Ни за едни пари на светот ниту пак за близок. Колку и себично да звучи не би можела да се носам со моментите после пораѓај.
Јас пак напротив, мислам дека на близок не би можела да бидам сурогат, од причина што тоа дете би било постојан дел од мојот живот. Мајка сум на две и ги знам емоциите кои би произлегле кај двете страни.
Мајка си на свои две деца, а ако си сурогат тогаш тоа дете што би го носела не е твое, така да не е исто. менталитетот ни е страшно заостанат, кај нас сеуште табу е инвитро зачнато и какви се коментари немам слушнато од неуки и неупатени, а камо ли сурогат
Јас мислам дека иако биолошкиот материјал не е твој, емотивно ке се врзаш за детето. Сепак 9 месеци е дел од тебе и потоа и пораѓајот... Незнам не сум родител ама познавајки се себе мислам дека не би можела. Не е само до менталитетот
Што има врска менталитетот со тоа што некоја не сака да биде сурогат мајка? Не е исто ин витро и друга да го носи бебето, да го роди и подари некому. Емоциите се изоставени. Има ли нешто понеетички од носење бебе за пари?
менталитетот на опшеството и околината и како гледаат на сурогатството, а не менталитетот дали некоја сака или не да биде сурогат тоа е личен избор и доста комплексна тематика, сурогатот сметам дека кај нас е табу тема како и многу други теми поврзани со потомство. Што има неетички во носење на бебе за пари? Се дури има побарувачка ќе има и понуда, тоа се случува во светот, за некој е последна опција да се оствари како родител, парови патуваат во други земји каде сурогат е комерцијално дозволен
Ако го има по бел свет како појава не значи дека е етички. И деца киднапираат за органи и бело робје па не е нормално. Табу тема е, затоа што луѓето не се запознаени.
Да, потполно. Доколку една жена е ментално способна (покрај тоа што треба да е здрава) да учествува во создавање на друго семејство зошто да не. Мои блиски 19години тргаа маки за потомство и сите тие солзи што ги видов и разговори што ги слушнав ден денес ги памтам.
Нож со две острици е ова. Жени кои се во врски/бракови со партнери кои ги контролираат, ништо чудно да бидат без нивна воља натерани да бидат сурогат мајки. Заради парите.
Да, потполно сум свесна дека тоа дете не е мое и поради тоа не би сакала ни да биде дел од мојот живот.
Значи свесна си која врска се создава помеѓу мајка и дете и ти не би баш заради тоа, ама друга - нека и е ако сака. И после, кога се створи таа врска, кога не може да се оддели од детето? Не е битно, која ја шиша... Битно не сум јас. Барем друго семејство кое се патело дошло до потомство, кој сѐ е повреден во процесот - најмалку битно.
Не си ме разбрала. Сите ние како единки имаме различно ниво на ментална, физичка и психичка толеранција и развој. Додека едни се поврзуваат со бебето уште и пред да добие срцева реакција, на други им е потребно и месеци после пороѓајот да им проработи мајќинскиот инстинкт. Едни жени разбираат дека сурогатот значи дека само носиш туѓо дете други се убедуваат дека тоа е нивно. Ако некоја не е психички спремна да биде суеогат мајка никој нема пиштол на глава да и стави за да се пријаве. Идејата за сурогатството е двете страни да се задоволни а НЕ повредени.