Зошто воопшто е сурогат МАЈКА? Кога потоа не си мајка. Ова би требало да е само од хумани причини. Па и тогаш пак може да се злоупотреби, зашто сепак жена го прави, па ако маж и е насилник може да ја натера жена му за брат му на пример да го износи, иако она не би сакала. Мислам дека наместо целава оваа работа подобро е повеќе внимание да се посвести на посвојувањето и да се олесни некако процедурата. Колку процедури има таму, а вака ќе дадеш пари и оп, родител си, дали си способен или не, не е битно толку.
Трговија со органи е сопствен избор или јас нешто не те разбирам? Знаеш дека во трговија со органи и луѓе на црно (легална не ни има) најголемиот процент од инволвираните се против своја волја?
Сурогат мајчинство е најхумана работа евр, да ја "подариш" матката за некој да си го исполни сонот да стане родител притоа да ги трпиш сите труднички маки и проблеми е вредно за медала. Некои пари не сакаат да позајмат не да се подвргнат на ваков чекор. Е сеа сурогатството ко концепт има многу маани, особено во помалку развиените земји каде млади девојки се присилуваат да станат сурогат мајки. Затоа според мене комерцијалното сурогатство треба да биде забрането.
Па уствари не ни збориме за сурогат мајка туку за гестациска. Јер имало разлика, сурогат значело дека е нејзина и јајце клетката. Баш нејзино дете дава. The traditional surrogate mother is the baby’s biological mother because it’s her egg that was fertilized by the intended father’s sperm." Meanwhile, gestational surrogacy is more common. So what is a gestational mother? "[A gestational surrogate] is a woman who carries a baby that has been conceived using the egg of the intended mother, or an egg donor, and sperm from the intended father or a sperm donor," according to the Fertility Source Companies. "A gestational surrogate mother has no genetic connection to the baby because it wasn’t the gestational surrogate’s egg that was used during the IVF cycle.
Ама, еве го пак. Ништо не е нејзино, а пак е мајка. Според мене, не треба да се нарече мајка во ниту еден случај зашто го дава детето, она само го носела, без разлика на материјалот од каде е. Што знам, инкубатор можеби? Или донатор на бебиња?
Мајка е таа што те родила. Толку... Оти тоа е фикција во која мора да има човечко суштество. И јајце клетката може да не е твоја, и матката, и целиот ембрион, ама едно е сигурно, потребна е жива жена да го износи. Дека сурогатот е функција инкубатор е сосема точно, ама нарекување на живи суштества "инкубатори" е дехуманизирачки. Исто, и нарекување на истите "гестациски мајки", "сурогат", "гестациски носители " што и да е, не е ништо подобро кога е само sugarcoating на тоа што навистина е жената - сурогат. Функција инкубатор, изнајмена матка, потрошен материјал.
Со све се согласувам. Тоа погоре за инкубатор ми беше кажано баш така, да се види колку само грубо звучи. Ама, жената родила, го дала детето, не е мајка. Затоа мислам дека во никаков контекст не треба да се употребува зборот. Негде прочитав дека е birth mother, и тоа не оди.
Сум пишала лани дека целосно оправдувам сурогат.Хмм, вака после некое време, навистина не можам комерцијалното сурогатство да го гледам како ништо друго освен трговија со деца, продавање и купување на бебиња.Од други причини, за близок, без договори и продажби, во ред, доколку се прави чисто од хумани причини и по своја волја ми е поприфатливо. Сепак треба повеќе да се настојува да се олесни посвојувањето и многу повеќе тој чин да се зема предвид.
Нема пара што би ме натерала на ваков чекор. А ни за близок не би се нафатила. Ниту бременоста а ниту породувањето не се зафрканција и нешто лесно. Скраја да е ама сите сме свесни дека доаѓа до компликации така да не фала. Не би трпела малтретирање, болки и периоди на закрепнување за да направам добро дело некому. Колку и да звучи себично, тоа е.
Така е, а мене лично и гестациска мајка, сурогат мајка да се каже не ми менува дека често од формата не ја уочуваме содржината. На жена на која преку сурогат мајка детето ќе и има гени од сопругот или преку гестациска мајка нејзини и гени на сопругот многу може да и смени да добие дете на ваков начин ако на секаков друг е оневозможена сама да износи бременост во својата матка. И никогаш не би кажала да не го проба ова туку одма да посвојува. Секоја жена има право да проба се да има генетски свое дете па ако не успее да се пристапи кон други опции. Не поддржувам комерцијално сурогатство и не би пристапила кон такво( ни јас да родам за некоја за пари, ниту некоја да роди јас да и платам). Ако дојдам во ситуација да морам да барам сурогат т.е. гестациска мајка би сакала да ми е позната личност, да ја знае ситуацијата во која сум и своеволно да се нафаќа на тоа. Со сила нема убавина во ништо па ни во ова. Злоупотреба на млади жени, жени под присила за пари никогаш ниту поддржувам ниту ќе поддржувам.
Oва, ти е контракдикторно со ова. Бидејќи и тоа спаѓа да проба сè, зашто тогаш и тоа да не и е опција? Зшто само ти не го поддржуваш или?
Си пишала дека не го поддржуваш комерцијалното И ти не би пристапила кон такво. Едно е да не сакаш ти нешто да направиш, а друго е и да не поддржуваш. Значи, океј ти е некој да проба и со комерцијално за да стане мајка, да направи сè што може за да добие бебе?
Јас лично за мене си одговорив што ми е прифатливо, другите како им чини така. А и детално е пишано што мислам за ова лично јас и лично за мене ако сум во таква ситуација:
Јас одговорив како јас би постапила, јас лично, за другите ниту ќе знам како добиле дете и не е моја работа да знам, да судам. За мене е неприфатливо да и платам на некоја да роди, не смеам да имам лично мислење во врска со тоа и да го напишам?
Смееш нормално, исто како и јас што смеам да ти реплицирам ако мислам дека пишуваш нешто контрадикторно и не ми има смисла. Зашто во првичниот пост не пишуваше само за себе, туку пишуваше за секоја жена. Па затоа си прашав.
Па ти одговорив, јас лично за себе не би прифатила да платам на некоја непозната, објаснив во кои ситуации би прифатила. За другите која како сака што има тука контрадикторно? Ако јас не поддржувам а законски им е дозволено мислиш мене ќе ме прашаат што да прават? Јас за себе можам да пишам на што се нафаќам а на што не, за другите која сум јас да им судам, а и да ги осудам кој фактор сум им јас, тие добиле тоа што сакале, јас дали ќе им речам браво или уа нив ништо не им менува.
Право на генетски свое дете има, ама свое. Никој не смее да поседува туѓо тело и раководи со туѓо тело за остварување на сопствена цел. Законски не им е дозволено. Закон може да дозволи сѐ и да забрани сѐ, ние треба да одлучуваме во која насока сакаме да го тераме законот.