Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,3%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    19,0%
  3. Не, никогаш

    143 глас(а)
    64,7%
  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.301
    Допаѓања:
    125.971
    Пол:
    Женски
    Не се исти ситуациите.При силување нема согласност и жената има право да се повлече,да се одбрани.
    Ама во другава ситуација потпишала договор да биде сурогат.Своеволно се нафаќа,дава согласност.
    Ако не е 100% сигурна дека сака да биде сурогат,тогаш не треба да се нафаќа.Не е фер кон другата страна да се откаже кога потпишала договор и е бремена,а нема оправдана причина за тоа.
     
    На Mikha4, Idedemja, Pixi5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.184
    Еманципација лудница|(
    Empowering indeed.
    Токму ваква идеја имале феминистите- ти си жена- матка- објект.Самата одлучуваш да си ја ренташ матката. Добро де, и комплет телото бтв, јер не постои комерцијална трансплантација на матка. Сеуште. Со парите после можеш да си купиш кола на старо. :party: Или да си ги прераниш биолошките деца кои ги имаш како самохрана мајка. Ќе бидат нахранети можеби цела една година.

    :?:6000 евра се две просечни плати во Германија. Евтино ова бе:^)
     
    Последна измена: 7 мај 2021
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.111
    Допаѓања:
    163.673
    Пол:
    Женски
    Баш комплетно обратната паралела е во случајов, истиот наратив што ги оправдува опресивните верувања и начин на живот во арапските земји, го оправдува и сурогатството како проблематична пракса. Избор е и „етничка култура“ да си покриена и покорна религиозна жена, избор е и да потрошиш 9 месеци од животот на најчувствителна и ризична физичка состојба како жена без да имаш никакви права на плодот од истата. Избор, па дури и "empowerment" би се рекло. Тоа е тој тотален choice feminism кој не навлегува подлабоко во општествените прилики што водат до одредени „избори“ кои сме свесни колку би ни биле непријатни и дека самите никогаш не би ги направиле, и тоа колку се навистина „избор“ за тие други жени.
     
    Последна измена: 7 мај 2021
    На Angie1432, Celltica, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Уште чекам денот кога некоја богаташица од Америка ќе роди дете како сурогат на сиромашни во Украина, оти нели, избор.
    Па слободно ќе избере.
    Баш се прашувам како само сиромашни слободно бираат да раѓаат за богати. Ваљда богатите уште не ја откриле слободата да бираш слободно.
     
    На Someonespecial, theowndemon, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    6000 евра се 3 ипол години минималец во Украина. Помалку од 150 евра месечно е минималец.
    Апсолутно е невозможно да негираш класни разлики и дека зборуваме за експлоатација на сиромашните од страна на богаташиве.
    Не верувам ни дека 6000 евра земаат, сигурно многу помалку.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Ако истиот наратив го оправдува и сурогатството и опресивните верувања, оти не е секоја втора сурогат мајка по тие арапски земји?

    Сурогат мајчинство е најстрого забрането во исламот и во тие земји...не ќе да е истиот наратив...истото со исламот и со наративот кој е против сурогатството е само што некој се става во позиција да одлучува во името на тие жени пошо тие се неспособни за тоа, не се доволно ментално стабилни да знаат дали ќе се предомислат или не...немаат жените капацитет за такви одлуки, затоа и не смеат да гласаат, да учествуваат во политика...така вика Мухамед, и една "феминистка"
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.729
    Допаѓања:
    168.701
    Пол:
    Женски
    Сурогатство и давање согласност за него има многу дупки и ризици за не добро ситуирани жени, шо сами, шо заглавени во лош брак шо ќе бидат присилени на ова. Особено ако се работи за парична награда, а не од добро срце. Ангел убо има објаснато се останато, само ќе додам, се продаваат деца. Маркет за деца. Трговија со деца. Со болдираново јас гледам проблем. Сериозен проблем.

    Башка има премногу деца по домовите. Спаси веќе родено. Ама ај, то друга тема е.
     
    На WildMk, Nausicaa, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не сакаме да си признаеме ваљда дека тие што "избираат" впрочем немаат избор.
    И жените заглавени во проституција можеме до утре да се правиме дека радо го избрале тоа, ама фактите друго зборат.

    И тој систем е крш. Тој систем треба да се ревидира на големо, зошто и таму продаваат деца кај нас барем.
     
    На WildMk и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.184
    За какво сурогатство збориш и каде е тоа дозволено/ регулирано?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.370
    Пол:
    Женски
    @DAngel

    Сурогат мајчинството не ништо различно од продавање на материјал преку разни банки.
    Таму се продава биолошки генетски материјал, тука се користи туѓо тело за да се дојде до иста цел.
    Дете.
    Штом се продаваат пакети од 6 јајце клетки за пари ,сурогат мајчинството
    ќе биде легализирано исто како во САД.
    И ќе има жени кои за пари ќе прифатат да бидат сурогат мајки.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Biljarkata
    https://www.aljazeera.com/features/2018/9/13/ukraines-baby-factories-the-human-cost-of-surrogacy

    “Commercial surrogacy Ukraine is unregulated and two-thirds of the industry operates illegally,”
    -------
    Alina said the conditions for surrogate mothers are terrible.

