Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,3%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    19,0%
  3. Не, никогаш

    143 глас(а)
    64,7%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Same old, same old.

    Ок, повеќе знаеш за клоцање од женава што има 2 свои и 3 за други родено.

    Во интервјуво на Косми, буквално пишува дека не се осеќа искористено и дека е нејзин избор и никој не ја принудил, и дека пак би избрала исто уште еднаш ако и' дозволат.
     
    Последна измена од модератор: 8 мај 2021
    На cresa-jagoda и Idedemja им се допаѓа ова.
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Iskreno rečeno, nisam tamo otišla kao Majka Tereza da pomognem parovima bez djece.
    U prvom planu mi je bio novac. To je istina.
    Do danas imam kontakt sa tim roditeljima i oni su veoma zahvalni. Raduje me da sam im pomogla.
    Ali ja sam imala moje vlastite ciljeve.

    Се е јасно си имала и се уште има цел да заработи пари, никој со сила не ја тера/терал на нешто, своеволно прифаќала и си ги вложила парите во тоа што сметала дека и е најнеопходно.
    Зошто да се осеќа искористено? Ако отидеме сите од темава да и речеме да се осеќа ќе почне да се осеќа така затоа што ние сме умислиле дека е I don't think so.
     
    На cresa-jagoda и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  3. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ние збориме личен став, не туѓо искуство. И убицата гледа задоволство да праи масакар, ајде да му дадеме аплауз работава.
    Умешно шалташ, али не доволно. Оставам простор за друго мислење на темава, јас се изјаснив :)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Сите сме искористени од работодавците реално.
    Е сега, кој ја црта линијата што е морално, а што не е морално исправно?

    Дали тоа што шиткам ум на институција значи дека сум експлоатирана?
    Дали хигиеничарката што работи 100% физичка работа е експлоатирана?

    Дали би работела како хигиеничарка да има друг избор? Или тој избор, што нема избор е ок?
     
    На Mikha4, Lella, Pixi5 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.026
    Допаѓања:
    180.143
    Абе да не ви го ускратува некоја таму држава феминистичкото право на емпауринг избор.
    Ме мрзи да цитирам факти сега...да, плачев...да тешко ми беше, ама јбг сметки треба да се платат. Во животот не сте виделе Украинка, а цел свет го имате во мобилниот интернет:(. Жално.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    А јас дебатирам на тема, не ме интересира како си се чувствувала ти како мајка, како ти чукало срцето или какви емоции те облевале.

    Ниту тебе треба да ти биде гајле тоа што ете некоја различно доживувала клоцање на свое и туѓо дете.
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Pixi5 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.143
    Допаѓања:
    88.369
    Пол:
    Женски
    Првиот пат било од егзистенцијални причини,не знам дали немала избор.
    Имала избор да застане после првиот пат,продолжила да раѓа.
    Никој не ја терал да раѓа за да купи куќа и два автомобили ,нели?
    Ќе го изгледам говорот.
    @Biljarkata
    Не е злоупотребена зошто никој не ја злоупотребил.
    Сама го избрала тој пат.
    Не можам да ја жалам и да ја гледам како жртва.
    Не ми е етички мене,ама жртва не е.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Не е жално што плаче секоја трета пошто мора да работи и нема избор?

    Не ти е жал за мене, нејќам да работам, морам?

    Зошто не е за жалење моето, а е за жалење тоа што некоја успеала да најде начин и да си обезбеди живот?

    Или боље нека рмба бе, нека ја експлоатира некоја фирмичка, тоа е ок.

    Сите сме експлоатирани, освен Бил Гејц.
     
    На ladystardust, Mikha4, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    А ти си ја видела Украина и жените таму и цел свет па ќе не жалиш тука или учиш кого да жалиме|(
    Според мене своеволно се нафатила и пак пишала би се нафатила, што имам јас да ја сметам за жртва и жалам, што нашла начин да си реши станбено прашање на нејзин начин.
    Ај уозбили се и ако немаш аргументи а целта ти е или да ме првоцираш само и ми извртуваш зборови или цитираш онака без везе, да се пише нешто ради реда, прочитана си ми на темава терај даље.
     
    Последна измена: 8 мај 2021
  10. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Да...имаш видено богаташка да работи како хигиеничарка...или продавачка, шивачка, пекарка или во пошта, или како наставничка?...Се тоа треба да се забрани пошо е експлоатација, да имале избор тие жени би биле сите директорки.
     
    На Mikha4, Lella, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Егзекли.
    И наместо да укинеме работно место "хигиеничарка", ајде да направиме да не биде очајно и да не се изживува кој стигне врз вработената.
     
