Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,3%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    19,0%
  3. Не, никогаш

    143 глас(а)
    64,7%
  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Зошто нема опција - Да, но само за парична награда?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Да има право секоја жена да проба( и да успее) да обезбеди генетски свое дете преку гестациска мајка, во случаи кога не може сама да го износи.
    Ако блиска нејзина доброволно се нафатила да биде гестациска мајка/ гестациски носител не знам каде и како ти гледаш дека се поседува и раководи туѓо тело за остварување сопствена цел.
    Дури еве и во случај да е од комерцијални причини ваквава ситуација, таа што се договара за парите нели е свесна во што се нафаќа, нема присилно да и се имплантира оплодена јајце клетка и присилно да иде на сите прегледи во тек на бременост.
    Еве јас да прифатам од х причини за пари ( што не би) да износам генетски не мое дете, некој го поседува и раководи со моето тело ли кога своеволно сум прифатила да сум само гестациска мајка за финансиска надокнада.

    Видов си против сурагатсво и твое право и лично мислење исто како наше право и мислење на тие што сме за, јас, @peperutkaa и многу други мајки кои преку сурогатство се оствариле како мајки воопшто.
     
    На Mikha4, christinnn и Pixi5 им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кој и го дал тоа право? Кој и дава право да користи други луѓе за остварување на своите цели?
    Имањето деца не е основно човеково право и не е оправдување за нарушување на ОСНОВНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА и ПРАВА НА ДЕТЕТО.
     
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.243
    Пол:
    Женски
    Какво поседување туѓо тело? Што збориш девојче?
    Ако јас решам дека сакам да износам туѓо дете во моето тело (дали за пари, дали доброволно, небитно) како тоа ме прави мене жртва? Нели мое тело, моја одлука?
    Те прочитав претходно каде што викаш дека мајка е таа што те родила, не знам само како се чувствуваат посвоените дечиња на ова твое тврдење :^)
     
    На SexiLy, Avery, Mikha4 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    125.991
    Пол:
    Женски
    Сурогатство под присила не е во ред.Договореното сурогатство е во ред.
    Не е корист во негативна смисла кога и двете страни доброволно се впуштаат во тоа.
     
    На christinnn, Pixi5, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Кога јас сум сурогат/ гестациска мајка и го носам во моја матка, ЈАС САМА СУМ СИ ДАЛА ПРАВО а што и е и во полза на другава жена што не може да роди и двете сме задоволни од заедничкиот договор супер, така да и TAA САМАТА СИ ДАЛА ПРАВО ДА СИ БАРА РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМОТ.

    Ако се геј брачен пар и едниот сака свое дете и ме договори да сум сурогат мајка, моја јајце клетка оплодена со негов сперматозоид пак ќе прашаш СО КОЕ ПРАВО ТОЈ МЕ ''КОРИСТИ'' МЕНЕ И МОЈАТА МАТКА или ќе речеш сите претставници на лгбт зедницата имаат право да имаат свое дете дури и преку сурогат кога е обостран и заеднички договор а?
     
    На tinka-mace, Asparagus, Pixi5 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    На вакви религиозни мантри ко "во името на отецот, синот и светиот дух" некоја друга можеш да ја фаќаш, не мене.
    Зборуваме за системи на надмоќ, нешто што кога зборуваш против корона мерки многу лесно го сфаќаш, а кога доаѓа автономија на женското тело во прашање многу тешко ти влегува во глава.
    Мое тело, моја одлука не се однесува на присилени одлуки од финансиска причина, оти не продаваат тело жените од убавина. Ама и за тоа да го сфатиш треба да го прошириш светогледот од "wanna be средна класа" филмов во кој живеете, треба да ја сфатите класната разлика помеѓу тие што го продаваат своето тело и тие што го купуваат.
    Тоа е како да кажеш дека е во ред да се продаваат органи оти сам си избрал, или дека е во ред да те присилува некој психички на секс оти на крај сама си прифатила.
    Коерзија е, постои позиција на моќ кај оној го ја бара услугата над оној кој ја "нуди".
    Зборуваме за биолошки факт, не за чувства. Нема на сензитивност да ме фатиш. Знам куп посвоени деца во моја околина кои се пресреќни, ама да не постои биолошкиот родител на крај не би морало да постои тој разговор "знаеш мама не те роди, те роди друга жена". Биолошката мајка е биолошки факт, тоа што е со закон дефинирано како мајка (родител што го посвоил детето) е сосема друго. Знаеш дека ако го дадам јас детето на посвојување и после се предомислам ќе имам предност пред посвоител? Знаеш зошто- затоа што сум биолошка мајка и законот и дава предност на биолошката мајка пред посвоителот.
    Во сурогат мајчинството тоа го нема, апсолутно нема право на предомислување, нема никакво право на своето тело од пред зачнување, па се до пораѓај кога ги губи сите права на здравствена заштита. Ако нешто и се случи пост пораѓај, знаеш кој го плаќа тоа? Таа самата, оти веќе не е битна, во моментот кога ја завршила фукнцијата инкубатор таа жена не е битна. Знаеш колкав порцент од децата од сурогат се раѓаат со деформитети или со нарушена фукнционалност?
    Знаеш кои третмани ги поминуваат тие жени за да можат да одржат бременост?

