Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,3%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    19,0%
  3. Не, никогаш

    143 глас(а)
    64,7%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кај сурогат никогаш не се прави ин-витро на природен циклус.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакате вие од ин-витро одговор на тоа прашање? Знам жени што после интензивни неколку обиди за инвитро изгубиле органи и се на постојани лекарства до крајот на животот. Куп хронични болести се развиваат од интензивни хормонски терапии, почнувајќи и од контрацептивни, па се до инвитро кое како постапка прави куршлус низ организмот, ама никој не доаѓа да ви пишува за тоа затоа што е ваша лична жртва и сметаме дека е ваше право да направите сѐ што можете за дете. Оти ваше тело-ваш избор? Да бидам и јас религиозна малку :D
    Ама не може да ја аутсорсирате вашата болка, патња, бременост и сите процедури, постапки, проблеми и хормони поврзани со бременоста на друга жена. Никој не ви вика никој сами да го одите тој пат, ама не можете да ставате друга жена да оди низ него, па била таа и "дебело платена". Оти нејзиното тело не може да биде ваш избор. Вие не може да одлучувате што ќе се случува во туѓо тело, вие не можете да поседувате туѓо тело. Не смее ни една личност да се собере во позиција на губење на автономијата врз своето тело.
    Толку, крај на приказната.
    А ако сите опции се исцрпени, и маж ти смета дека друго тело би можело да го роди тоа бебе и да биде ваше, нека проба тој во неговото.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.025
    Допаѓања:
    180.131
    А мене поентата ми беше, ретко некој ќе каже, благодарна сум на родителите за се што направиле за мене, па какви сака нека бидат, биолошки, вакви, онакви. Многу почесто мани наоѓаме, па прашуваме за што сте ме донеле на овој свет, не секогаш ради родителите, некогаш и ради светот. Ама тоа е скроз 16 та тема.
    Тоа па, кој што пише или кажува на социјални мрежи е сосем друга дијагноза, сите наеднаш универзални големи вистини кажуваат, па пре-благодарни се, па поддржуваат, па не поддржуваат, ехее...Врска нема тоа со животот.
     
    На CameliaMiller и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  4. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    Маж ми не смета дека треба друго тело да го роди нашето бебе, не сум ни разговарала никогаш за опцијата за сурогат мајка ни со него, а ни сама сум размислувала на тоа. Маж ми сако смета дека треба да пробаме со медицински потпомогнато оплодување, а тоа не мора да е ин витро секако. @DAngel

    Мн си сигурна дека не сум против сурогатство заради лични причини, само зошто си видела дека сум напишала неколку постови во вонтелесно. Епа не зборувам од лични побуди, туку тоа ми е ставот. Инаку по оваа логика и ти зборуваш против од лични побуди, зошто си поминала една бременост и сметаш дека тоа ниту една жена не треба да го прави за никој др освен за себеси.
     
    Последна измена: 9 мај 2021
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Тука ти е одговорот, бидејќи сите сурогати САМИ одлучиле за своето тело и сами одбрале да бидат сурогат. Брачен пар може да бара, ама не и да натера некоја на сила да им роди бебе, било за пари или за без пари.
    Оди убеди ја мајката која ѝ роди дете на својата ќерка дека е робинка и сѐ што изнапиша овде. Да, има и вакви случаи и кај нас.

    И кога ќе пишуваш пак за Украинските сурогати, немој да тврдиш дека се присилени на тоа, дека немале избор, затоа што тоа апсолутно не е точно. Дали имаат здравствено осигурување или не, за сѐ се информирани со договорот кој тие го прифаќаат. Секогаш имаат избор да не го прават тоа.
     
    На Lotus Girl, MarijaMi90, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Изборот не е навистина избор, кога општеството ти нуди две опции: Или ќе гладуваш, или ќе си сурогат мајка.
    Има други начини да се санираат егзистенционални проблеми како кров над глава, храна, облека, образование, здравство.
    И работа на општеството е да ги овозможи тие начини.
     
