Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,3%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    19,0%
  3. Не, никогаш

    143 глас(а)
    64,7%
  1. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    На нас ли остана да кажуваме кој што да прави во својот живот?
    Нејзина одлука си е тоа. Опции си има. Што ќе избере е САМО нејзино право.
     
    На Dust, tinka-mace, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Никој нема право да купува друг човек. Сурогат мајчинството според европска комисија е повреда на правата на жената и трговија со деца.
    Да се има дете на крај краева не е човеково право.
    И силувачите кога силуваат сметаат дека имаат право на секс, па затоа силуваат. Контрола над туѓо тело не може да биде човеково право.
     
    Последна измена: 21 август 2020
  3. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Јас купување и трговија со деца не прочитав никаде. Зошто е тема на муабет?
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Реченицата точно почнува со "сурогат мајчинството" значи не е трговија на деца тема на муабет, сурогат мајчинството е.
    Тоа што не сакате да читате работи кои не ви одговараат тотално не е мој проблем.
     
  5. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    http://zdravstvo.gov.mk/upatstvo-za...potpomognato-oploduvanje-surogat-majchinstvo/
    Каде пишува трговија со деца?
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Никаде не пишува "според Македонското министерство за здравство".
    Европскиот парламент во 2015 и наложи на Европската комисија да изготви права, прописи и процедура кои ќе ги заштитат децата родени во постапка "сурогат мајчинство"
     
  7. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    http://dszi.gov.mk/wp-content/uploads/2017/12/ЗАКОН-ЗА-БИОМЕДИЦИНСКО-ПОТПОМОГНАТО-ОПЛОДУВАЊЕ.pdf

    Читај си кога ќе имаш време. Јас во Македонија живеам. За мене ова важи.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сѐ ми е прочитано. А ти слободно читај си само тоа што ти одговара.
    Во Македонија сурогат и онака е само алтруистички, па пак знаеме за Македонци кои "правото на дете" си го оствариле преку сурогат во Украина. Ако сѐ што е битно е како е законот во Македонија, слободно нека со бара сурогат жената, освен ако не е некој ептен близок - никој друг нема да и се нафати.
    Ама нели, само што кажува Македонија е битно, па никако да не помислува да отиде во Украина да најми сурогат :D
    Слободно живејте си во илузијата која сами си ја создавате, во свет во кој сте вие богови и имате апсолутно право на сѐ што ќе посакате, па дури и контрола над друг човечки живот.
     
  9. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Како те читам ќе почнам и јас вака да размислувам, од недостиг на време за нешто да прочитам. Не го кажав саркастично.

    Гледам дека имаш информации и познавања доста на темава па ме интересира дали жениве што го носат детето се доброволно пријавени или некој ги присилува на тоа.

    Кажав уште кога се отвори темава, имаме другари кои добија вака дете од Украина, ама темата им е осетлива па не можам да ги распрашувам. Само еднаш сами излегоа со инфо дека женава као земала 30% од сумата што ја платиле.
     
  10. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Ако ти мислиш дека сурогатство е најголемиот грев на светот, слободни мисли си. Твое право е. Но апсолутно не е твое право да кажуваш некому дека треба да посвои, само затоа што ти мислиш дека е криминал, трговија, злоупотреба итн.

    Прашањето на девојката беше дали може да почне постапка за сурогатство ако не е во брак, а не ние да и солиме памет дали тоа се коси со не знам што од Европска комисија и да кажуваме дали треба да посвои или не. Законот тука дозволува постапка за биомедицинско потпомогнато оплодување со гестациски носител, под услови точно дефинирани во правилник. Дали некој и кој ќе и се нафати на ова исто не е наша работа.

    Конкретно за прашањето @BojanaS1 ова најдов:
    „Брачна двојка која бара поведување на постапка на БПО со гестациски носител“ е брачна двојка која исклучиво е заедница меѓу една жена и еден маж кои се во брак.

    Но прочитај подетално во линкот што го поставив погоре. Се е објаснето.
     
    Последна измена: 21 август 2020
    На Kaja991, cresa-jagoda, Маја Т и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.200
    Допаѓања:
    148.382
    Пол:
    Женски
    Јас се нафаќам да бидам сурогат мајка. Зашто да не.
    Ако износиш дете некому не е трагедија.
    Напротив. Добро дело е.
     
    На Dust, tinka-mace, Pixi5 и 11 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    А ти правиш разлика од сурогатсрво од типот на Украина к тоа што го пропагираш вс. Гестациски носител?? Едуцирај се, па шири ја темава.
     
