Zdravo devojki. Znae nekoja kade ima takov registar za prijaveni kandidatki koi sakaat da bidat surogat majki?
И јaс јa пoдржувaм oвaa прoгрaмa aкo мoже тaкa дa се рече ,мислам сaмo делa кaј.нaс е мнoгу тешкo зa реaлизaцијa oд причини.штo сме мнoгу.мaлa држaвa,сите се зaмaрaaт кoј штo ке рече,пa aкo.дoзнaе oвoј oнoј,другo е прoблем штo се мнoгу стрoги реченo услoвите oд држaвaтa и лугетo -жените вooпштo не ни размислуваaт зa вaквo.нешто дa се пријaвaт .Кoлку штo рaзбрaв незнам дaли е тoчнo сурoгaт мaјкaтa дoбивa секoј месец пo еднa прoсечнa плaтa a кoј ги снoси трoшoците незнам дaли oнa ги плaкa сo тие пaри.Треба мaлку и дa се прoмoвирa нa лугетo oвoј прoект,дa бидaт сите запознати дa ги oтргнaт тие стaрoвремски свaкaњa и мислењa.А мислам држaвaтa не дoзвoлувa сурoгaт мaјкa oд другa држaвa штo мислам е минус .
Некој линк има од законов? Јас би се нафатила да бидам, бидејќи знам какое да се бориш со оваа чума наречена неплодност и колку некои парови посакуваат детенце, а неможат. Но секако прво да успеам да родам свое
Носењето на Законот за сурогат мајчинство е за секое поздравување. Но, сепак, сметам дека е премногу лимитиран што се однесува до тоа дека: -Биолошка мајка може да биде само жена која има проблеми поврзани со репродуктивниот систем. А што е со оние жени кои имаат одредена физичка инвалидност, можат да забременат, но последиците од бременоста можат значајно да и ги оштетат здравјето и да не може потоа да се грижи за детето? Веројатно некои од вас ќе кажат дека физичката инвалидност може да го оневозможи воспитниот процес, но не мора секогаш да значи. Би било фер да им се даде шанса и на оваа група на жени. -Исто така не ми е јасно зошто само паровите се вклучени во Законот? Живееме во време кога самохрани мајки има доста, и ОК се снаоѓаат. Зарем само брачен пар е гаранција за здраво семејство? Поздрав до сите вас девојки
Друштво дали знаете кои жени се кандидати за сурогат жена? Од што би зависело, колку неуспешни обиди да имаш и сл работи некое инфо имате... и дали некоја се соочила со ваква тема предложена како решение по 3 неуспешни трансфери ? Оно уште по првиот трансфер е предложено, но по секој трансфер е влечен истиот муабет ... не ми е јасно јас овде единствена сум со вакво нешто кое доктор и го предложил или ? Ве молам без коментари од типот нема ништо лошо во тоа зошто јас сепак млада сум и не сум имала 10 неуспеси со 10 години борба, за да ми се предложи вакво нешто.. Секое искуство, мислење, инфо ќе ми помогне во мојата ситуација фала однапред на сите.
Јас се јавив во Фондот и ми рекоа да аплицирам со сите исти документи како за обично инвитро. Имам 4 обиди и никаква бременост досега. Му кажав на докторот, вика ОК пробај, или тоа или донација на јајце клетки (јас не бев за тоа пошто имам супер ембриони досега и поверојатно ми е дека проблемот е во матката, еден куп операции имам). Се согласи и он и сега ќе аплицирам. За Фондот условот е 3 неуспешни инвитра. Ќе пишам штом аплицирам, ќе ти кажам се што како,.. претпоставувам дека се жени од социјално ранливи категории, тешко тука од алтруизам таква работа.
Ана и Софи благословени да сте што ја спомнавте оваа работа со сурогат мајка или со дпнирани јајце клетки.И јас сакав да пробам и да поднесам и да прашам во фондот како идат работите во вакви случаи како нашите.Јас имам едно неуспешно ивф.Меме ми е изгледа рано зошто требаат уште 2 ивф.Јас имам имунолошки проблем и други жени со овој проблем како мојот родиле здрави деца,но кај мене нема бременост.
