене овие прашања малку ми се нејасни. Ама зависи и од самиот карактер на личноста. Некоја ќе го прифати тоа само за пари. Ќе го носи, ќе го роди и ќе го даде на неговите родители како ништо да не било и нема ни да допре до неа. Јас лично не би прифатила да бидам сурогат мајка некому. Баш поради сите тие работи што погоре ги наведов. Знам дека премногу би се приврзала и би го чувствувала како свое дете. А и како не би го чувствувала како свое кога јас би го носела девет месеци и јас би го родила. Да го носам девет месеци, да се мачам да го родам и дома да си се вратам без тоа суштество што било во мене до пред два, три дена. Уфф, не, не, не, јас дефинитивно не сум за ова. Ќе фатам негде џенем со се него. Нема да ме најдат. Тоа ти е како да си родиш дете и да го дадеш на посвојување. Јас така гледам на работава, можеби грешам, можеби кога знаеш дека не е твое нема да чувствуваш ништо, ама сепак, за мене лично е ризик. Иако поддржувам со цело срце.
Доколку некоја жена може да роди и да остане бремена тогаш зошто да се бара сурогат, искрено сум против оние кои бараат сурогат мајки за нивните деца со цел да го зачуваат своето тело, форма.. Исто мислам дека не е иста возбудата кога ќе го видиш бебето како излегува од тебе и како ти го даваат од сурогат. Но, ако некоја жена не е во состојба да раѓа и неможе тогаш е во ред да се проба и оваа опција за да има сопствено дете. И за тоа дали јас и би прифатила да бидам сурогат, Не ! ( тоа би било на некој начин како да го даваш твоето дете, тоа секако е во тебе 9 месеци без оглед на тоа чив е “материјалот“ )
http://www.dailymail.co.uk/news/article ... ehind.html После оваа ужасна сторија,човек треба да се запраша дали покрај оние на кои навистина им стало до деца,преку сурогат мајка ќе се провлечат и еден куп монструми... На кратко,австралијанец и азијатка се биолошки родители.На жена од Тајланд или незнам точно и плаќаат да ги роди нивните две деца.По раѓањето женското гоземаат а машкото гп оставаат зошто имало даунв синдром.И најгрозно од се е што биолошкиот татко е регистриран сексуален престапник за 22случаи на секс со девојче од пет годин.... па кај отиде светов.
ВЕОМА САМ НЕСРЕЋНА ШТО НЕМАМ ДЕТЕ. ИАКО САМ У ГОДИНАМА (,ЈА И МУЖ 50), ВОЛЕЛА БИХ ДА НЕКАКО УБИЈЕМО ТУГУ... ТАКО ТРАЖИМО СУРОГАТ МАЈКУ . Да ли је нека жена Заинтересована да буде сурогат мајка , наравно уз извесну материјалну накнаду и одговоран однос према сурогат мајци. поздрав
Некаде слушнав дека неплодноста на жената е казна од Господ. Дека ако некоја жена не може да забремени, тоа е од Господ. Едноставно тој не и ја дал таа дарба. Тогаш зошто постои вијагра за мажи на кои Господ не им дал во некои случаи да го искористат она што го сакаат? Јас сум ЗА сурогат мајчинството.
И јас сум заинтересирана за ова во последно време, ова е последно што се слушува на оваа тема http://www.akademik.mk/za-ili-proti...o-otvora-prashaneto-za-ragane-na-dete-za-drug
bas me raduva sto i kaj nas se probuduva svesta,jas licno imam napraveno 13 inf(vestacki oploduvanja) ne samo vo mk nego vo grcija. avstrija, germanija..no za zal ne uspeav, mislam uspeav da zabremena no po kratko vreme no nemav sreka da gi donosam mozebi e proglemot vo matkata,i toa sum uspeala vo plodnos kaj dr.tase,no za zal nisto pa duri i mojot zivot se stavi vo takva opasnost ,sto malku falese da go izgubam se operirav od sepsa pa uste 3-4 poteski operaci,ali nisto ne mi bese bitno i onaka moj zivot bez deca e prazen,koga bi uspeala da najdam surogat majka,neznam sto bi napravila za nea.zato sto ovaj cin nema cena toa e mojt zivot toa e mojata sreka,se prasuvam dali moze toa da se plati, gi podrzuvam i pozdravuvam site hrabri i humani zeni.
Синоќа баш гледав една емисија за сурогат мајчинство. Брачната двојка беше од германија. жената 54 а мажот 48. После дводецениска борба со неплодност се одлучиле на овој чекор и имаа најдено една девојка од Украина. Две прекрасни девојченца преку царски рез беа донесени на овој свет и новопечените родители со целосната документација си ги донесоа во германија кратко потоа. Начинот на кој и се обраќаа и ја гледаа девојката зрачеше од љубов, топлина и благодарност. Девојката делуваше истотака задоволна од целото искуство и рече дека не ја исклучува шансата ваква среќа да и донесе и на друга двојка. Меѓусебно контактираа на англиски, а за време на бременоста контактот бил интензивно одржуван преку скајп. Неколку месеци покасно ја посетија двојката во нивниот дом. Беше уште еднаш медицински потрвдено дека девојченцата се во одлична здравствена состојба а родителите веќе уходани во секојдневните активности со нив. У секој случај беше убаво да се види дека еден така долг и трнлив пат до бебче заврши на најдобар можен начин.