    Не знам од каде ти идеја дека би имала различни размислувања за геј мажи кои бараат сурогат. Не, немаат право да инајмуваат женско тело, биле геј, стрејт, сами или како и да е.
    Тоа е основата, едно човечко суштество нема право да искористува друго. Толку.
     
    На Kitten, Angie1432, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Сите погоре ти пишавме не е искористување кога има взаемен договор ама за тебе и тогаш е па во право си за последно напишаниот збор толку, нема поента понатамошна дискусија со тебе.
     
    Последна измена: 7 мај 2021
    На Mikha4, Asparagus и Pixi5 им се допаѓа ова.
  9. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    342
    Пол:
    Женски
    Какво предомислување, каква предност?
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.048
    Допаѓања:
    180.312
    Oh dear lord, секоја година истото предавање ќе го држиш?:D
    Ај копирај ги мислењата од пред 10 страни, или јас да го напраам истото?

    Јер од доброволност и мерак стануваш проститутка, продаваш бубрег, стануваш гестациски носител за пари- јер твое тело твоја одлука, стварно не гледам што е спорно.
     
    На Mikha4, tirkenbal, Mazegin и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    И ајде кажи ни колкав процент и од кои причини децата од сурогат се раѓаат со деформитети или со нарушена фукнционалност?

    И кои се третмани ги поминуваат тие жени за да можат да одржат бременост?
     
    На Pixi5 и Ana.Kir им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Што ќе се случи ако се врзе сурогат мајката и сака да го задржи бебето?
    Тогаш нема да има "ок нели, договор ама за живо суштество збориме па ај ќе прогледаме кроз прсти".

    Взаемен договор имало... Взаемен договор за трговија со друго човечко суштество. Јас тебе парички - ти мене детенце. Тоа дефиниција за трговија со луѓе е, знаеш?
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.671
    Допаѓања:
    18.327
    Пол:
    Женски
    Не е само тоа. Емоциите не можеш да ги исклучиш.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Некои и за слава, да дознаат дека е сурогат мајка на децата на Рики Мартин и партнерот:D
    Јер по слава лесно се прави пара:cash:

    Опишуваш екстремни ситуации кои еве не негирам дека се дешаваат по светов, ама како тие ситуации се ставаат во ист кош со доброволно сурогатсво без финансиска надокнада еве и нека е за пари, вазаемно договорено стварно не ве разбирам.
    Еве случај пример права, здрава сум, најдобра другарка, братучетка или сестра еве нека ми е има мака ме прашува дали би и се нашла во ваква ситуација а немам предрасуди кон сурогатството зошто да ја одбијам, бидејќи таа ме искористува некако и како ме искористува кога своеволно прифаќам:wasntme:
     
    Последна измена: 7 мај 2021
    На Pixi5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Ја мислев феминизам да ти било жените сами да си носат одлуки за себе и своето тело, ама не, требало некој друг да им каже што е подобро за нив...нешто како во патријархатот, само што сега наместо татковци и мажи да одлучуваат за нив, ќе одлучува DAngel.
     
    На Lella и Idedemja им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929


     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    А ти знаеш дека се склучува договор и дека е свесна дека не може да го задржи детето, таа со тоа се откажува од права врз него?
    Затоа пишав еднаш ај уште еднаш би се нафатила да сум сурогат мајка за најблиска без пари, свесна, своеволно по взаемен договор и доста ги водиш муабетите во насока само тебе да ти чини, те сфатив ти си против сурогатсво сфати јас сум за.
    Ме искористувала некоја ако своеволно прифатам|( навистина толку, доста е.
     
    На Mikha4, Marija_b, nevermet18 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    125.991
    Пол:
    Женски
    Не мешај.Во трговија со луѓе нема согласност.
    А,за сурогатство и двете страни се согласни.Жената своеволно се нафаќа.
     
    На Mikha4, peperutkaa и Idedemja им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас мислев надминавме робовладетелско оптество кај што богатите жени одлучувале за нивните робинки што ќе прават со нивното тело :D

    Handmaids tale сакате да живеете, еве ви surrogacy 1.1