Мислам дека треба да си побараш и друго мислење од друг доктор(ако ова ти го предлага само еден доктор) и браво ете позитивно си размислуваш млада си дај си време направи повеќе консултации и само така позитивно Секоја можност да се стане родител треба да се искористи целосна подршка делот каде што напиша дека претпоставуваш дека се тоа жени од социјално ранливи категории мислам дека не е во ред.Мислам дека сепак тоа се жени кои мора да бидат психофизички спремни мислам на здрава храна и без стресови за да може да се пријави како кандидат истото важи и за луѓето кои донираат ј.клетки и сперматозоиди не е така едноставно идам да донирам за пари,тие поминуваат низ бројни тестирања и се бирани.Мислам дека ако барате сурогат мајка ке ви биде предложена некоја од странските установи лиценцирани за тоа како банките за ј.клетки и сперматозоиди.Керката на пријатели на моите пред 2год.си доби така керкичка и ја донесоа на аеродром 15 дена откако се роди.Се извинувам за долгиот пост сакав да го споделам за да олеснам
Како бе девојчиња докторот ви предложил и се согласил Или тоа или тоа. Или сурогат ,или донирани јк! Па нели се тоа два различни проблеми . Ако некој има слаби резерви ,нема што решението да го бара во сурогат. Или ако има добри ембриони и убава резерва , зошто би одел со донирани. Не дека сакам некој да одвратам од замислата да иде со сурогат. Но сметам дека само после 3 трансфери ,мене лично, решението не би ми било сурогат. Немам ништо против , да не се разбереме погрешно. Напротив! Убаво што сето тоа е возможно. Ама @Софија 88 , ти мислам имаш само 2 ивф направено , и еден трансфер со замрзнати ако не се лажам. Тоа според мене пак ќе кажам не е бројка која означува дека ее врем за сурогат
Можда не напишав најпрецизно,.. Отидов кај докторот со намера да пробам со сурогат, тој сметаше дека треба да пробам со донирани. Имам добар АМХ, добри ембриони и си останав на моето дека сакам со сурогат. Причините се 4 досега направени операции, и 4 неуспешни инвитра. Мислам дека ова ми е единствен спас за мое дете. Двајцата констатиравме дека нејќе работата, секој имаше различен став кое смета дека повеќе може да донесе успех, па се согласивме со моето. 40+ сум и според него не значи дека не е до ембрионите, но за жал не може да се утврди вистинската причина па остануваат овие 2 опции. Ќе пробам сепак со мојата и докторот ме поддржа. Се аплицира до Фондот. Ако ти одобри ти ја даваат на увид базата на жени кои би прифатиле, изборот е твој. Па следи психолошко советување извесен период. Клиниката само ја врши процедурата (стимулација, пункција, трансфер...)
Ана ти беше и попуни формулари илиии....Сакам и јас да појдам,но дали треба мислење -предлог од матичен гиниколог...Или само да појдам со сите резултати и таму да поднесам барање.Јас не би идела со донирани оти нема потреба али за сурогат мајка сум заинтересирана.Ти благодарам
Ептен ти е рано мила за сурогат ако имаш само едно неуспешно досега.. Плус, услов за да аплицираш е 3 неуспешни. Цела документација е иста како за обично инвитро. И образецот од матичниот. Уште хормони да испитам, чекам да добијам, па ќе аплицирам
Бубче јас имам три неуспешни трансфери со замрзнати се сите, и уште по првиот трансфер ми беше предложено за сурогат, како го виде тоа дека сум кандидат искрено незнам и од тогаш цело време истиот муабет се влече три пати како единствена опција да се успее... не свакам ништо искрено, ембриони бластоцисти топ се вика, ендометриумот сега третиот пат ми беше 11,2 а имплантација ниеднаш немав, ...вториот пат имав биохемиска рано земав крв на 11 ден ми беше 3 бета а на 15 ден 1 бета ..а овојпат на 11 ден под 1 бета изгледа ни биохемиска немав...незнам кој пат да го фатам , некако млада сум за таков муабет и малку трансфери имав за да се решам на таков чекор ум немам се надевам греши докторот во прогнозите, психички се пореметив уште од првиот трансфер, а после таков муабет иди биди опуштен.. Бев на консултација чисто кај Гуржанова пред овој трансфер она сметаше дека на тенок ендометриум докторот ми ги правел ин витрата ( од ехо сликите ова виде ), малку чудно и тоа ми падна зошто вака така сме стигале докај 9мм првиот и вториот трансфер...а не и спомнав дека од мојот доктор имам предлог за сурогат, незнам колку би можела и она да ми каже и види од само едно ехо.. фала ти на подршката ми значи многу ❤
@Софија 88 мила, се извинувам, не сакам да те изнервирам со коментаров, но можеби треба да размислиш да слушнеш и други доктори што имаат да кажат за твојот случај.
