@Biljarkata те тагнувам за едно, ок е да не се согласиме и всушност е добро да дискутираме и да не се согласуваме, не е натпревар. Со Ангел на теми не се согласувам, на теми се согласувам, ама секогаш сакам да ја читам затоа што секогаш има поента. А коментари од типот "ама забрането е" или "некој ете решил не чини" итн. не мислам дека се продуктивни во дискусија и затоа намерно ги скокам. Не во темава, каде било. Секое мислење и одлука што афектира цела група на луѓе, треба да е предмет на критика, позитивна или негативна. И уште нешто, небитно е ШТО работам, битно е дека не сакам да работам ама немам избор, морам, оти никој нема да се сожали и да ме издржува, не навлегувам во плата и услови за работа. Исто како што милиони луѓе не го сакаат тоа што го работат или не сакаат да работат ама мораат јебига. И тоа е немање избор, исто така. Ако е планот да ме омаловажуваш со "државна работичка" едноставно скокни ме, глупо е и нема врска со поентата на кажаното.
Ти имаш слобода да имаш или немаш дете. Ама немаш загарантирано право на дете. Тоа значи право. Не е загарантирано дека мора да имаш дете. А легислативата е јасна, не можеш да имаш дете преку плаќање за сурогат во 99% од земјите.
Ама можеш ако другарка ти, сестра ти, мајка ти сака да ти учини услуга. Е сега дал ќе ја почастиш или нема...
Аууу, што зборите бре? Не можам ни да ве дочитам од чудење. Како тоа, детето посвоено со товар ќе дојде нели, ако не сте спремни за таков товар, не знам ни дали би можеле родители да бидете. Утре може ќе имате дете со било какви проблеми (физички, психички) па ќе не можете да се справите. Богдачува Ок е, кажи не сакаш да посвоиш, сакаш свое. Ок е. Разбирливо. Не секој сака. Ама да се навлага во психологијата на детето што ќе го посвоиш, не знам како е поразлично од тоа да го родиш. И така мислам, бидејќи ќе бидат тажни зошто се посвоени, најдобро во дом да растат...
Затоа и оставаат од сурогат родени кога се родат со аномалии, оти товар ќе им бидат. Одма штом малку тешко дојде - пишман, оти исто како свое го сакаат де.. Т.е. оти нивно е.
Па во претходниот пост на овој што го имаш цитирано напишав дека не важи тоа за секое дете. Туку за повеќето. Со која цел сум ја направила споредбата? Па со цел да објаснам зошто некој се одлучува за сурогат мајка, наместо за посвојување. Зошто и јас сакам како и ти да имам барем едно биолошко дете. А, детето од сурогат мајка според мене е биолошко дете. Исто така ја направив споредбата и зошто како што спомна @CameliaMiller, а и сите вие одоколу потврдивте, ( со тоа што кажавте дека е потребно некој да е храбар и посебен за да посвои дете), не секој е во состојба да се носи со тоа да биде родител на посвоено дете. Зошто некои луѓе едноставно се плашат дека ќе ги изгубат нивните деца кога тие ќе пораснат и ќе сакаат да знаат повеќе за своето потекло. Се плашат дека нема да е исто како порано, додека биле малечки. Затоа и мн луѓе не се одлучуваат за тоа, а не дека не можам јас да одгледувам детенце кое е тажно заради нешто. @kravce Може да е и чисто од љубопитство, но верувам дека ќе се развијат емоции кога ќе почне да открива повеќе за своите биолошки родители. Тие емоции може да бидат љубов, среќа, гнев, тага...нема јас да сменам тука ништо со тоа што ќе напишам. Може да сменам, во негативна конотација, само ако јас или моите деца се однесуваме поинаку со некој што е посвоен, како што било порано, кога луѓето биле полни со предрасуди. Или во позитивна, со своето однесување. Знаев дека ќе ми пишеш дека постот ми се сведува на тоа кога го пишев делот за поборниците за посвојување и сепак го напишав. Зошто кога може без табуа да се зборува за сурогатство, зошто да не се зборува и за посвојувањето. Ама еве борецот за права имал некое детенце блиско што е посвоено па тоа го разбира. Ама немал некое од сурогат мајка, па тоа не го разбира. @Celltica Не ми е загарантирано дека морам да имам дете, но можам да имам сурогат мајка ако тоа е од алтруистички причини. Настрана муабетот дека воопшто не значи дека така па гарантирано ќе имам дете, јас или било кој, зошто поважен е ембрионот (кој треба да е исправен и е производ од биолошките родители) отколку рецептивноста на ендометриумот кој пак во овој случај ќе биде од сурогат мајката, што овде ја нарекуваат изнајмена матка. Но, основен човечки порив е желбата за свое потомство, па врз основа на тоа луѓето се одлучуваат на вакви работи. Мајките се разбира не мора да се сурогат за своите деца ако не сакаат. Има постари, помлади мајки со различен ризик. Тоа го кажав само како пример, баш прочитав на фемина статија за ова деновиве, па се сетив. Чисто да илустрирам каква душа е потребна за да се биде сурогат за некого од алтруистички цели. Кога сме веќе кај тоа, јас не знам дали би се одлучила за сурогат мајка кога би ми била тоа единствена опција. Поверојатно ми е дека би посвоила или би се помирила со ситуацијата.
