За да е трговија на рамниште со онаа нелегалната,треба е под присила,принуда и измама и да има малтретирање.Ако ги нема овие елементи,тогаш не треба да се гледа на сурогатството како нешто лошо иако парите се мотив.
Ама се алудира дека бебето се продава, кога всушност не се продава бебе, туку матка. Ембрионот е веќе направен како и при секоја ивф постапка, а матката на сурогатот е предметот на купопродажба или поточно, изнајмување.
Матката е предмет на експлоатација, не збориме за трансплантација на матка. Значи не е матката продукт/ комодити. Бебето е продуктот, ако не добиеш продукт не плаќаш. Толку.
Не е експлоатација ако САКАМ. Абе сакам 5 000ки за 9 месеци може, не сум принудена, полесно ми е него да работам конвенционална работа. Бебето е продукт секако, исто како што е продукт ако во мене го стават, зборам за мое и на мим биолошко, нема да ми наплати пораѓај Ремедика ако не го родам нели? Како во тој случај не е трговија, кога плаќам да ми го направат и да го стават во мене?
Изнајмуваш матка и толку?! Ајде малку подлалеку од рентање погледни те молам и објасни ми, еве сега јас не разбирам. Чија крв тече, во чиј организам се развива, од кого се храни тоа бебе, преку кого диши...
Апсолутно е бебето, оти целта не е да се има матка туку да се има бебе. Тоа е стоката на размена. Бебето се плаќа и се добива. Сурогатот е алат и инструмент. Значи повреда на автономија на женското тело, ама трговија со луѓе. На пример, не мора да е твое и на маж ти. Може да е јајце клетката од сурогат (што се избегнува баш за да нема ништо нејзино). Може и сперматозоиди и јајце клетка да се купени, може само од едниот. Има жени што плаќаат сурогат затоа што не сакаат телото да си го расипат. Значи матка имаат, купуваат бебе. Од друга страна, и во обично инвитро се случува да се купени или од домот и јајце клетката и сперматозоидите, па тука детето никогаш не е на оние на кое е генетскиот материјал, туку на жената што го износила. Заклучок: детето е на оние што ги имаат парите. Ама едно е сперматозоид, јајце клетка, ембрион. Друго е целосно оформено живо суштество
Прашање. Оти никогаш не сака богаташица, туку сакаат жени на маргините? Оти ја немаш обратната ситуација, богаташица од Америка да биде сурогат на сиромашни во Украина?
Не разбираш оти сакаш да ги гледаш работите низ призма на емоции. Затоа сурогатството не е за секого. Донирам крв и ич не ми е гајле во чии вени ќе тече. Исто како што не ми е гајле чија крв ќе примам ако ми затреба. Некои луѓе се способни да се апстрахираат од тие мајчински инстинкти, некои не се. Затоа и самото сурогатство не е за секого и треба да се внимава многу при изборот на кандидатка.
Читав некое интервју на dw со сурогат мајка од Украина која 3 пати била сурогат. Купила стан со парите и не смета дека е злоупотребена. Еве го. https://www.dw.com/hr/nisam-majka-tereza-ukrajinka-kao-trostruka-surogat-majka/a-53814281 Како да ја жалиш кога своеволно донела одлука? Тука е проблемот.
Да де, можеш исто да сакаш да тргуваш со марихуана, јер легитимен бизнис, дури не те фати Деа. Попрофитабилно од конвенционална работа. Во случајот со Ремедика , твое ивф, твоја матка, не знам што е спорно. Ти им плаќаш нив за медицинската услуга.
Теоретски па и логично во право си. Него сурогат мајка е исто така теоретски биолошка мајка. Ако се водиме по тоа, како може баба или тетка да е и мајка истовремено?! Нели тоа малце влече на некој вид инцест? Или практочно нели тоа дете има две мајки, една по јајцеклетка една по раѓање?!
Ама пак е бебето предмет на купопродажба и јас да го родам за себе во таков случај, тргни ја сурогатот на страна. Можам да купам ембрион, всушност можеш да донираш ембриони ако сакаш. Мене па тој дел ич не ми е трагичен, не сфаќам зошто е трагичен, можеби нешто пропуштам најискрено. Ако правата на бебето се заштитени еднакво како и на бебе што е родено од нарачателката, не гледам проблем. Лично повеќе гледам проблем во принудата на сурогатот. А знаеш дека богати и сиромашни, генерално, не е тема што ме интересира. Очигледно дека ако јас наместо да работам за 2000 евра годишно, решам да родам дете за некого за 5000, и сум ок со тоа, не се чувствувам експлоатирано. Повеќе се осеќам сега експлоатирано искрено кажано. Јас лично би била сурогат за фини пари. Ама под мои услови, не да ме шитка агенција. Не. Никаде не реков да бидам криминалец. Прилично објаснив дека ми е ок со убаво смислени законски регулативи. Проблемот е што некој не може да сфати дека на пример и јас би одлучила исто, наместо да плаќам 30 години кредит поштено како и сите, ете за 5 години у кеш може ќе го купам. Не знам кој е оштетениот во ваква приказна.
Дали е слободен избор? Слободен избор не е немање избор. И тебе ти препорачувам да го погледаш говорот од Kejsa на БеФем. Одлична е, ептен навлегува во сржта на сурогатството. А не е долг, само саат време. Ќе се лутиш, ама живјела средна класа жити се, и ти, земи саат време и погледни говорот, после може да збориме.
Веќе одговорив, а и не ми се зборува упорно само за Украина. Еве во Македонија радо би помогнала на богата Германка, ако тоа ми реши животни прашања. Она можда брка кариера, јас ете толку ми е амбицијата
А дали е нормално детето да има две мајки, една по јајцеклетка друга по раѓање? Зашто сурогат мајката е сепак биолошка мајка.
Абе удобно ми е. Не сум крива и не се лутам. Од животов сакам само да ми е лесен и удобен, не барам богзнаешто. Не знам, нормално е да посвоиш дете и да има биолошка мајка и посвоителка?
Дали ти Косми, после ова што го прочита, на нејзино место би сметала дека не си злоупотребена затоа што си купила стан со парите?
Не, не е исто. Од претходниот одговор ти ја разбрав поентата и психологијата. Сосема доволно. Само ме интересира дали се имаш веќе остварено како мајка, претпоставувам не по начинот на размислување, бидејки 99 % кои осетиле што значи да ти клоцне у стомак, не би размислувале вака. Ако си, секоја чест на психологијата, тебе мува не те лази
Да, имала, да го носи детето во градинка и да оди да работи негде. Но таа избрала нешто друго, и тоа три пати и вели дека и по четврт пат би го направила тоа. За тебе е експлоатација и искористување, за неа не е. Ама хеј, ти подобро знаеш од неа нели, ти треба да одлучуваш во нејзино име.