    На theowndemon, Mikha4 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.973
    Допаѓања:
    267.877
    Точно, ама иди смени го светов и нека нема срање "избори".
    Нат гона хепен.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Епа ако се бориме за нешто, треба да се бориме да се обезбедат услови за живот на секого, а не да бараме да воведат монетаризирано сурогатство.
    Со второто, сурогат мајките се жртви на системот и ништо друго.
     
    На theowndemon и Biljarkata им се допаѓа ова.
  9. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Многу работи општеството не ни ги овозможува ама тоа е тоа. Сите различно се бориме, а и придонесуваме кон тоа.

    Некој овде даде бројка од 1500 бебиња годишно дека се раѓаат во Украина од сурогат мајки. Во Украина има 23.5 милиони жени од вкупната популација, 80% од нив се во години во кои се способни телесно да раѓаат. Дека сите се злоупотребени или измамени, втурнати во ропство не ми е некој аргумент, затоа што податоците викаат поинаку. Не е дека немаат избор и не знаат што прават. Секогаш имаат избор да бараат редовна и помалку платена работа, да бараат работа во странство итн. Може да се грижиме за нив и да не нѝ е во ред целиот концепт, но тие решиле поинаку. Кога нив ќе ги убедите во тоа, тогаш може да се дискутира.

    И јас сакам да имам многу повеќе избори во нашава држава, ама ги немам. Да не се лажеме, кај нас има многу жени што радо би заработиле на ваков начин доколку би имале избор, отколку да си ги редат болките по конфекции и фабрики. И ќе гледаат многу поинаку на тоа отколку што тоа овде се претпоставува како им е нив и како они се чувствуваат.
     
    На Idedemja и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.295
    Допаѓања:
    125.948
    Пол:
    Женски
    Не.Америка е далеку од супер.
    Аман со споредбиве. |(
    Сè што е направено против волјата на некој е забрането и треба да остане забрането.
    Ама,не треба да се грди сурогатство при кое жена дала согласност да носи живот во себе,дури и да е платена за тоа.За грдење и за осуда ќе е ако е присилена на тоа,значи против нејзина волја.
    И јас сум повеќе за алтруистичко сурогатство.Ама,ако на некоја комерцијалното ѝ е единствена шанса,тогаш треба да ѝ е достапно како опција.Да е строго регулирано со права и обврски на инволвираните страни.
     
    На Idedemja и Mikha4 им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Зошто?
    Зошто на некој да не му е легално достапен бубрег да си плати ако му е единствена шанса да не оди на дијализа?
    Муабетот тука ти е на левел дека сите средства се оправдани за да се задоволат комодитетите на други луѓе.
     
    На mimiiiii, theowndemon и Biljarkata им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е нејзин избор. Мислам на сурогатот.
    Ако е она ок со тоа нејзиното тело да биде еден вид инкубатор, за пари или од љубов, не гледам каде е проблемот?
    Никој не збори тука на сила оплодена јајцр клетка, туку со нејзин избор.
    @CameliaMiller убаво напиша на едно мислење. Ако тоа и е единствена опција за приход и е приморана тогаш не е ок.
    А ако сама сака матката да си ја зајми, тогаш што не е ок?
    Родител не бидува само и само со раѓање на детето.
     
    На Idedemja, nextredstyle и Mikha4 им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.973
    Допаѓања:
    267.877
    А дур се избориме што да прават?
     
    На MarijaMi90 и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.025
    Допаѓања:
    180.131
    Епа каде е тоа супер?
    Каква согласност дала кога е условена со пари? А пари на сите ни требаат, некому повеќе некому помалку.
    Само работи направени против воља се забранети? Јас на пример ептен своеволно би пренесла свои пари , 30 ке преку граница, ама забрането било. Зошто?
     
    На MilaSs12 и WildMk им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.973
    Допаѓања:
    267.877
    Ама сите сме условени со пари Биљо.

    Али од наша позиција не знаеме па како е да работиш чкљ работа со чкљ плата, па ќе ги учиме за дигнитет.

    И да, да може во мк, прилично сум сигурна дека многу жени би се нафатиле.
     
    На Idedemja, nextredstyle и Mikha4 им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    ... искрено, не знам... ама не мислам дека монетаризирано сурогатство е начин.
    Само ќе продлабочи проблеми во ионака нефункционалниот систем кој го имаме.
     