    She said BioTexCom put her up in a small apartment 32 weeks into her pregnancy with four other women, where she was forced to share a bed with another surrogate mother.

    “We were all very stressed. Most of the women come from small villages and are in hopeless situations,” she said. “We spent the first week just lying around, crying. We couldn’t eat. This is a typical situation for surrogates.”

    Alina said the supervisor visited the apartment most days to check on the women’s lifestyle.

    “If we weren’t home after 4pm, we could be fined 100 euros. We were also threatened with a fine if any of us openly criticised the company, or directly communicated with the biological parents.”
    -------
    “We were treated like cattle and mocked by doctors,” Alina said. “There was no hot water, we washed with plastic bottles over the toilet with water that was preheated in a kettle. I wanted to be transferred to a different hospital, but the staff threatened to not pay me at all if I complained to Anca.”
    -------
    Three days after giving birth Alina said she started bleeding heavily and was rushed to the intensive care unit, where doctors shouted at her: “We’re fed up with all your problems.”
    -------
    A year prior to her pregnancy, Alina said she had undergone open heart surgery and that BioTexCom did not ask for her medical history.

    “We’re so lucky everything turned out well. But Alina should not have been a candidate for surrogacy. There were too many risks,” said Anca.
    -------
    Sam Everingham, a director of the Australia-based Families through Surrogacy, told Al Jazeera that some clinics in Ukraine are like “baby factories”.

    “Contracts between surrogacy companies and intended parents basically state, ‘You’re on your own after the birth.’
    --------
    In other cases, he added, surrogates who miscarried or had a stillborn birth did not receive any payment.

    “Some companies have it set up so that they can’t be held responsible for negative outcomes. It’s so important that people educate themselves about the risks.”
     
    На WildMk и peperutkaa им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.184
    Ништо поразлично, освен телото под кирија година дена.

    Оти мене ме означуваш @DAngel ? Шо мене не ми е јасно?
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Капитализмот ќе продаде се што може да се продаде.
    Генетски материјал и тело не е исто, зборуваме за основна автономија над сопственото тело.
    Зборуваме за губење на контрола над телото во подолг период.
    Зборуваме за куп лекови кои значително влијаат на човековото здравје.
    Зборуваме за експлоататорска индустрија.
    Не знам од каде тој отпор кај нас да се прифати сурогатството како штетна практика, кога куп држави го препознале истото.
    Индија на своја кожа осети што значи комерцијално сурогатство, затоа е сега строго забрането. Треба од туѓи грешки да учиме, не од своите.
     
    На theowndemon, Cosmi, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.370
    Пол:
    Женски
    Па не знам што е полошо.
    Дали издавање на телото год.дена или да имаш свое дете во некој дел во светот,на кое ќе немаш родителско право,а детето нема да има право да го знае биолошкиот род.освен во Англија.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Онака ти давам да читкаш :D Знам дека ќе прочиташ.
    Шо има да означувам некој што нема ни да прочита :rofl:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.184
    За што збориш сега?
    Што за кого е полошо?
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.184
    Мене само видеа не ми давај, тие се непотребно долги. :D
    Се ми е јасно, уште од ко влегов во темава лани. Ама има луѓе што не знаат што е Украина, има луѓе што не виделе самохрани мајки, има луѓе што не виделе многу богатство и многу сиромаштија, се надевам тоа е. :?:
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас викам тоа е. Затоа ќе ме чуеш свако мало со "Да живее средната класа"

    Kajsa Ekis Ekman e неверојатна новинарка која долги години од својата кариера ги посветила на истражување на проституцијата и сурогатството (и двете забранети во Шведска кај што живее).
    Има куп текстови напишано за сурогатството, и феноменална книга "Being and Being Bought" која зборува за комодификацијата на женските тела.
    Нејзиниот говор на БеФем го постирав затоа што знам дека ако постирам книга никој нема да ја прочита, плус има превод на српски за оние што не разбираат англиски.
    Ама ми кажаа "џабе постирам видеа кои никој нема да ги гледа"
    "џабе постирам книги кои никој нема да ги прочита"
    "џабе пишувам мислења оти никој не го занима моето мислење".
    Ignorance is a bliss.
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.036
    Допаѓања:
    180.184
    Нема средна класа бе, одамна е тоа умрено. Која средна класа и каде?
    Јас имам 10 овци, ти имаш 1, во просек имаме 5. Ама ти не можеш ни да ја расплодиш твојата јер една, евентуално ако ми платиш да ти рентам овен...итн...
    Многу либерален либерал капитализам.

    Озбилно сега - имало едно нешто, емпатија се викало. Е тоа, како се тренира? Ментална вежба- дали ако јас се најдам во таква позиција би ми било ок, удобно, пријатно? Да не вежбам нешто погрешно ментално овде?

    Комодификација е убав термин, а нема врска со комода:nod:. Ништо не читам на темава, чувствувам и резонирам само, и цело време му барам соодветен збор, повеќе од објектизација е. Ај ќе мислам уште:?:...
    Телото како стока/роба...епа робство бе Миле:angel:
     
    Последна измена: 8 мај 2021
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Комодификација - додавање на економска врeдност на нешто што претходно ја немало. Не беше тоа марксистички термин? Или млада си ти, не си учела марксизам :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.