Немам апсолутно никакви дилеми или нешто против инвитро или донор, али не ми е баш исто со ова. Не ми е исто донација на полови клетки, со поминување 9 месеци од животот со сите ризици, физички тегоби, хормонални промени и психичка ранливост за на крај да не смее никогаш да го види детето и да се сведе тоа на платена услуга. Можеби зашто погледот кон бременоста како процес не ми се поклопува со оној нормативниот низ розови очила за ризиците и потешкотиите за жената... првенствено за самата себеси, но и би била себична ако ко таква помислам сите тие потешкотии на друга жена да ги префрлам. И да, не можам да изедначам ни со донација на органи, пошто извинете ама немање дете е далеку од животозагрозувачка состојба. А посвојувањето веќе родени напуштени деца баш секогаш ќе ми е многу поблагородна опција за тие што не можат да зачнат по природен пат.
Случајно се зачитав горе се спомнува за желбата за дете, за која ми е јасно дека кај многу луѓе е многу силна животна желба. Сепак, сурогатството не потекува од желбата да се има дете, туку од желбата да се има биолошко дете. Зошто и човек без биолошко дете може да е родител, а и обратно, биолошки родител што не е дел од животот на своето дете, не може да се нарече родител во целосна смисла. Гледано од морален аспект, искрено не можам да кажам дека имам многу црвст став на темава, зошто прилично тажно ја доживувам и неможноста да се има биолошко дете, а и откажувањето од дете кое си го носел 9 месеци, па макар и да не е биолошко. Ова е гледано од моја призма, зошто не можам да се ставам на место да прифатам да се откажам од детето кое сум го носела, иако не е биолошко мое. Освен случаите каде тоа дете останува во семејството, не можам да видам вин-вин на двете страни. Лично (без да осудувам други) тешко би се нафатила да добијам дете преку сурогат мајка. Доколку планирам дете со партнер, тешко би се нафатила и на донор, зошто не би сакала детето да е биолошки само на едниот, ми нема баланс. Повеќе би размислувала кон посвојување, зошто мојот став за посвојувањето е дека е прилично благородна работа. Иако и за посвојување самата процедура е макотрпна, бирократска и долга, но крајниот ефект ми е многу благороден.
Па да де, го прават тоа за пари. Затоа реков дека се нафатила. Можеби тебе не ти е сфатливо, ама и донорот го прави тоа за пари. За тој што нема да може да има. Мене ми е некако исто: сурогат, донор и посвојување.
Уште се контраш за ова? Никој сосила не ги тера да бидат сурогати,easy money им се,зошто упорно ги претставуваш како жртви?
Ни едно дете не заслужува мајка која мисли дека децата може да се купат. На страна тоа дали ги претставувам како жртви или не, од една страна се болиш со неплодност, на друга доаѓаш да напаѓаш некој што е против трговија со деца. Многу сте entitled, можеби треба да научите дека имањето дете не е право гарантирано со закон, не е нешто што мора да го имаш по секоја цена туку е и треба да биде чобекова слобода.
Не. Оправдувам "купено" дете на доброволен начин, тоа значи дека жената се понудила да го носи во себе или да ги продаде своите јајце клетки. Трговија со деца е друга гранка, тука има многу работи што се дешаваат не по воља на едната страна. А ова е оправдана работа од кои корист имаат двете страни.
Како не, друга гранка. Баш скоро имаше еден случај во Македонија кај што мајка си ја продала малолетната ќерка во странство. Исто ти е, мајката добила што сакала, оние што ја купиле добиле што сакаат. Ако ги игнорираш чувствата на ќерката - од тоа гледиште тие две страни се пак задоволени. Ако свесноста на суштеството кое се продава е сѐ што е разлика, дали тоа значи дека е во ред да тргуваме со личности што не се свесни за тоа? Луѓе со пречки во развој, луѓе со ограничени способности... Каде е границата? Човечко суштество не смее да биде дел од трговија.
Нели "мое тело мој избор"? Ако некоја се согласи на давање ваква услуга и ѝ се прифатливи условите кои се налагаат а притоа е свесна за ризиците, нема што некој друг да ѝ кажува дали е тоа лошо за нејзе или не, затоа што знае во што се впушта. Сурогат мајката ќе го добие тоа што го сака од материјален аспект, а семејството детето.Договор со взаемна корист.
Споредуваме сурогат со некоја швркната што и текнала после 12-15 години да си ја продаде ќерката. Две различни работи се. Едната е регулирана со закон, другото е постапка на ретардиран родител кој може да одговара за постапкава.
Каде е легално? Официјален став н Европската унија е дека комерцијалното сурогатство е кршење на женските права и трговија со деца. Има држави што одбиваат да ги заведат децата родени преку сурогат. Се повеќе и повеќе ќе се прават активно напори да се забрани сурогатството. И ќе биде. И во држави кај што беше дозволено се укинуваат законите. Буквално само Украина ќе остане. Ако Украина ви е пандан за рај на земјата во однос на човечки права, слободно. Што да ви кажам. Шпанија не регистрира деца родени преку комерцијално сурогатство. Во Германија мајка е законски таа што го озносила детето и никоја друга. Легално, мај ес. Нема веќе што да дискутираме. Очигледно вие сте тие што не знаете што зборувате. Ајде, кажете ми пак да се "едуцирам" Легално било, лол... Има држави кај што продажба на деца е легална исто така. Има држави кај што малолетнички бракови се легални. Полигамија е легална, силување и каменување се легални, женско генитално сакатење е легално. Дали тоа што тие работи се легални некаде го оправдува нивното постоење? Ама легално е... Да, легално е во земји на кои и онака не им е гајле за човековите права
Аха да сигурно ќе го забранат. Медицината е толку напредната, што може ова да се забрани само ако се најде некој друг начин за "правење" деца на пример во вештачки стомак. И на крај нешто што тебе ти е чудно и не легално во друга држава е и обратно. Нормално секаде ќе има луѓе што тоа нешто го подржуваат или не го подржуваат. Не мора да значи дека ако твој став е дека не е во ред тоа да биде така и во цел свет. Тоа е твое мислење и ништо повеќе, како што ова е мое мислење
Леле кои сфаќања Ова за кое зборувате се вика гестациски носител. Очигледно со причина. Додека вие тука разговарате за дали и како, светот е милион чекори пред нас. Не само во наука, туку и во размислување. Пред некој ден колешка од САД (пензионирана, 70 години), сподели на фб дека синот и снаата чекаат бебе од гестациски носител. Парот сам си објавил на фб дека чекаат бебе, кое заради здравствени причини на мајката ќе го "носи" друга жена, ама бебето е биолошки нивно. Имаа многу симпатично боденце - made with love and science Додека вие тука со затворен ум дискутирате за дали или не, 70 годишна жена е горда дека ќе биде баба на внуче добиено на овој начин.
Дали мое тело, мој избор е апликативно и на проституцијата? И зошто на пример истата во Холандија е легална како трговска дејност, а комерцијалното сурогатство не е? Акцент на комерцијално.
Девојката една страна поназад има напишано дека не може да роди. Не е лошо да се размисли дека има причина зашто прашува за сурогат, пред да се даваат предлози дека може сама на "вештачко" да иде. Прашањето нејзино и повеќе од јасно е.