Баш се потребни адвокати за да се спречи злоупотреба или ако дошло до тоа да ѝ се помогне на оштетената страна. Се потпишува договор и се очекува да биде почитуван.И двете страни имаат права и обврски. Ако парот ја обвинува сурогатот дека ради неа дошло до прекин на бременоста,таа има право да побара правна помош.Ако сурогатот го прекрши договорот на некој начин,парот има право да побара правна помош. Човек не може да влијае на сè,а и не треба да биде измамен. А,и со секое подобрување на легалниот пазар,црниот пазар ја губи моќта.
Мислам дека она што се одбегнува цело време да се каже е дека треба да се подобри општо состојбата на жената, да има ресурси достапни ако остане самохрана мајка или било како ако и е потребна поддршка. Целокупно да нема толку сиромаштија (што е нели, утопија), да не е ставена во положба да заработува пари од сурогатство. Кога жената ќе го има тоа, тогаш ќе видиме колку би се одлучиле да заработат преку сурогатство. Значи, од некоја комотна позиција да изберат сурогатство. Ете, зашто ем сакале на некој да помогнат, ем плус пари. А не зашто МОРААТ и немаат друг избор, освен сурогатство. Тој е начинот да не се злоупотребуваат жените, па потоа и ќе опадне сурогатството, зашто тешко кој ако навистина не му требаат пари би се подвргнал на процесот. Ќе си остане само хуманото. А не да го регулираме комерцијалното, тоа е лечење на симптом, а не на болеста.
Здраво на сите, Ви пишувам бидејќи во моментов со сопругот се распрашуваме за потенцијална сурогат мајка. Заради силен имунолошки одговор и терапија која не реагира мојот организам, се решивме на овој чекор. Лекарите не советуваа да бидеме упорни, да продолжиме да се обидуваме дека може некогаш ќе успееме, но се изморивме од време и пари, нервози и сл, особено јас да се разочарувам после секој обид со добри ембриони бластоцисти, а нема бременост (имав и еден спонтан абортус). Знам дека не е лесно некоја ова да го прифати, но тоа е навистина благодороден чин, бидејќи истиот има благослов и од црквата, сурогатството се споменува уште во Библијата. За истото се плаќа надомест од околу 30.000 денари месечно една година и сите прегледи и породување во приватна болница, а ќе помогнеме на таа жена ако можеме и дополнително за други работи ако треба. Ако има членки кои сакаат да ја исполнат оваа наша хумана мисија, нека ми пишат. Фала многу.
Само да појаснам, бидејќи добивав прашања во пораки, ние имаме наши ембриони, смрзнати. Улогата на сурогат мајката е да биде во неа внесен тој наш ембрион и таа да го износи и да го роди бебето.
Јас сеуште заглавив во 2018 година, барајќи сурогат мајка, да ми роди дете. Буквално никоја не се нафати, а и тие што се нафатија на илегалната процедура бараат по минимум 30 000 евра. Значи, не планирам да си го платам детето, сакам некоја здрава и добра жена од солидарност да ми го подари.
Искрено... јас ни за 100 000 не би прифатила. Бременоста не е песна. Посебно последните месеци е хаос. Благо на оние кои имаат прелесна бременост. Ама таа жена која ја бараш ти, сигурно има некои обврски, семејство,работа и реално треба да се жртвува мн. Значи ти треба жена што ќе е повеќе од добра и здрава, ако имаш некоја роднина што би се нафатила. Не може да бараш од било која жена да си го смени телото поради добрина. Не верувам во државава дека има легално . Не ни знам како оди тоа ? Има ли ? Едит: прочитав дека е дозволено од 2014.
Да, така е. Бременоста го менува животот на жената од корен. Хормонално, физички, емоционално. Повеќе фактори се во игра. Но, јас нема да се откажам од потрагата иако знам дека веројатноста е мала да се најде таква мајка Тереза која откако ќе роди баш мене детето во раце ќе ми го даде. Иако, навистина ми е желба да добијам дете по таква постапка. За жал во нашата држава оваа процедура сеуште не е легална, и глобите се превисоки, се заглавува затвор.
Ако добро прочитав сурогат мајчинството е дозволено од 2014. Но доколку не е. Како мислиш ти сето тоа да се изведе. Како таа мајка ќе ти го даде детето враце ? Документи нема да има ? Така само ќе ти го подари? Што ќе каже на нејзиното семејство ? Мислам дека имаш нереални очекувања.
Kazi mi i mene takva, zosto da se macam da ragam ako druga od solidarnost moze da mi rodii da mi go dade Uste sega ke prifatam iako sum mlada za deca.
Смеам да прашам која е причината што не сакаш ти лично да го родиш детето? Бидејќи барањето некоја жена од солидарност да ти "подари" бебе е малку...чудно можеби?
Не знам од која причина не сакаш ти да родиш, можеби станува збор за здравствен проблем или ризик, само ќе прашам, посвојување не доаѓа ли во предвид? Оти навистина е тешко дека ќе најдеш некоја што ќе се нафати да износи бебе за тебе... @Acronia Или ако си се обидувала а не си успеала да забремениш, не значи дека треба да се откажеш. Сепак ти си ги знаеш причините.
Добро е и ако барале 30 000 евра, имам читано дека има жени кои бараат и над 150 000евра и реално во право се. Никој нема да се нафати да ти роди дете од солидарност, бременоста е обврска и тежина низ која нема да поминеш ти, туку жената кое ќе ти роди бебе кое нема да биде нејзино. Дали пробавте да посвоите детенце? Тоа ти е да речам полесен начин отколку да бараш сурогат.
Ве читам и се чудам дали вие знаете што е сурогат мајка? Не е тоа нејзино дете, детето е генетски на мајката и таткото чии генетски материјал ќе носи ( од мајката јајце клетка од таткото сперма). Во светот е тоа сосема нормална работа, има жени кои се нафаќаат на тоа, нормално се плаќа и е легално, си има агенции. Сурогат мајките поминуваат низ разни прегледи, психијатриска евалуација и се по ред. Само кај нас се плука по она што во светот е нормално. Малку прочитајте на нет што е сурогат мајка па после фрлајте дрва и камења по жена која не може да износи бременост од икс причини.
Јас нигде не прочитав некој да плука по сурогат мајките, не знам ова од кај ти е, али нема везе. Работата е во тоа што луѓето очекуваат сурогат-мајките без пари деца да им носат или за некоја банална сума и нормално никој нема да се нафати на такво нешто.
Леле чекај сега ќе изгуглам што значи сурогат мајка Муабетот тука е што членката мисли дека сурогат е илегално ,и сепак ќе одела до крај ќе најдела жена со добра душа... ок. Како после ќе го добие детето на илегален начин ? Каде ќе се породи жената ? Како ќе и обезбеди се ? Не е реално тоа што го замислила.