Значи то ти беше намерата. Едино криво ми е дека не згрешив со проценката. Многу, многу криво. Мене не ме мешај со то колку деца сакам. И ич биолошки да немам не ми е проблем. Ти одговорив само зошто најде прибежиште во прашањето. Пишев, пишев и избришав. Џабе е. Се шо пишав е прегрубо и одбивам да го напишам. Имај убав ден.
Ако некого сум разочарала зошто сум кажала дека сакам да имам едно биолошко дете, во ред е. Или зошто сум кажала дека луѓето сакаат да имаат биолошко дете. Најчесто зошто се плашат дека може да бидат повредени во спротивниот случај. Толку честа човечка особина. И не најдов прибежиште во прашањето. Нема зошто да барам прибежиште. Ти мене не ме разочара, за нешто се сложувам со тебе, за нешто не, ама во глобала сметам дека не си човек со лоши намери што и да кажеш.
Размислувам за сурогат мајкиве како се чувствуваат кога ги предаваат децава,не се нивни децата и мислам уште во старт се исклучуваат. Како,не знам. Од друга страна порано во Мк .кога некој не можел да има деца,му раѓала сестра обично и би го дала детето на сестрата за да има дете. Познавам 2 вакви случаи. Во едниот сестра дала на сестра. Во вториот вујко и вујна родиле и дале на внука. И пострашно ми е тоа колку и да е алтруистички. Свое дете да го дадеш. Од друга страна Еу забранува комерцијално сурогатство,а од друга дозволува нејзини жители да користат агенции и сурогат мајки во Украина и руски држави,зошто? Зошто не забранат? Така и Украина нема да извезува ко што велат 1500 бебиња год. Исто и кај нас. Ја читав Васка Леонтиќ, првото го родила со купен материјал, на 48 ,сакала второ на 50,не била подготвена ама имало сурогат мајки кои се подготвени.
Ама јас немам намера ниедна тема да ја персонализирам со ад-хоминеми, сама така се поставуваш. Ти рече, државата не ти давала одмор, тебе не ти се работело, ти си била обесправена. Никаква намера за омаловажување ниту деминутив за работичка кај мене нема. Ако дискутираме ај да дискутираме како што треба, што значи работа и зошто сурогатство не е работа, што значи бременост и зошто не е и не треба да биде предмет на трговија.
Кога ќе кажеш дека некој нема избор, само сети се дека многумина немаат избор, се осеќаат обесправени и понижени, или пошто е конвенционална нивната работа, немаат право на такви чувства? Само тоа сакав да го кажам. И дека секогаш можеш да се најдеш во ситуација да немаш бек оф опција, без оглед што работиш.
Најчесто сакаме да имаме генетски свои деца оти е нагон да прокреираме. Можеме да збориме за љубов, ама пази, пак основата е потреба за продолжување на вид. И нема ништо вау погрешно или себично, како што нема ништо погрешно и себично да не сакаш никакво дете, ни твое биолошко ни посвоено. Се' додека си на чисто со себе што сакаш и за што си способен, ок е.
Ама не зборуваме за конвенционални и неконвенционални работи. Зборуваме за работа и неработа. Оти немаш мерлива услуга, мерлив производ. Ги спомнуваш чистачките, тука имаш мерлива услуга, имаш чистота после. Кај сурогат ако мерил производ - ќе биде детето, и мора да разграничиме со што може и со што не може да се тргува. Оти ни еднаш не одговори зошто да не се легализира и трговија со органи, ако веќе сурогат мајчинство може? Горе-долу исто е. Нели, нивно тело, ако сакаат цело нека го продадат, само да е легално. Франција, Шпанија, ако не грешам, имаа закони кај што не ги признаваат децата родени од сурогат во Украина, едноставно не ги заведуваа, не им дозволуваа на "родителите" да ги внесат како нивни и не им даваа државјанство. Тоа е голем проблем затоа што оштетена страна на тоа е на крај детето. Така тие деца излегуваат ничии деца, пак напуштени оти и Украина не им дава државјанство, не ги чува како свои, не им дава можност да бидат украински. Во принцип што и да направат ЕУ државите оштетено ќе биде детето. Ќе ги казнат парично? Пак на штета на детето иде тоа. Ќе ги затворат? Пак детето. Ќе им го земат и ќе го дадат на посвојување? Не знам, не сум паметна. Зарем има едноставно решение кога Украина дозволува, ги пушта децата и нема никакви контроли?
