Не постирај видеа кои никој нема да ги гледа. Кратко и конкретно одговори на тоа што го тврдиш погоре. Како кај бебе добиено преку сурогатство има голем процент за деформитети и нарушена функционалност? Што е поразлично од бебе добиено преку истата инвитро постапка, само што ембрионот ќе го носи биолошката мајка? И кои се тие посебни третмани за одржување на бременост? Освен примање на прогестерон, кој патем и скоро сите трудници го користат, што друго посебно се користи за одржување бременост кај сурогат?
Значи ако некој сака да има секс со тебе и ти му кажеш може, ама уз пат се предомислиш тој има право да те силува затоа што си дала согласност и сте се договориле, нема веќе право на повлекување на таа согласнот, така?
Одговорено е во сите страни назад, ама очигледно е дека не сакате да читате. Да не постирам видео кои никој не сака да ги гледа? Значи сами си кажувате дека скаате да останете слепи во вашите безбедни балончиња кај што "секоја жена сама си одлучува за своето тело" Ако не скааш да гледаш видео на некоја тема, ако не сакаш да читаш што имаат да кажат луѓе што децении поминале на истражување на истата, тогаш нема што ни да се правиш дека знаеш најдобро и твојот коментар е битен, нити да се расфрлаш со коментали "дангел лудата ќе ни каже".
Колкав процент на бремености завршуваат со спонтан? И влегуваш во договорен деловен однос и се дешава спонтан. И некој ќе ти плати? Ништо не си испорачал, нема што да ти платат. И така...
Баш напротив, во тој тип на договори (онаму каде се дозволени) точно се утврдуваат овие работи, и како ќе се постапи доколку дојде до несакани последици и ситуации.
Точно се утврдува, да. Сите одлуки ги носат идните родители Не сурогатот. Што значи: Сурогат нема можност да одбие и прекине. Нема можност да се откаже ако не може да издржи бременост. Нема можност да бира дали сака да го абортира или задржи детето. Не постои работа во која целосно губиш контрола над своето тело и да одучуваш за сопственото здравје. Тоа е РОПСТВО, по секоја дефиниција на поимот. Затоа што во тие 9 месеци ти не го поседуваш твоето тело туку го поседуваат оние што платиле за тој сурогат.
Абе не разбравте дека со агенција се склучува договорот, гестацискиот носител добива 30% од платената сума. Ти плаќаш за дете и очекуваш дете, не им се мешаш во односите фирма-вршител на дејност.
Не си надминала ти ништо. Промовираш феминизам што подразбира право на жените да одлучуваат за себе а уствари не си ништо подобра од властите во арапските земји кои ги сметаат жените за малоумни и неспособни за било каква одлука, па затоа мора да постојат закони кои ќе им диригираат што смеат да прават, што не. Робинките со кои упорно правиш споредба немаат никакво право на одлука, сурогат мајките имаат, никој не ги принудува, но ако сакаат да заработат со сурогат мајчинство наместо да рмбаат за минималец, или да го направат тоа од хумани побуди, која си па ти да им забраниш? Зошто се ставаш во позиција во која ти подобро знаеш што е добро за некоја рандом жена? Не те потсеќа тоа на патријархатот по кој толку плукаш, во кој мажите знаат што е добро за жените, а што не, во кој наводно за нивно добро им се забрануваше самите да носат одлуки?
Друго те прашав јас и уште чекам одговор. Или го немаш па ради реда да пишеш нешто скроз неповрзно. За какво плаќање правиме муабет? Јас колку што знам никаде не спомнав исплата.
Ама не се сите преку агенција. А и мислев на работи во врска со ризик и несакани случувања додека трае бременоста, итн итн, а не за плаќањето.
ако не се преку агенција, на црно се? Нема директен договор за коменрцијален сурогат. "Клиники" и агенции ги водат договорите, имаш и во Македонија што се рекламираат. Лесно до сурогат во Украина, само 20000 евра.
Листата на лекови и деталниот состав многу добро ми е позната, не мораш да ја преведуваш или да постираш видеа.
Како тогаш не ти е јасно зошто се раѓаат зголемен број на деца со деформитети од сурогат, ако ти е листата толку добро позната? И да, не е само прогестерон, замисли
И да има некаков пропуст во договорот,пак не е ропство кога жената дала согласност. И зошто да го задржи? Особено ако потпишала договор дека го дава на други. А,за абортус сфаќам.Треба да има право на тоа доколку се јават компликации кои би можеле да ѝ го загрозат животот.
Е ајде де кажи што е различното со децата добиени преку инвитро постапка, а ги носи биолошката мајка, кога листата на лекови е комплетно иста?
Толку од прилика... Целата постапка И правна, и оплодување, и бременост и оддржување... и ако не успее пак бременост.. Ти не знаеш ништо што се случува. Жената кур добива, здравствено до денот кога се породи. Ако треба ден болница повеќе да остаме, приватно им наплаќаат па и од тоа што добиле им земат. И така...
Значи и ти ако дадеш согласност на секс, ама после се предомислиш мажот има право да те силува оти си дала согласност. Како смееш да повлечеш? Зборуваме за основна автономија на сопственото тело, не знам што ви е толку тешко да сфатите.
Некој Мухамед во Пакистан во истиот момент и објаснува на анамата како забраната да работи, да отвори сметка во банка, да вози кола, да излезе сама, да отпатува сама, е за нејзино добро, сето тоа поткрепено со видеа за уцени и мобинг на работно место, со примери за банки што пропаднале, со видеа од сообраќајки, со примери за убиства, киднапирања и силувања на жени што излегле без нивниот старател... И он исто ко тебе си мисли дека тоа е за да ја заштити анамата која како жена е неспособна сама да носи одлуки за себе, сама да се грижи за себе...исто ко ти што си убедена дека возрасна жена е неспособна да прочита договор за сурогат мајчинство, да се информира за евентуалните здравствени проблеми и ризици и да седне и да одлучи САМАТА дали сака да ги сноси тие ризици...нема никаква разлика меѓу тебе и Мухамед по кој толку плукаш во други теми.