    На LadyC и Nade-sunrise им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Зависи од клиниката. Некои земаат 30%, некои и помалку.
    Колку што знам на родителите не и е дозволено да ја контактираат сурогат мајката, да не дојде случајно да добие нешто на страна, или да дознае колку навистина добива, или за услови... Контакт помеѓу родителите и сурогатот е строго забранет.
    Ги присилува сиромаштијата, тоа се сиромашни жени од Украина кои живеат во најсиромсшните села и горе долу опции им се или проституција или сурогат. Сурогат е "почесниот начин" оти не си "курва" плус алтруистичкиот момент, дека помагаш некому да е среќен.
    Проблем е што ти како сурогат, од моментот на оплодување губиш контрола над своето тело. Буквално 24/7 ја работиш "работата" на сурогат. Целата контрола над твојот живот е на клиниката и на идните родители. Ти не смееш ништо да одлучиш. Ако речат родителите абортирај - ти го абортираш. И тоа е тоа. Ако речат родителите носи го до крај, сѐ ќе се направи да се спаси тоа бебе, дури и животот да ти е во опасност. Тука има еден трик, сите медицински трошоци ги покрива клиниката до моментот на породување. Штом се роди детето - сета здравствена нега што може да ти биде потребна оди на твој трошок. Ме дај Боже да има компликации или да заглавиш во болница - можно е парите по болници да си ги оставиш. Ако имаш спонтан, ако парот се одлучи да абортираш, добиваш очи ништо или некоја ситница (200-500 евра ли беше) и нормално, здравствената заштита ти прекинува во тој момент.

    Сето ова на страна, да речеме дека мајката знаела во што се спушта, се нафатила, (иако често ни тоа не е точно, ама да речеме дека сето тоа е најсјајно), најголем, ама најголем проблем се законските регулативи кои осигуруваат дека тоа дете ќе биде на родителите кои платиле за него. Така, гестацискиот родител никаде, ама никаде не фигурира како родител на тоа дете и нема никакви права. Тоа дете не е Украинец, туку мора да биде заведено во државата од која доаѓаат родителите. Често (многу почесто од што мислиме) се случува родителите да не подигнат дете, и најчеста причина за тоа е затоа што детето има некој генетски дефект, некој недостаток, има "посебни потреби". Не е лесно да се грижиш за дете со посебни потреби, па така многу од тие деца остануваат напуштени, едноставно "родителите" одбиваат да ги подигнат. Тие деца се изгубени за системот, немаат државјанство ми од една држава, немаат родители, немаат ништо. Тие се деца напуштени од системот и дел поради тоа, дел поради закони заостанати уште од СССР кои викаат дека родителите во секое време можат да ја предадат грижата на децата на државата - сиропиталиштата во Украина се полни со деца со посебни потреби. Ама преполни.
    Да оставиш дете и да немаш желба ни да го видиш, ни да го признаеш за свое мене ми е монструозен чин и никој нема да ме убеди дека ако некој сакал дете и бил спремен сѐ да направи за него, едноставно ќе го остави кога го добие затоа што не е совршено.
    Во Америка еден обид за ин витро кошта колку сурогат од Украина. Што има воопшто да се мачи и да чека. Си нарачаш и си добиеш бебе. А клиниката гарантира бебе. Ќе ги трујат жените со хормони за да зголемат шанса за оплодување, ако случајно не успее кај една ќе пробаат кај друга, ти буквално плаќаш бебе. Не е битно што се случува во позадина, колку бремености има зад тоа твое плаќање. Ти даваш пари и добиваш бебе. Тоа е горе - долу сѐ што добиваш од информации. И ако решиш дека едното не ти било добро - секогаш можеш да пробаш за друго.
    Сега околу пандемијата, имаш и друга приказна. Куп деца кои чекаа на нивните "родители" кои не можеа да ги подигнат заради забраната за патување. Колку од нив нема ни да ги подигнат сега? Колку ќе се откажат затоа што тие деца до сега растеле без нив, а тие сакале бебе, новороденче, не некое што веќе почнало да расте.

    Многу држави преземаат секакви мерки да ги спречат своите граѓани да одат по сурогати во Украина (а во Украина одат оти скоро секаде на друго место е нелегално комерцијалното сурогатство). Шпанија на пример, не им дозволува на родителите да ги заведат децата како свои. Колку е тоа праведно, не знам. Пак се децата оштетени оти тие деца се веќе родени, ама ако постои законот и ако вика дека детето нема да ти биде заведено, што поѓаволите бараш дете од Украински сурогат? Помисли ли како ќе му биде на тоа дете? Мислеше ли за негово добро или само за твое?
    Ептен ми е трауматична целата приказна околу комерцијалното сурогатство. И мило ми е што гледам дека колку - толку има кај нас луѓе што сфаќаат колку е штетно истото. Оти, ако проба Србија да го комерцијализира - ќе проба и Македонија, а тогаш треба да бидеме информирани и да знаеме што точно значи тоа.

    Ако те интересира само кажи што сакаш, имам и документарци, и книги, и статии. А можеш и сама да најдеш сѐ што те интересира, доволно е на Јутјуб да идеш, куп и видеа и документарци има, и тоа не од било кого, од фини и потврдени извори.
     
