Мора да им ограничување што се продава Камелија, не може продажба на човеково тело да биде ок. Језиво е јбг, језиви сте.
Аман ти со прашањава. Ваљда си има правила и прописи, се' е заведено во договор кој го читаат и двете странки, опфатено е се' што може да се случи и ако им одговара -потпишуваат. Или така почнуваат со процесот па после на кој како му текне така си прави
Па за ова треба да се умешаат адвокати и да се постават услови уште пред да започне постапката. Реално, може да има 1000 начини да се злоупотреби работава од секоја страна.
Договорот е меѓу клиниката и родителите Бриџо. Договорот е ние вам пари - вие нам детенце. Не е битно колку обиди, колку неуспешно бремености и колку жени се променети. Немаш неуспешен обид за сурогатство па пропаднале парите. Платиш и имаш гарантирано бебе, остатокот агенцијата го води. И да, многу често за пропадната бременост не добиваат ништо. Оти не "доставиле". Не испорачале "производ".
Тогаш што е проблемот, што е со глупите прашања што ако ова, што ако она? Постои сигурно договор и помеѓу сурогат мајката и клиниката или агенции па им е регулирано што се случува ако не се доноси бебето или при здравствени проблеми.
Треба да ти платам одредена сума ако не е по твоја желба и избор, шит хепенс. Иншуренс енд стаф. Затоа ти си имаш твој адвокат што ги брани твоите права, не само околу плаќање, него и одлуките во смисла здравје, ако настане проблем во бременоста и е пожелно да абортираш, ти да ја носиш таа одлука, не јас. Дали сакаш епи, на пример. Дали сакаш да јадеш веган или месо. Ти ми изнајмуваш матка, не целокупно здравје и авторитет над себе. Ако решиш до 12та недела да абортираш оти си се предомислила, капар си чуваш. Секако цела цена не. Исто и обратно. Сум ти дала одредена сума ама јас се предомислувам. Капарот си е твој. Можам и треба да ти понудам сместување, храна итн. за време на бременост и закрепнување. Твое е да прифатиш или не. Не мора да биде злоупотреба. Може да биде и договор со обостран бенефит и никој да не се чувствува приморан.
Еве мене не ми е језиво, не продаваш, изнајмуваш матка. Какво ограничување извини за што ќе си го изнајмам телово? Сериозно? Тоа што објаснуваш за Украина упорно 1000 пати повторивме дека е срање и не видов некој да ја поддржи екшуал ситуацијата таму. Ама не мора да биде ТАКА. Они се пример за злоупотреба, не знам што не е разбрано. И во сад имаш во одредени места можност за комерцијално сурогатство, ама не, не е како во Украина.
Забранети се и хомо бракови на многу места, па? Ако нешто е забрането, не значи и дека е исправно. И обратно, ако е дозволено, не значи дека е исправно.
Па страници наназад јас и уште неколку членки им објаснивме, ама нема што да извртат во мислењево па фали само уште да пишат дека најдобро е и да не го пишуваме ова во оваа тема Ако се сака се се може, со договор и добра правна регулатива, ама ако не се сака тоа е што го читаме, константно цитирање ради реда.
Зборуваме и за неписмени жени и за жени на работ на маргините, ти кажуваш да си најдат адвокат. Дали си толку oblivious. Реков говорот на Kajsa од BeFem е само саат, текстовите кои ги постирав погоре се по 10тина минути. Толку време поминавте на темава што можевте барем едно од нив да погледнете и ко нормални луѓе да разговараме, а не да давате неосмислени и тотално oblivious приказни за лични адвокати кај жени на кои дилемата им е "да рентам матка или да дадам пичка за леб на детето да му купам". Немам што веќе да кажам на темава... Адвокат, Господе боже... #смајлишосекрсти# Два типа личности од прилика поддржуваат сурогатство на темава 1) оние на кои најголема грижа за пари им дошла кога требало новиот ајфон да го купат 2) оние што се надеваат дека ако ништо друго, барем сурогат ќе им е опција за создавање потомство. Тотално oblivious. Ај, останете ми со здравје. Премногу срања, немам живци толку неразумни глупости да читам
Е како во Украина. Секаде е исто, ама баш секаде. Класните разлики се тие, не одат во Сад да бидат сурогат од убавина. И сад, пази, кај што ни здравствено ни пензиско немаат нормално. САД кај што се кршат човекови права на секој чекор. САД ли ќе ни е репер за како треба да биде? И оружје во слободна продажба следно ќе бараме?
Сад не е репер за ништо. И не, не е како во Украина. Баш затоа што е мн. поефтино во Украина, дури и од ивф во сад поефтино, затоа што нема закони малтене, одат Американки во Украина, не бираат сурогат од сад. Затоа што не можат куров ми ленче да си играат во сад.
А ти да си отвориш посебна тема за угнетени жени, сиромаштија, социјални разлики и таму да дискутираш? Зошто адвокат сме спомнале? Боже сачувај, дај да се префрлиме на успивање на трудни жени и крадење на бебиња од стомак ако не, пошто сешто има во светот, зошто да застанеме кај сомнителни адвокати и договори?