    На cresa-jagoda, Lella, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  12. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Каде пишав дека јас сум мајка и патетики, те прашав, еве и поопширно, дали си осетила да ти мртка нешто у тебе, да го слушаш на ехо и да ти расте 9 месеци во тебе?!
    Шалташ у твоја корист, аргументи и кокретна реплика никаде не прочитав, затоа и не дебатирам веќе, не гледам потреба. Со среќа ако се одлучиш на рентање матка, само би те советувала прво твое па после пазари се :)
     
    Последна измена: 8 мај 2021
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Не пиша, затоа и реков дека е ирелевантно дали си или не си.
    Досадни се коментарите "роди си".

    Иначе, мора да си родиш прво твое за да си сурогат.
    Имав желба од алтруистички причини за драга особа да бидам, ама мора еднаш свое прво, оти не знаат иначе дали можеш.
     
    На cresa-jagoda, Idedemja и Pixi5 им се допаѓа ова.
  14. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Е така, многу се јачале исто на крај добиле големи психички бродоломи (емотовно се врзале, мајка природа јбг). Убав е гестот, желбата и користа од сето тоа ама есапот дома и на пазар не е ист. Поздрави
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Познаваш сурогат лично? Од каде знаеш?
    Како зборуваш за туѓо искуство?

    И идејата е дали физички можеш да износиш бременост, а не дали ќе ти мртка нешто. Иако секако дека и тоа не е занемарливо, ама не е мое да проценувам, туку на стручни лица на пример.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Девојче, ти го почитувам мислењето, желбата и користа. Да сакаш да издоминираш вербално и тоа е во ред, ама ти не си мацнала у плитко, сакаш да се фрлаш у длабоко главечки. Тоа пробувам да ти објаснам.
    После првото здравје, некогаш во некој момент, верувај ќе ти текне што сакав да ти кажам.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.939
    Допаѓања:
    4.824
    Пол:
    Женски
    Им се восхитувам на жените кои го можат тоа. Мислам психичкиот момент е многу битен. Не секоја може тоа да го прифати така. Еве јас искрено не знам дали би можел ада бидам сурогат на некој. Или можеби сурогат да ќе разберам некако од старт знаеш не е твое генетски се нафаќаш само да го износиш и крај, ама пак донирање на јјаце клетки или сперма или пак ембрион и да знам дека таму некаде иммам потомство а не знам што и како е, неможам да замислам, на тие жени мажи уште повеќе им се восхитувам.
     
    На Осе и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    168.636
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека нема. За многу работи за кои тука не би се согласиле, нема да ги осудиме најблиските на интимни теми. Ни пак за теми кои тие треба да однесат одлука, а не ние. Не само ова, скроз за сите теми ова. Темата земено генерално, за исправноста нејзина и експлоатација и злоупотреба на женски тела се дискутира нели. Во случајов колку многу злоупотреби можи да има кон едната страна за задоволство на другата.
     
    Последна измена: 8 мај 2021
    На Yowannty, CameliaMiller, MarijaMi90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    168.636
    Пол:
    Женски
    Немам деца. Не знам дали можам да имам. Ако не можам да имам не знам ни дали до вештачко би одела оти генетскиот материјал на детето ми е најмалку важна работа. А, сакам дете. Само дете.

    Скроз разбирам како е да сакаш биолошки твое дете и да прајш се за то. Не се работи за отсуство на разбирање на едната страна, туку присуство на разбирање на двете страни. Ама до кога то ќе биди најважно, а не физичкото здравјето, негата и психофизичкото здравје на таа која ќе го носи детето? Комерцијализирано сурогатство има премногу ризици на таа страна. Колку експлоатација и злоупотреба ќе има кон родилката на сметка на тој еден пар да има дете оти многу, многу, многу сака?

    Алтруистичко сурогатство сфаќам. Од чисто срце, скроз доброволно. Па ако другата страна реши да помага со бременоста финансиски да не носи сурогатот трошоци - супер! Дури и мислам подмирвање на трошоци во бременоста е само фер. Ова не е ни блиску до организирано, комерцијализирано сурогатство шо уствари е проблемот. Да можеше добро да се организира и вистински да се заштити родилката во ситуација на комерцијализирано сурогатство до сега на многу места ќе беше легално и добро регулирано. Ја имаме Украина како пример зошто само куц туц на такви места ги има и одговара на државата да има прилив на пари и "ничии" деца во државата за која не мора да му е гајле. И нигде нема да е поразлично. Оти на државата му е гајле да добие пари, ништо друго. И ќе најди начин како то да биди брзо. Начинот најчесто е при злоупотреба.
     
    На Yowannty, Someonespecial, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не го разбирам текстот. Купила куќа и два автомобила, ама на крај морала да е сурогат оти станот морал да се отплати, па купила автомобил на сопругот.

    Како и да е, не навлегувам во лични случаи еден по еден. Не можам и нема да кажам "леле кутрата, напатена душа, ме знаела што прави". Ме, таа добро знаела што прави, ама е систематска жртва. И не ми е тешко да препознаам дека постои позиција на моќ во случајот. Едноставно, некои работи не смеат да бидат за продажба. Човечки тела, делови од човечки тела, цели човечки суштества е едно од нив. Мора некаде да се стави граница.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.