    На cresa-jagoda, theowndemon, LadyR и 2 други им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И ти не знаеш да читаш. Види што сум напишала :)
    Со едукација очигледно во прво одделение сте застанале ;)
     
  15. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    Фала Дангел, некои работи ептен ми се кристализираа. И од друга страна ако гледам, и ги гледам сега пријателиве, кога човек е спремен да искешира 40 илјади евра само да има свое дете, а друг да го носи, мисли дека може сѐ да купи со пари. Ама тоа е друга тема.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Не можам да кажам дека сум против сурогат, сум чекала 6-7 години да забременам и секакви мисли и опции ми поминале низ глава. Ама си замислував дрка жената, ако не доброволец од семејството би била од тука... Сепак менталитетот овде е таков ретко или воопшто не се нафаќа жена да носи дете на непознати. И условите се ограничувачки како што читав тогаш треба да е на одредена возраст и да има веќе родено. Мала државичка сме. Доколку на пример сестра ми не можеше да има дете, со задоволство би била сурогат.
     
    На cresa-jagoda, naturallmess и LadyC им се допаѓа ова.
  17. manako1

    manako1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јули 2016
    Пораки:
    3.473
    Допаѓања:
    67.045
    Пол:
    Женски
    Моја познаничка доби дете преку сурогат мајка, не сум сигурна дали се спаѓаше во цената само знам дека платија 23000 евра. И си беа цело време во контакт со сурогат мајката и отидоа таму можи месец дена пред да се породи, живееа во хотел и присуствуваа за време на пораѓајот.
     
    На Dust, cresa-jagoda, LadyC и 3 други им се допаѓа ова.
  18. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.696
    Пол:
    Женски
    Вака сега не е во ред да се катекоризира работава , не е во ред низ цела тема да се вртиме во круг. Малку да се поедностават работите , на светско ниво сте нашле една земја која го комерцијализира и злоупотребува целиов процес и при тоа е експонирана медиумски од некоја X причина , а пак на крај на краиштата збориме за морално етички и социјално слабо развиена земја. Истражување се прави на светско ниво од кои резултати произлегува дека од сите земји само 6 до 10 земји го имаат тоа изрегулирано и забрането комплетно , останатите со законска регулатива го моделираат според општествениот модел на државата. Не ми е поенатата да се расправаме ама ако гледаме на тоа дека се еврши експлотација и искористување на женско тело , ова овде не е таков конктретен случај .... Дајте пример во земјиве каде функционира , на кој начин тоа совршено функционира и секако како е изрегулирано , малку досадно е да се вртиме околу еден исти муабет , а имаме милиони примери каде сево ова веќе 30 години уназад е принцип на кој луѓето го добиваат оноа што со години сами неможат да си го овозможат ... Фрустрацијата е преголема да неможеш да добиеш свој пород , на некој му значи тоа или не му значи ( тоа е лично мислење ), за некој брак е тоа пресудно или не , психолошката состојба на оние кои со години пробуваат а не успеваат се менува , битно Ви е или не. СО оглед на општествениот напредок , отстранување на табуата , прифаќање на социјалните , родовите , националните различности , после експлодирање на научните , техичките откритија смешно е да кажеме дека ова не е во ред етички и дека оној кој е спремен да го направи треба да го покажуваме со прст или да го судиме , баш заради ваквото размислување сме милиони години поназад и неможеме да напредуваме , заради ова сеуште мајќите кријат и се плашат да кажат дека детето го добиле преку инвитро , а не па да се дознае дека е добиено преку сурогат .
    ФАкт е дека првотиот ембрион имплантиран во сурогат мјака бил уште во далечната 1985 година кога повеќето тука не ни биле во план :) мислев ќе има поголема подршка на темава со оглед на тоа дека сме сите нели МНОГУ СОВРЕМЕНИ веќе , ама сум се излажала ....
     
    На tina2018, LaTama и lilyen им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Па дај ти... цело време викате има такви земји, сите други биле такви, а никој не именува ни една земја кај што е исрегулирано и совршено фукнционира.
    Тоа како има Дедо Мраз доаѓа. Има митични земји во кои се функциоира, ама тајни се, не смееме да ги именуваме.
    Да, и цела книга има таа жена напишано за нејзиното искуство и колку се кае и како никогаш не би го направила веќе тоа. И плус станала активист против сурогат мајчинството :D
     
    Последна измена: 2 септември 2020
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Сум за сурогат мајка во случаи кога тоа е единствена опција за имање дете, не сум за случаи во кои се злоупотребува и комерцијализира женското тело. Сум против се што оди по сметка на профит брз при тоа да се мерат несаканите ефекти по човечки живот, не е се во парите. Мора кога се тргнува да се прави нешто да се гледа добрата страна од тоа, а не профитот и загрозување на здравјето на друга жена.
    Лично би се нафатила на ова ако немам друга опција.
    Не ми е табу тема, не би криела и кога ќе дојде време и може детето да разбере би му објаснила се во врска со неговото раѓање.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.