Не може да знае дали ќе створи пред да се породи, исто така. Од тебе барем очекувам да сфатиш која експлоатација на женското тело е сурогат мајчинството и класна војна, буквално.
Викаш нема пиштол на глава да и стави? Значи од љубов кон пари се пријавуваат за сурогат, а не од тоа што не можат да обезбедат основни средства за живот?
Разбирам, ама знам и дека има родилки кои без некаква значајна потешкотија се одделиле од плодот, веднаш после пораѓајот. Лично бев сведок на таква случка. Таквите, нема да имаат проблем да бидат сурогат мајки, посебно ако има и парична надохнада.
Ама се враќаме на тоа дека ни една жена не може унапред да знае дали ќе и биде лесно или тешко да се оддели од плодот. И на крај краеви, и жените на страна, негираме ФАКТ дека сурогатството е буквално трговија со деца, ама буквално. На ти пари, дај ми дете И не, тоа не го измисли ДАнгел лудата од Фемина форум и кај со вакви мислења во Европа. Сурогатството е дефинирано како трговија со деца од страна на европската комисија и активно се води борба за негово сузбивање затоа што се смета дека нарушува основни женски права, но пред сѐ, права на детето.
Не е во ред, но е сопствен избор. Колку да ми смета мене или вам,секогаш ке има некој кој во тоа гледа со други очи.
Значи тотално ќе негираме класни разлики и ќе се правиме слепи за тоа кој продава органи, а кој ги купува? Кој продава бебиња, а кој ги купува? Кој продава женски тела како вреќи за секс, а кој ги купува?
Абе и јас сум против таква опција, само ти кажувам дека има родилки кои можат да се одвојат од плодот, без посебни потешкотии. Полека, не драми. Читај ме убо, да не си играме расипан телефон.
Твојот телефон Вајлд, не се ни поправил изгледа. Идеш на тема, кажуваш тотален офтопик кој се користи како аргумент на тие кои го поддржуваат сурогатството и после се вадиш со "ама не реков дека така мислам, сосема констатација на страна, небитна темата".
А само одвојувањето ли е аспект што се третира? Тоа хормонска подготовка на телото да износи бременост не е битно? Знаеш како се износува сурогат бременост? Не е само роди го и дај го, дури да го роди, ехее...
Не го користам како аргумент за монетаризирана трансакција на бебиња, туку го кажав како факт. Исто како што во претходниот пост пишав друг факт:
Абе таа само сакаше да си каже дека знае жени што немале проблем да се одвојат, тотално оф топик, само независна констатација
Абе и баба ми ќе го дадела татко ми на јатрвата, ако оваа вторава не можела да роди деца, исто тотално оф топик, ама не си ја рентала матката и целото тело за 3 крави. Затоа си постои аспект хумано сурогатсво, или како веќе се вика тоа, безплатното... Исто такво постои и трансплантација на матка, нели
Нели при дебатирање на одредена тема сите факти треба да се изнесат? Или ќе преќутуваме делови кои не ни се допаѓаат? И мене ми е несфатливо како може жена да се оддели од детето кое го носела во стомак 9 месеци, ама знам и дека има такви кои можат. И ништо не можам да направам за да го сменам тој факт. Ма колку јас и се нервирала или чудела. ако имате предлог, како да го смениме тој факт, повелете, предложете решение. Отворена сум за сугестии, пошто и јас сакам да го сменам, ама не знам како.
Јас прифаќам да бидам сурогат мајка доколку биолошката мајка поради некоја потешка дијагноза(канцер или Др) не може да се оствари.Ни 20.000 ни 30.000 евра не можат да ми ја исполнат душата колку една среќна насмевка.
Нели при дебатирање треба став д асе заземе? Или ќе терам сеир од страна и ќе набавувам факти, па кога некој ќе проба да дебатира ќе речам: "ама јас не ја заземам таа страна, само онака си зборам, тотално неповрзано со темата"