Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,3%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    19,0%
  3. Не, никогаш

    143 глас(а)
    64,7%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Работно место "сурогат" не може да постои затоа што хигиеничарката нуди услуга чистење, сурогатот нуди услуга тело Камелија.
    Не може сѐ да комодифицирате, не смее сѐ да е продукт. Тоа е тоа
     
    На WildMk, theowndemon и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Зошто толку се си земате на срце и се обидувате да докажете по секоја цена дека вашето мислење е точно а на другиот не.
    Секој има различно сваќање и гледиште во животот.
    Јас за мене знам како е најдобро, ДАнгел за себе.
    Би родила и 5 деца доколку знам дека на некој сум можеби единствената можност да се остварат како биолошки родители. Не сум во незавидна финансиска ситуација, имам фамилија и никој на сила не ме тера ништо да правам, едноставно тоа е мое мислење, човек со човек бива.
    Без разлика дали е сестра ми или тотален туѓинец.
    Некој пак, не може ни да го замисли сурогатството од х причини. Ниту јас сум по добра особа што поддржувам сурогатство, ниту таа е по добра бидејќи не поддржува.
    Дедо ми викаше: 300 људи 300 чуди. Исто е за се.
     
    На Marija_b, Ambitious, Mikha4 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Роди.
    Приказни за мали деца. Ни една не би родила. Прво што раѓање на 5 деца значително го нарушува здравјето и квалитетот на живот, и го скратува на крај краева.
    На зборови сте јаки, на дела, одма би се премислиле.
    Ни една не би родила 5 деца за некој друг, и за себе едвај би. Тотално ми е пре-смеш-но. Или буквално не знаете што се случува во женско тело за време на бременост и што претставува секоја бременост, или зборувате празни муабети. Искрено се надевам дека е второто.
     
    На kravce, Someonespecial, Ana.Kir и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.079
    Допаѓања:
    55.669
    Пол:
    Женски
    Сурогатство чисто од алтруистички причини без паричен надоместок за блиска личност сфаќам. Сфаќам луѓето да сакаат да помогнат на некој близок да си ја оствари најголемата желба.

    Ама комерцијализираното никако не можам да го сфатам. Ме потсеќа на бизнис, експлоатација, basically трговија со деца "на ти пари, дај ми дете". Притоа воопшто не е битно како би се чувствувала таа жена што ќе го износи, само го раѓа и ѝ го земаат, нема повеќе да го види.

    Лично јас никогаш не би била сурогат, ниту за близок, ниту за непознат со паричен надомест, за ниедни пари на светот. И мое ако раѓам само еднаш би родила, самата бременост е ризик.
     
    На WildMk, Someonespecial, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  5. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Не Дангел, не е детето на тие што ги имаат парите. Барем не кога ова е направено без присила. Детето е на тој што го израснува, тоа е она што не прави родители во најголема мера. Грижата за некого. Не разбирам што е вашиот проблем ако некој решил самостојно да биде сурогат мајка. Навистина не разбирам. И се само комерцијалната страна ја гледате. Да, разбирам, ако сурогат мајката е на било кој начин принудена на тоа. Но, во оваа проблематика не е секогаш причината комерцијална. Барем изјаснете се дека имате против жените да бидат сурогат мајки без нивна волја.

    Најголем број од луѓето се одлучуваат за сурогат мајка кога тоа е последната и единствена опција. Исто и за донирана сперма или за донирани јајце клетки. Вие го гледате ова како нешто комерцијално, јас па го гледам како нешто племенито. Зависно од околностите секако. Упорно зборувате за жените кои не сакале телото да си го упропастат, па затоа се одлучувале за оваа опција. Но, тоа е само едната страна од паричката. На другата страна се оние кои направиле се за да имаат деца, но не успеале.
    Ако вие знаете како е да се носи дете, претпоставувам не знаете како е да се боцкаш со триста игли, да одиш на илјадници прегледи, да ти креваат раменици докторите и да го живееш тоа со години. А сурогат мајката има право да одлучи колку пати ќе помине низ ова, како што спомна некој, низ подготовката за забременување. И не сум сигурна дека нејзе ќе и требаат толку инјекции и хормони, ако инаку се си е во ред со репродуктивните органи и хормони, што често не е случај кај жените кои се борат со неплодност. И на муабетот што се му правела бременоста на телото. Знам жени што мн тешко ја поминале и жени што велат дека мн лесно ја поминале. Не е вашето искуство дифолт.