@Софија 88 Се согласувам со @Оли не можеш да веруваш само на еден доктор. Велиш млада си, добри ембриони, а мислиш за сурогат мајка. Кај Гуржанова, кај друг, трет, секаде ќе појдиш за мислење. И нека ти направат преглед не само од документи. И мене еден доктор упорен со мислење вака, така,...ама не било така. Тешко се решив да сменам доктор ама сменив и да друг пристап и среќна сум што консултирав повеќе доктори пред да одлучам што ќе правам.
Јас колку што знам кандидати за сурогат се жени кај кои од некои причини е отстранета матката, имаат деформитети на матката и други неправилности, или од други здравствени причини да не можат да износат бебе. Ти имаш некој проблем со анатомијата на матката? Јас пред да донесам одлука,што ќе правам бев на неколку консултации кај различни доктори. Не сакам да звучам лошо, но како знаеше дека ембрионите се генетски здрави? Кај нас не прават испитувања на ембриони... така што... може и до тоа да е... Не е само матката битна... тоа,сакам да кажам. И не се откажувај!
И мене ми е така логично мила, матката ми е хипопластична во Т форма и покрај хистероскопијата, но еве и Гуржанова рече да таква е но без проблем до 34 недела ке можеш да износиш со таа форма..имав проблем со дебелината на ендометриумот но овој трансфер беше супер 11,2...за ембрионите искрено незнам колку се квалитетни, он на збор вика супер се бластоцисти вака така...и префрла" вината" на матката дека не е рецептивна и дека таква била "невгнездлива" како да ја наречам незнам ни јас ..и поради таа причина вика за сурогат..фала многу на подршката од сите вас ми значи, зошто незнам кој пат да го фатам веке и од која страна попрво да му ја мислам нервоза веке долго време ❤❤❤ Да обавезно ќе мора да сменам нешто, што е најинтересно и самиот доктор по вториот трансфер а и сега третиот ми вика незнам се направив да бараш чаре кај некој друг може нешто друго знае што ја незнам... чим он се откажува или е работата врвка или сака да се отараси од еден при сета гужва.. Јас му реков никако не размислувам за сурогат, а он двапати ми го нуди како решение, ... јас неможам да се помирам како после прв неуспех кажува таква работа на сепак млада жена, а сепак продолжуваше ин витра да ми прави само еден Бог знае како ми било цело време од тогаш до сега и иди биди релаксиран мисли дека ќе успееш нареден пат на психа ме удри мислам ужас ..ќе размислам летово убаво за се ❤ не мила таман работа, баш напротив ми значи сите што ми пишавте, дадовте подршка и ваше мислење ве гушкам сите...ќе одморам летово, убаво размислам донесам се надевам нова паметна одлука (за доктор )па белким и среќата ќе ми се насмевне тогаш, Господ нека е со сите нас и нека не насочи на прав пат да ни се исплатат макиве ❤❤❤
Вака кога размислуваш, ме радуваш. Тааааака, избери си друг доктор. Овај од прв неуспех гледаш што ти кажал, навистина ти ја пореметува психата. Нема некој кој нема да го погоди тоа. Со новиот избор на д-р мораш да веруваш дека ќе успееш, но релах, мозок на пасење...само така и успехот е неминовен.