    На Biljarkata и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.025
    Допаѓања:
    180.131
    Prvi put je bilo teško. Imala sam trudničku mučninu, nisam imala gdje ići, a imala sam trogodišnje dijete. Samo sam sjedila između svoja četiri zida.
    ...
    Kada sam prvi put vidjela posljednje dijete ležalo je u rodilištu. Upravo sam potpisivala dokumente, a dječak je počeo plakati. Nitko od ljekara ili sestara nije reagirao, bili su zaokupljeni administracijom. Nekako mi ga je bilo žao i htjela sam ga uzeti na ruke. No osoblje me zamolilo da odem. Onda sam, naravno, malo plakala. Da, bilo je teško. Poslije, kada sam otpuštena s klinike, otišla sam s mužem do roditelja djeteta, koji su u Harkovu iznajmili stan. Tamo sam bebu uzela u naručje. Dlanovi su mi se počeli znojiti, a ruke drhtati. Odmah sam dječaka vratila nazad, njegovom ocu. A muž mi je rekao da bi bilo bolje da odmah idemo kući....
    ...Prvi put sam bila potpuno ravnodušna. Drugi put sam dojila dijete. Kada su ga uzeli, to mi je teško palo. Često sam mislila na njega.
    ...
    Želite li još jednom biti surogat-majka?
    Da, htjela bih. Ako me usprkos mojim godinama i brojnim porođajima uzmu, spremna sam. Još samo ovaj put.

    Еве ги, сите три пати. https://www.dw.com/hr/nisam-majka-tereza-ukrajinka-kao-trostruka-surogat-majka/a-53814281 Ама само уште еднаш, за последен пат. И така, се дури може... Инаку своеволно е, знае што праи, заработува пари а пари стално требаат.
    Супер кариера, што повеќе да кажам:(
     
    Последна измена: 9 мај 2021
    На Yowannty и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  18. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Јас не мислам дека некој зборуваше за дигнитет тука. Јас не мислам дека достоинството на сурогатите воопшто беше ставено како тема на дебата.
    Туку дали имаат воопшто друга опција.
    И искрено ме ужаснува помислата дека од комфорот кој го уживате правите споредби е да беше овде како во Украина многу ќе се нафатеа. Запрашајте се зошто многу ќе се нафатеа. Од иста причина зошто голем дел од луѓето идат на нафтени платформи и во воени бази, се враќаат со нарушено здравје.

    И не дај боже да сме некогаш како Украина или Индија. Во секоја смисла на човекови права.
     
    На WildMk и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.669
    Допаѓања:
    18.314
    Пол:
    Женски
    Klinike tvrde da surogat-majke žele pomoći parovima bez djece
    Iskreno rečeno, nisam tamo otišla kao Majka Tereza da pomognem parovima bez djece. U prvom planu mi je bio novac. To je istina. Do danas imam kontakt sa tim roditeljima i oni su veoma zahvalni. Raduje me da sam im pomogla. Ali ja sam imala moje vlastite ciljeve.

    Vi dakle ne smatrate da je surogat-majčinstvo iskorištavanje žena?
    Ako se neka žena odluči za to, onda zna zašto to čini. Meni je ponuđena izvjesna suma i znala sam što za to mogu kupiti. Ne vidim tu neko iskorištavanje.

    Kako ste potrošili novac?
    Nakon prvog surogat-majčinstva platila sam pola trosobnog stana, poslije drugog pola dvosobnog stana. Kasnije sam oba prodala i kupila jednosoban stan, koji sam kasnije prodala. S novcem od trećeg djeteta kupili smo kuću u Harkovu i dva automobila. Toliko novca za to vrijeme ne bih drukčije mogla zaraditi.

    Ова е нешто како проституција за многу повеќе пари. Кога ке пресметам, 55 е ден.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Според сите податоци, интервјуа и сведочења овде, сепак е личен избор, договор меѓу две согласни страни од кој и двете страни имаат бенефит, а не ропство и немање на избор.
     
    На ocicka2014, Idedemja и nextredstyle им се допаѓа ова.