    Да се навратам на прашањето. Би била сурогат мајка за некој близок. Точно знам и за кого би била. Би била за без пари.
     
    Последна измена: 8 мај 2021
    На ladystardust, Mikha4, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Затоа што некои се информирале прилично и имаат конечни ставови, базирани на факти и статистики.
     
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Темата е сурогат мајка, јас пишав и во претходно мислење и воедно цитат на твое што се испомеша и зошто отиде кај што отиде темава.
    Мислам читни ме само пред да ме цитираш, буквално исто пишуваме. Никој не негира дека можна е злоупотреба, во се е можна (не само сурогатството, ти пишав и во посвојувањето колку има трговија со децата) затоа напати истакнавме не е решението укини туку досредување на правната регулатива.
     
    На ocicka2014, MarijaMi90, Pixi5 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Па тоа прашав, кој одлучува дека не смее?
    Зошто некој се става во улога на попаметен кога зборуваме за моето тело?
    Сериозно прашувам, како може било кој да ти каже што е ок, а што не е ок за твојата матка?
     
    На Pixi5 и nextredstyle им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Јас искрено се понудив и искрено бевме одбиени оти не сум родила претходно, т.е. немам историја на успешна бременост и раѓање.
    И бев скроз сериозна.
    Очигледно за бесплатно, нели.
     
    На cresa-jagoda, Pixi5, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.920
    Камелијо ај не се глупирај :rofl: Понудила ама ја одбиле, како да не :D Или, веројатно си знаела дека ќе те одбијат и не си ни била сериозна ама низ муабет да покаже некој сочувство све и свашта ќе каже.
    И во оваа ли тема сакаш главна ѕвезда да си? :D
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Како се чувствувате во врска со open adoption? Значи жената си е веќе бремена, со свој и на х некој генетски материјал, но сака да го даде бебето на посвојување и бира кому ќе го даде и договараат на кој начин ќе биде присутна во животот на детето.

    Ги запознава идните посвоители, се договара за се' со нив, некогаш добива и финансиска помош околу бременоста/пораѓањето, некогаш и се договараат да се користи нејзиното млеко.

    Не знам во колку земји постои, мој личен став е дека е ок, оти еднава страна не сака/не може да биде родител и секако нема да стане родител откако ќе се породи, другава страна посвојува дете.

    Единствена разлика е што бебево не се прави смислено, де факто постои и бремената од било која причина не сака да абортира.
     
    На peperutkaa, Осе и theowndemon им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Тогаш прв пат искрено дознав повеќе за сурогатството, претходно не бев нешто упатена, конкретната ситуација направи да ме заинтересира.

    Очигледно не можам да кажам за кого, што и како, освен дека е мн блиска моја личност, не сме крвно поврзани и не постои начин она да роди.

    Сеа, вервала не вервала Бриџ...
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.920
    Не вервала.
    Не дека не си се понудила, туку дека си знаела дека ќе те одбијат, затоа си се понудила. Да бил парот сериозен, немало да одиш до крај.
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Нисам знајала срц.
    Али тогаш дознав, и има логика.
    Кога се понудив не знаев прилично ништо, освен дека е ивф постапка, само што не со мој ген.материјал.
    Во клиниката објаснија дека мора да е кандидатката со успешна бременост зад себе.

    Сега, дали ќе одев до крај или ќе се информирав повеќе и ќе се предомислев, не можам ни јас да знам, не па некој друг :)

    Не тврдам дека ќе биднеше, ниту на жената не и' потврдив, и' кажав дека сум за, ама би сакала повеќе да знам :)
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Оти збориш од привилегирана позиција Камелијо. Секогаш ќе постои некој што нема да може да одлучи самостојно и е биде принуден да го изнајмува своето тело. Потребно е тие да асе заштитат, а не на пресветата средна класа да им се исполнуваат каприци во стилот "моја матка, мој избор". Ептен религиозни мантри.
    Друго, ако не ајде и трговија со органи да легализираме, кој смее да ти забрани ако си решила самостојно да си продаваш органи. Мој бубрег, кој избор?
    Оти само женските тела се контролираат на таков начин и само за нив се продаваат такви мантри и се зборува како е во ред комодификација, а чим некое машко се вклучи во приказната одма неетички.
    Нешто ко жените помалку луѓе да се од мажите...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.901
    Нешто не се разбираме.
    Јас не сум ок со Украина сценарио, и не го поддржувам тоа што Украина го прави.

