Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,3%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    19,0%
  3. Не, никогаш

    143 глас(а)
    64,7%
  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.887
    Не можам бе срц, морам прво мое.
    Ај нека пројде тоа во ред, за 15-20 ќе прајме муабет.

    И тоа видиш, инфектолозите.
    Пауер плеј Ангело, им се може ;)
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.026
    Допаѓања:
    180.134
    Па не е темата комерцијално сурогатство, сурогат мајка е. Си кажавме се што мислиме и пак некој ја почна, мавтајќи со пари- за колку пари би биле сурогат, дали за 20к би прифатиле. Мислам, не знам шо да мислам
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Може. Она мора прво твое е за алтруистички, во Македонија.
    Ние веќе сега збориме за тоа што ти го нарече пауерплеј.
    Може Каме, се сѐ може кога се сака. Јас ќе ти платам, ти ќе родиш. Ама до толку не се сака што и на личност на која не мораш да и дадеш оправдување зошто, автоматски ми даваш (јас би ама мора прво мое).
    Тоа е поентата, сите би, ама да ви се пружи шанса одма ќе избегате.
    Онака, кога немате можност, тогаш би.
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Можеби и емотивната конотација што се дава на сурогатството е искомерцијализирана, да ни го испере мозокот дека многу хумано е да му родиш некому дете, а поинаку си всушност себична. :?: На крајот и немаш избор, како ти здрава, права, родоспособна, не му пружиш на некој кој ете навистина многу сака дете, а не може да има. Себична. Гласно размислувам
    Не сум размислувала многу на темава, дури не сум се нешто заинтересирала. Ми привлече внимание една случка пред месеци што ја читав. Пар од Кина најмиле сурогат мајка да им износи деца (надвор од Кина, затоа што таму е забрането) па кога парот се скарал и се разделиле некаде 7ми месец од бременоста, жената упорно барала сурогатот да направи абортус. Нормално невозможно. Децата на крајот ги остава, не сака да ги земе, а како причина за изборот да се оствари како мајка преку сурогат, е... да не си ја наруши формата и телото.
    Па како на крајот ќе ги раздвоиме, кој од љубов, кој од финансиски причини, кој од нејќам да се здебелам роди ми ти, каква ќе биде таа класификација, и тој закон што би овозможил сурогатство. Можеш да се заколнеш дека од љубов спрема другарката ќе и бидеш сурогат, а на страна сте се договориле да ти плати на црно пари за истото.
    И жално ми е да прочитам, посвоено дете немало да биде сакано. Ако не го сакаш посвоеното, како ќе го сакаш од сурогатот. На крајот пак некој ти го предава веќе родено дете, а емоциите ги стекнуваш потоа.

    Сум рекла многу пати дека имам желба да посвојам дете, а за сурогат никогаш не сум размислувала. И од оваа гледна точка не би се одлучила за такво нешто. Особено пак ако е некоја блиска личност. Многу емоции, многу ситуации тука се неизбежни, еден секогаш ќе страда. Во другите случаи, како горенаведениот пример, ми личи на ладнокрвна трговија со деца.
     
    На WildMk, buba4e89, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  5. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Ова да не е за мојот пост? Еве да појаснам на што мислев иако мислев дека се подразбира на што мислам.

    Многу деца коишто се посвоени поминуваат низ криза на идентитетот и се прашуваат зошто биле напуштени од нивните биолошки родители. Тоа не мислам дека е случај со децата кои живеат со своите биолошки родители. Кога јас би знаела дека сум од сурогат мајка тогаш не би се чувствувала напуштена од мојата биолошка мајка, напротив би ја гледала како херој затоа што направила се за да ме добие. Изгледајте го Anne with an E за да ме сфатите на што мислам во однос на чувството што го имаат посвоените дечиња, најчесто. А не е дека тие не се сакани многу и дека не си ги сакаат мн своите родители (тие што се грижеле за нив).

