Кога во темава се толерираат вакви оф топици биди појасна на кого се однесуваше Убаво ти кажа Каме ова не е натпревар, дискутираме отворено и јасно, а не да омаловажуваме нечија државна работа или мислење. Јас тука сум дошла да изнесам мои ставови, ако на некоја не и чинат има опција игнор, ама има како тебе и уште неколку кои само напаѓате дали тенденциозно дали од што не сте разбрале па влечете погрешни претпоставки и првични заклучоци, не знам навистина. Ама ако нешто не ви е јасно прашајте пред да цитирате ради реда колку онака да се пише нешто без врска и уз пат додаде нешто што јас никаде не сум напишала како на пример во твојов цитат конкретно ова: Kаде јас напишав љубов гарантирана? И да освен ако што... напиши си слободно за тоа сме на темава. За посвоените еднаш ќе се објаснам и која како сфати така. Пишував за посвоени деца во минатото кога немале опции за потпомогнато или сурогат и единствен начин да имаат дете било да се посвои, за минатото во кое мажите претежно работеле, а жената била домаќинка и се очекува да гледа дете дома, па под притисок на околината, колку и да не сакала таа или таткото да не сакал сепак земале и посвојувале иако од старт едниот од родителите тежнеел повеќе кон генетски свое кое Каме убаво ви објаснила тука за што станува збор, нагон за себепродолжување. И ај сега да ги осудуваме што така сакале и осеќале, а им било невозможно со тогашната медицина да го остварат или ај ќе и го омаловажуваме мислењето и ќе и вадиме муабети на оваа што пишала дека има вакви случаи во минатото, па ќе и ги извртуваме и додаваме наши да испадне пишала дека љубовта на кантар ја става, а јас никаде не го пишав тоа. И би се надоврзала на мислењево на Каме истово можеби би ти го пишала ако пишувам подетално наместо неколку пати што ти пишав кратко ако немаш издржани аргументи кога ме цитираш да ме одминеш бидејќи и јас намерно во иднина ќе ги скокам или пријавам како оф топик да забришат како што и сторија знаеш за кое твое мислење и самата.
За тебе можеби е најдобро, за мене е да се дообјаснам и доискажам бидејќи се осетив тенденциозно нападната со извртување на моите зборови. А веќе кога почнавме да препорачуваме за која што е најдобро, може е за тебе најдобро да ме игнорираш или ако сметаш дека е оф топик пријавиш има кој да одлучува за тоа.
Зошто ни една не договори на прашањето 100 пати поставено до сега на темава. Зошто тогаш с Ане е легална и трговија со органи? Ако јас лично одлучам дека сакам мој бубрег да продадам, зошто да биде забрането? Сама сум одлучила, нели? Не се работи за рентање на телото, туку за губење на контрола над телото. Моментот си потпишал и нема назад, не можеш да се предомислиш и да побараш абортус. Не можеш да му кажеш некому "ти се согласи и тоа е тоа, нема назад".
@Celltica , @Biljarkata Не може сè да е дозволено.И не треба. Темава е за сурогат мајка.Друго не треба да се меша. Ако во други ситуации(абортус,тетоважи на тело и друго) жената има право да прави што сака со нејзиното тело,има и во оваа.
Ама ти викаш ако некоја нема на располагање сурогат мајка алтруистички, треба да има на располагање комерцијален сурогат? Зошто? Кај е границата што е, што не е дозволено? Ете прашав, зошто да не е доволено орган да си продадеш? Зошто не е дозволено да си рудар повеќе од x години? Нели ако сакам можам да сум рудар и без бенефициран стаж, мое тело нели? Ама не смее. Што е тука поразлично па да смее споредено со трговија со органи?
Јас не можам да најдам жена која би родила дете. Дури ни парично. Сите се вака јаки преку тастатура да кажат ,,Да, јас би родила", додека во живо муабетот е ,,Абе знаеш не сакам да си го упропастам телото, мислев за понатака". Даље не коментирам.