    Реално, не постои и нема да постои свет во кој сите еднакво имаме пари, можеме за утопии да зборуваме, ама тоа нема да се случи.

    Исто како што нема сите да бидеме еднакво амбициозни или трудољубиви.

    Не го исклучувај тој факт, оти е еднакво реален колку и принудата.

    Затоа и реков дека сите сме експлоатирани, само што веруваме дека е сосема ок умот да си го продаваме, ама телото не. И ти си, и јас сум, ако не продадеме нешто од нас, нема да имаме леб.

    Остај ти средна класа у мк, смешка е искрено, не сме очајни како примерите од Украина, ама дека живееме ок живот што знам, не сум убедена.

    И можеби, само можеби, некоја ќе преферира да има секс за пари него да продава ум, за еден саат да заработи колку јас за 1 недела можеби. Нема да ја прашам оти не е поамбициозна па ете, да заработува повеќе со повеќе чколија. Ју ду ју бу.

    И друго, на конкретнава тема мажите се прилично јуслес, освен како сперматозоиди. Не знам како да ги сместам во приказнава без да биде сај-фај. Ако постои начин маж да се "искористи" за раѓање, нека де. Ама не постои.

    Треба да се повторувам, најнапред првото мислење.
    Не сме таму да може да е ок комерцијално сурогатство и затоа денес во 2021 не сум ок. Не знаеме како да го изведеме тоа, а да сме сигурни дека кандидатката не е принудена, од дома ли, од држава ли.

    Од друга страна, скроз сум ок со сурогатство од љубов, не гледам проблем тука.
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Бебиња и делови од тело не треба да се продаваат за пари.
    Толку.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.633
    Допаѓања:
    35.241
    Пол:
    Женски
    Имаш проблем со информациите, фактите и статистиките |(
     
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не збориме за конкретната тема. Збориме општо за продавање тела.
    Проституција е супер, вечином се мажи "клиентите", а жени се проституирани. Сами избрале, нема проблем.
    Сурогат е супер, жени раѓаат за други парови кои имаат пари да го експортираат правењето на бебе во друго тело. Дооел Матка експорт/импорт. Сами избрале, нема проблем.
    Трговија со органи, не, не, како може тоа да е супер... Како може некој самостојно да избере органи да продава? Единствена разлика што може и на маж да му се случи.
    Одеднаш, штом мажи влегуваат во приказната - не постои веќе "ама ама си избрал" Впрочем, повеќе мажи продаваат органи, баш заради тоа што жени во таква ситуација одат или во проституција или во сурогатство.
    Имаше за жена во Индија, станала сурогат за да маж и не го продаде својот бубрег. Слободен избор. Избрале кој ќе продаде дел од своето тело. Впрочем проституција и сурогатство и во основа и на ментално ниво се многу слични, тоа го имаат заклучено луѓе што ги проучувале и двете појави. Исто splitting of the self се случува и кај сурогат мајките и кај проституираните жени, затоа што за да преживееш такво продавање на телото треба да го одделиш телото од тебе. Јас сум едно, телото е друго. Затоа куп проститутки губат дел од сетилата како процес на носење со продавање на своето тело. Постојат жени кои излегле од проституција што не можат основен вкус на храна да почуствуваат. Оти од страна јас и ти можеме најлесно да зборуваме како е да "избор" да продадеш дел од себе.
    Никогаш нема да постои свет во кој сите ќе имаме пари, ама не смее да постои свет во кој оние со повеќе пари ќе имаат апсолутно право на сопственост на телата на оние кои немаат. Тоа е ропство, тоа е најосновната дефиниција за ропство и сите аргументи кои се користат за одбрана и на проституцијата и на сурогатството се користеле за одбрана на ропството во Америка.
    Не сметам дека имаш кој знае каков живот, само сметам дека си слепа на класни разлики што е одлика на една средна класа, дали на Балканот, дали во Европа, Британија или Америка... Сите исто се однесуваат, тотално глуви на класни разлики и анализираат работи од позиција на привилегија.
    Тоа што си ти во состојба да бираш, не значи дека секој е. Едноставно, потребно е да се стремиме кон општество во кое никој нема да биде принуден на таков избор, а не кон општество кое ќе бара начини како да го "легализира и контролира" таквиот избор.
    Ако не грешам, ти беше против продавање на расни кучиња. Оти не си и против продавање на луѓе?
     
    На WildMk, Biljarkata и Celltica им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Кои информации?