    Сме се читале и во др теми, сосема ок размислувања си ми имала, ама на ова морав да изреагирам, се почувствував прозвана со твојот коментар.

    Ќе сте затвореле нет за денес. Затворете, секако ништо не сте научиле од толку достапни информации онлајн.

    @DAngel а ти ако не дај боже имаш потреба, ич да не бараш крв да ти се донира, зошто крвта е дел од друго тело и нема што да се дарува, а не знам пак дали некаде и се продава. Исто така и ако му треба на некого коскена срцевина или па крвна плазма како што требаше едно време.

    Свашта бе. Што не ќе прочита човек.
     
    Последна измена: 8 мај 2021
    На christinnn, CameliaMiller, Pixi5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.026
    Допаѓања:
    180.134
    Не мислам дека се однесуваше на тебе:shake:
     
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Искрено не те ни прочитав тебе, не се однесуваше на тебе, не. Се однесуваше на сите небулози претходно. Премногу дегутантно ми е да продолжувам да дискутирам на темава после тие, тука некаде прекинав да читам. Не би сакала да продолжам да дискутирам на тема во која се дискутира кое дете колку било сакано.

    Едит: Сега и тебе те прочитав. И кај тебе делумно го има тој елемент на споредба на генетско дете и посвоено дете, па кое колку било сакано. Не знам како можете воопшто да правите таква споредба. Јас го разбирам моментот на желба за дете од свои гени, ама само гените никого не направиле родител. Толку од мене.
     
    Последна измена: 8 мај 2021
    На WildMk, theowndemon и Biljarkata им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.887
    Ама како би се нафатил било кој да ми прави дете, кога не знаеме дали имам проблеми со плодност? Која е логиката?
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.887
    Па за тоа се зборува постојано - за Украина и колку им е трагично.
    Ако е врзана темава за Македонија и што може и не може тука, ок.
    Ама не е. Или нека направат две теми па да знаеме што е тема, а што не е.

    И од кога не преиспитуваш одлуки на држави?
     
  10. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Не колку било сакано, туку како се чувствува детето во однос на тоа што е напуштено од биолошките родители. Причините за тоа се, се разбира, многубројни, од најразлична природа, но генерално детето кога ќе дознае се бори со себеси. Не спомнав никаде за тоа колку е сакано од тие што го посвоиле.

    Очи може да се затвораат на оваа тема. Среќа што најголем број од родителите би направиле сè за своето дете, но факт е дека има и такви кои не заслужуваат да имаат деца. И факт е дека тие деца на различен начин се носат со тоа, особено кога ќе станат свесни за ситуацијата.

    Детето од сурогат мајка знае дека неговата биолошка мајка не можела физички да ја износи бременоста, а не го напуштила и да, мислам дека чувството е поинакво отколку да знаеш дека твојата биолошка мајка се откажала од тебе (барем додека не дознаеш дека можеби, од некоја причина, морала).
     
    Последна измена: 8 мај 2021
    На Pixi5 и fana им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    168.634
    Пол:
    Женски
    Jesus. Исто така посвоеното дете е ... Веќе остаено, родено, живо ... И ако не се згрижи ќе остани во институција до недоглед. Само зошто ќе има ( а можи и да нема, ризик е, не правило) проблеми ради посвоителен статус не го прај помалку од било кое друго дете па да се прај каква било споредба. А проблемите ради посвоителен статус не се само оти е посвоено, многу подлабоко е и не е темата за то. Оти има многу кои се среќни дека се посвоени оти имаат родители кои му ја даваат цела љубов која ја имаат на свет и најчесто е врзано со подигање од посвоители и несвесни грешки шо ги прат родителите мислејќи дека прат добро. Стварно не е ова темата ама вакви подмукло вметнато коментари и компарации ме иритираат. Ќе се самопријавам да не сум офтопик ама нека излези од мене.