Ти одговорив у другата тема, не е дека никој . . . Иначе, за психологија на посвоени деца, nature vs nurture итн има доволно бесплатни студии, кој го интересира нека чита. Темава не е соодветна за таа дискусија затоа нема да дискутирам. И да, во минатото, морало да имаш дете, сакала или не. Уште има луѓе и денес што ќе ти кажат дека џабе постоиш без деца. Ама пак, и тоа е др. тема и си има соодветна за истото.
Како тоа продавање на орган и раѓање се исто? Јас еве при пораѓање, нема да ја избацам и матката. Бебе не е орган. Бебето не го продаваш. Нема споредба,затоа никој нњ ти одго орил
Аман... Зошто уште мешаш други ситуации? И оваа и другата тема се за сурогат. Реков,не може сè да е дозволено. Не сме во анархистичко општество и не може да правиме сè што сакаме. Има контролори кои сакаат да спречат злоупотреби.Има и такви кои имаат свои интереси. Не велам сурогатство без контрола,туку под контрола.Правата и обврските на инволвираните страни треба да бидат добро уредени за да се спречат злоупотреби.
Може да останеш без матка, нема гаранција. Секој пораѓај го носи тој ризик. Плус без еден бубрег се живее Како бебето не го продаваш? На ти пари - дека ми бебе. Буквално продажба на бебиња. Ама баш буквално. Размена на бебиња за пари
Ама ете ти не одговори, во која тоа земја е така супер уредено, да комерцијално сурогатство е без злоупотреби? Кои се тие контроли? Како го замислувате тој ,,работен однос,,? Значи еве, имам 20 години, 1 родено дете и ми требаат пари, влегувам во аранжманот. Кога јас ќе бидам платена? Што ако го загубам бебето, а сум го носела пример 6 месеци? Што ако бебето не е здраво? ...итн да не редам бед трип сценарија, кои се случуваат во 1/3 од сите бремености. Да не редам и други бед трип сценарија кои оставаат последици по здравје и по бременоста, заради природата на фертилити бизнисот. Итн... Да ја разгледаме и страната на барателот на услугата или уште не сме до таму дојдени? Не се само прос, има и конс.
Е сеа јбг, можам и нога да изгубам ако се лизнам или ме удри кола ако гледаме се на тој начин. Кај сурогатот не секогаш јајце клетката е на сурогатот, некогаш е на мајката. И не секогаш сурогат бара пари. Али еве без разлика на се, не е ок да го родиш и да им го дадеш во својство на сурогат ама ок е сама да си го родиш и да го дадеш на посвојување. Секоја жена има своја матка за која сама си одлучува што ќе прави со неа.
Вајлд, значи ти си Вајлд не би можела , друга ете би можела. Различни луѓе сме, секој за себе си знае и одлучува. На прашањето до кога. Се до тогаш додека не би успеала. Тогаш би престанала. Ако ме можам природно, ќе одам вештачко, ако ме може со наш материјал ќе одам со туѓ, ако не можам во моја матка ќе го износиме во друга, на крај и посвојување. Се додека не ги искористам сите опции нема да се откажам. Психолошкиот ефект на онаа која сака да се оствари како мајка, а нема да може е многу поголем од прихолошкиот и физичкиот ефект кој го трпат борејки се за тоа.
Ти и не можеш да исполниш услови, рекреативно само Роналдо може да се размножува како сингл. Нека ме поправи некој ако грешам. Можеби и не си сингл, лупетам. Треба да поминеш години низ разни асистирани техники на репродукција без успех, со маж, за да исполниш услови. Освен ако не си Роналдо.
Ембрионот може апсолутно да не е на ни еден од родителите. Дали тогаш ќе одиме по донаторите или оние што го продале генетскиот материјал да им го дадеме детето? Дали кога пат оти на потпомогнато со туѓ материјал не е нивно детето, или е детето на оние што го износила?
Ембрионот е на тие што си го купиле Ангел. Макар купиле јас и мим ембрион од купена сперма и купена јајце клетка направен, и после во моја матка вграден, пак е - купен. Тоа што е израснат во моја матка го прави помалце трговија? Не, не е трговија со бебиња. Со матки, да, трговија е, на ти ембрион и пари, рентај матка, врати ми го ембрионот како бебе. Едит: сакам објаснување, искрено @RainBow