Да и јас знам ваков случај, го дала своето бебенце на јатрвата бидејќи не можела да роди, пораснале мислејќи дека се први братучеди, кога тоа уствари браќа и дознаваат после многу години. Тој чин ми е незамислив, кога и да ја погледнам сега е веќе бабичка ми иде да ја прашам како можеше да го гледаш како внук а уствари ти е син ...
Дедото на мим не е дете на татко му, туку на чичко му. Сосема позната практика во тие времиња. Чак што више имаме вид сурогатство и во стариот завет, ако сакаме толку наназад да одиме.
@DAngel Во Франција променет е законот,добиваат и француско државјанство и ги признаваат бебињата. За Шпанија не сум читала. Ама ако е веќе забрането можат да ги казнат родителите кои бараат такви услуги по туѓи држави. Многу едноставно ама не ги казнуваат,испаѓа го одобруваат чинот. Француз или Швеѓанец пали авионот за Украина, плаќа и за 9 месеци Шведска добива нов државјанин. @elimkd Јас знам за двајца братучеди од две сестри кои се браќа всушност,не зборат, хаос во семејството.
Поддвојување Split self... Темава ја истражува Kajsa Ekis Ekman (жената од видеата) во нејзината книга Being & Being Bought. Убав текст од нејзе https://medium.com/@IdeasattheHouse/stop-surrogacy-before-it-is-too-late-9910035a63f0 Извадок од тестот за @MarijaMi90 Баш за што мислат децата добиени од сурогат
Сега вака. Ако вадите заби ќе бек офнам и цврц дискусија Значи: 1. Ок сум со позајмување на тело, ако позајмувачот е ок со позајмувањето. Значи не ако мажот ја тера, државата не и' дава социјална помош, него ако стварно вика фак ју најн ту фајв, ќе зајмам вагина, ќе зајмам матка, ќе зајмам пенис, ќе зајмам мишка. Ангелина праша што е "производот" ама јас друкше гледам. Да речеме имам дете и сакам да му славам роденден. Изнајмувам ресторан што е ок со деца да му лепат торта по ѕид и поддржуваат слободно беспеленско какање. Ол инклузив, пиење, јадење, чистење... Нема производ, има услуга. Ресторанот е предмет на изнајмување. Е сега, може газдарицата на ресторанот мрази деца ама нема пари за леб. Не е ок. Може маж и' ја тепа и тера. Не е ок. Може државата не и' дава можност за нормално работно време па мора. Не е ок. Ама можеби, само можеби, газдарицата не сака да работи нормално работно време. Ресторанот го гледа како плус можност за заработка и не ја чеша уво дали деца какаат во него. Не е гадлива, не е осетлива, дазнт гив а шит. Може се осеќа племенито. Се' може. И сега, ќе и' кажеме ние, оу ноу, се продаваш себе, т.е. изнајмуваш себе, шејм, шејм. Тоа што не сме способни да се осигураме дека 100% сака, а не мора да го изнајми ресторанот е еден муабет, Украина муабет. Тоа што некои жени можат, сакаат и баш им е ок, е друг муабет. Истово аплицирај во секоја ситуација што ја сметаме за понижување. . . . Ангелинке, на прашањето за органите. Оти кога ќе ми извадат бубрег тоа е конечно, нема да ми никне нов, финито. Матката ја ризикуваме, АМА, не ја даваме засекогаш. Пак си е наша, ја изнајмуваме. Не можеш сите жени да ги калапиш, реков у 2021 е шит комерцијално сурогатство оти е претешко да одредиш која поради што се одлучила. Затоа у 2021 сум ПРОТИВ; но како можност кога би успеале да бидеме сигурни дека сурогатот е навистина со желба, а не од немање избор, ок. За бебињата е реков полесно. Не може ничие. Прв здив и е на нарачателите, нема сакам нејќам, исто како да се породила.
Да де, променет е по совет на европскиот суд за човекови права, со образложение дека без разлика што е нелегално во Франција не можат да ги казнат децата што родителите отишле кај што е легално во странство. Е, план им било да почнат процедура за посвојување од кога се вратат, демек ќе го запише ама ќе стои дека не му се тие родители туку ќе се запише родителот од странство. Како, кога клиниките не даваат такви податоци, појма немам... Не знам како е, ама воглавно променет е законот. Италија ли, Шпанија ли, уште некоја се инатеше ама не знам што стана со тоа.