    Муабетот ти е, сурогатство е океј оти детето ќе е посреќно дека е родено од желба. А овие веќе родените ... |(

    Знам дека не ти е та намерата. Ама од страна точно вака звучи. |( Греота некое ќе прочита шо пишите.
     
    На Yowannty, WildMk, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.026
    Допаѓања:
    180.134
    Преиспитувам се, кога според мене не е во ред.
    Не знам, на украински форум ли прашаа- за колку пари би биле сурогат или овде пред 10тина страни:?:
     
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јеховин сведок ме направивте сега.
    Одвратно е што се обидувате да ги претставите посвоените деца како несакани. Сите во животот имаме по некое посвоено дете кое е секако како свое.
     
  14. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски

    Се разбира дека не ми е таа намерата. Се разбира дека немам ништо против посвојување и дека сметам дека луѓето кои го прават тоа заслужуваат многу почит, најверојатно се полни со љубов и се мн храбри. Јас само кажувам за тоа како се чувствуваат тие деца. И колку и да сакате сите овде да го прескокнете овој дел, факт е дека тие деца размислуваат на своето биолошко потекло. Факт.

    Ќе прочитаат можеби, најверојатно кога ќе се возрасни како јас што сум сега, и нели зошто ние возрасните не сме веќе деца и не сме чисти во душите и немаме емоции, ќе читаме секакви работи како на пример избришаниот коментар од борецот за човечки права на темава, за тоа дека тие/ние од вонтелесно не сме биле центар на светот. И ако се мн чувствителни, не како мене, ама како многу луѓе, нема да им падне убаво. Но вашите коментари нема да ја намалат нивната болка, а се надевам ни моите нема да ја зголемат. Зошро еве јасно и гласно кажувам дека тие деца се премногу сакани, исто како и биолошките. Мн луѓе се чудат, но луѓето што се грижат за животинчиња ги засакуваат како дел од семејството, не па за дете да се грижиш.

    Но, ајде сите што се толку гласноговорници за посвојување, а толку против сурогатство нека ми објаснат зошто се одлучуваат за свои биолошки деца кога може да помогнат на мн што се напуштени, а и секако светов има проблем со пренаселеност. Еве новиве генерации нека престанат да раѓаат свои деца и нека посвојат сите. Само и тогаш да не биде, јас би посвојала дете ама само на збор. Како што викате за тие што велат дека би биле сурогат мајки. Има една мн убава мисла: Не можеш да го видиш во другите, она што го немаш во себе. И обратно. Така некој не може да сфати како некој може да е толку широкограден за да износи туѓо дете. И ни еден единствен момент не зборував овде за комерцијалниот аспект. Кога јас би имала потреба од сурогат, надеж би гледала во тие што ми се блиски, а не во странци. Иако немам ништо против ако некој се одлучи за таа опција, зошто нема друга, а сепак сака дете.

    Само сум реална. Убаво кажа ти во еден претходен пост, кога е за луѓе што ни се нам драги и блиски, наши браќа, сестри, деца, пријатели, тогаш нема да осудуваме, туку ќе разбереме. Епа еве јас се обидувам да разберам и кога не сум во одредена ситуација како се чувствуваат и тие што не можат да имаат, тие што посвоиле, тие што се посвоени итн.

    Не можам на дечињата што се напуштени да им ги заменам биолошките родители со еден убав пост, како што не можам ни јас да се поштедам себеси од сите злобни коментари што ги прочитав овде. Можам од форумов, ама од светот нема да се скријам. И затоа се сакам себеси 101% со мојата матка, со моите јајници и со тоа што ми го дал Господ и не се самосожалувам за патиштата што ги одам.
     
    На Lotus Girl, CameliaMiller и Idedemja им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не знам, навистина не би сакала да навлегувам во споредбата. Не сум посвоена, не знам дали можам да има деца, не знам како би реагирала во ниту една од ситуациите.

