Не е поентата да се правиме паметни , ама толку е свртена темава на негативна страна што се вртат муабетиве во круг , станува дури иронично и невкусно. Не е поентата да закачам тука 20 линкови со статии за тоа колку луѓето се среќни или несреќни после сурогатство , поенатата е дека современо општество е и секој има право на избор ,така и секој кој ќе се стави во улога на сурогат го прави тоа по своја волја ....
Пак не кажа во која држава функционира. Неќам статии, сакам податоци од држави. Не мора ни податок, само име за која е таа мистична држава кај што се совршено функционира. Оти нели, „заостанати“ сме ние, на западот тоа функционира
имате објаснување за секоја држава во светот до денес на кој начин е тоа изрегулирано и каков вид на сурогатство се применува или не , секој боја означува каде тоа се користи регуларно , за каков вид на заедници , каде е комерцијално или не и секако каде воопшто законски не смее да се применува , процентот на земји во кои е на некој начин прифатено во сооднос со тие каде е забрането е 80% према 20% , и да сум за и да сум против неможе да ми каже никој дека секаде во тие 80% , милијарди жители имаме само разочарувачки искуства во последните 30 и кусур години .... конкретно запознаена сум со случај на сурогат мајка , знам како поминува процесот , јасно ми е кои се предзвиците и придобивките , не навлегувам дополнително во суштината на проблемот , ниту имам намера да предомислувам некого или да мудрувам , ама дека е толку црна работава и дека е тоа толку негативно искуство или дека е само комерцијална основата на овој чин тука се наоѓаме во голема заблуда и голема грешка .... тоа ми е поентата
@naturallmess Не го читав целиот текст, ама според мапата од линкот, ако може да се смета за веродостојно, земјите каде е дозволена gainful surrogacy (комерцијална) не се баш познати по заложбите за човекови права. Скоро цела западна Европа, од друга страна, има забрането сурогатство. Пак ќе речам, фактиве се исклучиво од линкот. Така да мапава од линков повеќе говори во корист на поентата на членкава со која отворивте дискусија погоре
не не не , не ме разбирате , не ми е важно во чија корист оди ова ( она побара еден случај ја и приложив милиони ) , јас не сум за тоа да се користи за комерцијална употреба , да се гледа преку маркетиншката призма , туку дека целиот муабет упорно се врти на таа страна што реално не е така , има и поинаква страна на приказнава. Се користи за нешто добро , нешто прекрасно , се менуваат животи на подобро , луѓето го праат тоа со чиста намера. И не е важно дали е тоа на запад или во Европа , многу фактори влијаат врз законските регулативи , менталитет , религија , опшетствени норми , реков не навлегуваме толку длабоко ама ја распарчивме темата со комерцијализацијава и со украина и со триста чуда , а не е тоа целата слика .
Па баш во приложениот линк, Украина, Русија, Нигерија и сл. се со либерално комерцијално сурогатство. Добро и Кина и Индија се флексибилни, тоа се скоро третина од светската популациа. Европа мислам за запад се смета, ваљда кон ЕУ се државните и човечките стремежи? Ако во тие назадните е ЕУ, избирам да бидам назадна.
Во Индија моментално само за Индијци е дозволено сурогат, и тоа сурогатот смее да е само роднина на парот. Ваквипт закон е донесен после бројни злоупотреби. Имаше маж што си нарачал двоцифрен број деца, сакал да има многу деца за да има кој да го гласа при сакал да биде политичар. Пар од Австралија оставиле дете оти биле близнаци машко и женско, па не сакале женско. Едно им било таман. И така, како "вистински" родители, од вистинска љубов избрале кое дете им е помило.
Американски сурогат, во Сан Диего се родени близнаците. Првото во клиника во Мексико. Португалија забранува ама за на нејзина територија, т.е. си ги штити нејзините жени и деца, не им е забрането надвор од Португалија да бараат сурогат и после да го заведат во Португалија. Шпанија не заведува деца родени преку сурогат. Не сум сигурна дали само од Украина или од секаде. Тоа го прави затоа што го смета сурогат мајчинството за повреда на конвенцијата на правата на детето. Еве за децата на Роналдо https://dailypost.ng/2017/06/11/ronaldo-fathered-three-children-surrogates/ Стока на расплод. И покриена за да не може апсолутно да нема никаков контакт со детето. Kajsa Ekis Ekman шведска новинарка и долгогодишна активистка против сурогат мајчинството има убав текст напишано, по повод децата на Роналдо. http://www.stopsurrogacynow.com/cristiano-ronaldo-a-woman-is-not-a-factory/ Има говори и во Србија неколку држено, редовно е гостинка на нивниот феминистички фестивал, па ако му се слуша некому ги има на Јутјуб со превод на српски
Тhe only thing that is known about her is that she is an American citizen and that she received €200,000 for the babies. А, пеки, бар знаеме дека поштено платил за амерички деца, не некои таму Украински, од ефтините. Мислам ова неговово одувек ми било многу чудно и стално на тема сурогат на него ми текнува ама не ми текнало досега да прашам.
Treba dvete da ste vo brak - i taa sto ke rodi i taa sto nemoze da ima Dete Za taa sto ke raga treba da ima najmalku 1 Dete, da e vo brak, i da e drzavjanin na R. M A taa sto go bara surogat majka isto treba da e vo brak i treba da ima dokumenti deka ne e sposobna da rodi, nema matka ili nemoze da donosi Posle se podnesuvaat site dokumenti, i se pocnuvas so procedurata - pregledi na psihijatar i na ginekolog Se dodeka ne se pominat ovie raboti nisto nemoze da se napravi
Zdravo Zainteresirana sum za surogat majka t.e barame surogat majka Na net citav koi dokumenti se potrebni. Prashanjeto mi beshe dali kaj nas vo sistemot ima registirano kandidatki za surogat majki? Dali nekoja clenka veke go pominala ovoj proces, da spodeli iskustvo Po nekoj forumi citav deka imalo i vo sistina - ama ne znam dali seto toa e vistina
Колку што знам кај нас може само од солидарност, па затоа и не може било кој, мора да е мајка, сестра...
Не мора да е мајка, сестра. Најчесто се тие затоа што нема финансиски надомест за гестацискиот носител.
Може, во регистар има пријавени доброволно без надомест и тие истите веќе се мајки и мора да имаат родено...
Здраво на сите членки. Сакам да прашам дали некоја од вас има искуство со сурогат мајчинство и дали има кандидатки што би прифатиле да бидат сурогат мајка? Се работи за личност што поради здравствени проблеми има забрана да остане бремена,но затоа бара начин преку сурогат мајка да се израдува и да добие бебе Поздрав.
На темата... потребен ми е искрен одговор, за која сума би се нафатиле да бидете сурогат мајка? Исто и за лугето кои бараат сурогат, која сума би биле спремни да ја платите за да се обезбеди сурогат? Знаеме дека во Мк не се плаќа ништо на сурогатот, но доколку би имало финансиска корист која би била сумата. П.с знам дека темата е осетлива и дека прашањево звучи многу безчувствително, но лично ме интересираат мислења.