    Од лично моја перспектива во моментов, секако дека би се обидела да имам генетско мое дете, но дефинитивно и би сакала да посвојам, ако евентуално не може. Ова ми е дури и критериум за избор на партнер. Да можам да имам генетско дете веројатно не би посвојувала зошто мислам дека и онака тешко доаѓаат до деца други парови, сум го видела тоа и сим видела колкава е таа желба за родителство која ја надминува желбата за биолошко дете. Ако некого веќе нарекуваме херој тоа се луѓето кои се доблесни да му овозможат на некое дете љубов и дом кои ги нема. За мене лично, поголема желба за да се биде родител од тоа нема.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.975
    Допаѓања:
    267.887
    Не е небулоза дека повеќето посвоени деца ги интересира од кого потекнуваат, ниту дека имаат криза на идентитет во даден момент.

    Не затоа што посвоителите не ги сакаат доволно, ниту зошто децата не си ги сакаат истите доволно, едноставно е појава која не е и не треба да биде пречка за посвојување.

    Не е ок sugarcoating на ништо да се прави, посебно не на вакви сериозни работи.

    И покрај ова, голем пропонент сум за посвојување, и за мене се посебни луѓето што посвојуваат, без оглед дали имаат или немаат проблем со плодност.

    Ама не секој е кадарен ниту за да биде посвоител, и ок е да знае со што можеби ќе се соочи понатаму.

    За посвојување мислам има и тема, па некако не ми е ок тука да продолжиме да го дискутираме.
     
    На MarijaMi90 и Idedemja им се допаѓа ова.
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Те разбирам и се согласувам сосема. Но, не мислиш ли дека ако мојата братучетка пример се понуди да ми е сурогат мајка за моето дете, е херој? За мене би била. Засекогаш. Да не беше така не ќе беа баш мајките мн често тие што се нафаќаат да се сурогат за своите ќерки. Зошто за тоа треба многу љубов. Љубов што не секој ја има. Зошто тие мајки, за разлика од некои други, што на темава ги има, знаат дека нивните деца имаат право да имаат детенце, основно човечко право е да го сака тоа и не мислат дека нивната ќерка мора да се помири со тоа дека не може да има деца.

    Тоа не може многу често не го ни кажал доктор, туку статистиката вели така. Не може, зошто одреден период не доаѓа до тоа, не е дека нејзините органи секогаш имаат некаков проблем, барем не утврден медицински.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не е основно човеково право да да се има дете.

    Јас лично не сметам дека е во ред мајките да се сурогати за своите деца, особено што процесот кај нив кои веќе се во менопауза е страшно комплициран.

    А и во темава многу малку се дискутираше досега алтруистичкото сурогатство, повеќе се зборуваше за комерцијалното, ама за тоа како што сфатив и ти имаш став против.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    168.634
    Пол:
    Женски
    Не можиш да збораш за сите. Оти подиграње многу влијае на тоа како се осеќаат и колку интересот за биолошкото е љубопитство, а колку е тага. Подкатегорија на тага е очај и бес. Ама скроз можи да с смао љубопитство. Нормално е. Како и да е. Ја напрај споредбата. Зошто? Која е крајната цел?

    После сврти на "о вие поборниците". Нормално на то ќе свртиш ко ќе навредиш цела група луѓе - за џабе.

    Под ова мислам за навреда:
    Не ти е то намерата велиш ама се шо изнесваш пак се сведва на ова.

    Еве како поборник за посвојвање, пошто повика на то :))))))), ако со некој излезам за сериозно со сите карти на маса му кажвам дека се нафаќам едно да родам дете макс, едно посвојвам. Ова ми беше на маса и во последната сериозна врска јер зборавме за деца.
     
  20. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Секако дека е основно човечко право да одлучувам јас за себеси што сакам, да имам слобода сама да си ги носам моите избори (во случајов мојот избор дали ќе имам дете) и тоа да го спроведувам се додека не се коси со законите.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.