Јас мислам нема некој што не се плаши од таа промена во животот. Јас родив на 33 генерално лесна бременост имав без потешкотии ама сега кога ќе ми се спомне второ дете не сакам ни да помислам пак да бидам трудна. Маж беше спремен јас му реков од мене не чекај да ти кажам Ајде дете да имаме ти ќе треба да пресечеш пошто јас никогаш нема да кажам Е сега сум спремна. И така и беше. Да оставеше на мене најверојатно и за 10 години од сега уште ќе бев неспремна за дете. До човекот е, но тоа не значи и дека така ќе остане. Еве ме сега без Лепотето не можам денот да си го замислам. Не велам дека не ми фалат работи од животот пред детето ама се е период и фаза од животот кој поминува. Се си има своја убавина тоа сфатив. И безгрижната младост и семејниот живот со дете.
Ti treba dokumentacija za toa Deka nemozes da si bremena dokaz Deka si imala poveke invitra neuspesni Ili pa nedaj boze da si bez matka nemanje ciklus i red drugi raboti ne e toa taka najdi i gotovo trudna ke e 2pati na notar Deka nemas nikakva odgovornost kako nositel na deteto dokolku deteto se rodi nedaj boze so mani Potpisuvas deka roditelite za koj ragas nesmeat da se otkazat od deteto Ima dolg pat toj so bil na toj pat dobro znae za sto zboruvam
Не сум ја читала темата одамна и сметам дека не е убаво да се тврди и да се коментира нешто што не е вистина. Кај нас тоа законски е регулирано и не е нелегално да си сурогат мајка, напротив легално е: http://zdravstvo.gov.mk/upatstvo-za...potpomognato-oploduvanje-surogat-majchinstvo/ Друга работа, овде во Македонија за се треба да се подготви јавноста, за нешто да биде прифатливо, За жал, на оваа тема не е многу работено, па затоа и многу не се нафаќаат за да не ги осуди средината. Така беше и со програмата на донација на органи, па сега од кога ја промовираа, сите почнаа да споделуваат на социјалните мрежи и да поддржуваат ваква работа. Првиот случај на сурогатство е запишан во Библијата, кога Сара која не можела да има деца, му предложила на својот сопруг Аврам, нивната слугинка Хагар да го носи нивното дете (во тоа време не било како денешното сурогаство, но е прв сличен случај во историјата). Кај нас законот овозможува жена да се нафати да биде сурогат мајка на пар, кој не може заради разни причини да се оствари како родител и тука не треба да се осудува, туку да се поздрави одлуката. Некогаш тоа се здравствени фактори (немање матка или нешто друго), но и парови кои поминале многу ИВФ постапки и не сакаат здравствено, физички и финансиски да се трошат и можат да добијат свое дете прегу сурогат мајчинство. Па зошто тогаш некоја не би можела да направи добро дело? Покрај финансиски надомест во врендност за храна, лекови и се што и треба на сурогат мајката, во висина на месечна просечна плата во МК цело време дури трае постапката, сурогат мајката добива и вечни пријатели до крајот на животот. Што ако тој пар подоцна во животот и помогнат на сурогат мајката за многу други работи, дури може да и решат проблеми што неа ја мачат на пример? Не гледајте толку ограничено, бидете малку похумани, ова е тежок, но многу хуман и благороден гест. А од простотија си патиме за многу работи во државата и затоа, за жал сме таму кај што сме....
Mnogu ubavo kazano...eve I jas baram surogat majka ...tesko ide ...inaku sum rodena so mala matka 1sm I so takva matka ne e vozmozna bremenost...resenie mi e samo surogat da imam moe biolosko dete
Солзичка, Тоа е она за што зборувам, дека некогаш од други причини не може жената да оствари потомство и законот сега тоа и го овозможува...дај Боже да најдеш сурогат мајка и да се оствариш како родител.
Бидејќи последниве месеци добивам често во приватна порака прашања за постапката од парови кои се соочуваат со истиот проблем да се остварат како родители и со наоѓањето сурогат мајка, апелирам на поголема хуманост кај оние жени кои можат да помогнат и да се оствари сонот за дете на и проширување на семејството.
Чисто информативно ме интересира дали во Македонија имало случај со сурогат мајка? Познаничка има дете со сурогат мајка. Таа остнувала трудна ама максимум до 5ти месец ги носела бебињата и единствена надеж било сурогат. Знам дека се одело преку Систина, жената била украинка и се тоа коштало проближно 100.000€.
Ангелта7, да кај нас имало повеќе случаи со сурогат мајки, кои родиле успешно дечиња на млади брачни парови. Проблем е што ако немаш познат или некој од семејството, други жени кога ќе им пријдеш, не се нафаќаат заради средината, што ќе кажеле луѓето и слично. Познаничката твоја има дете со сурогат мајка, со програмата која ја нуди Украина и таму целата постапка чини од 40.000-100.000 евра.
Angella, да тоа е најголемиот проблем кај нас, иако тоа е благородна работа која е опишана и во Библијата и не би требало да претставува проблем....да се надеваме дека тоа ќе се промени.
Кога ќе прочитам дека средината е уште кочница, ми се темни. Никако да еволуираме подалеку од бабите. Да немав мака со клексани, терапии во бременост, би се нафатила. Нема поблагородно нешто од ова да помогнеш на некој.
Kukla21, ти благодарам на убавите зборови. Ова што е денес кај нас не е ни од бабите....во поранешно време, луѓето немале вакви модерни начини и хуманоста ја искажувале што ќе роделе едно дете плус и ќе го даделе кај оние што немаат, блиски роднини или пријатели во селата...а денес науката и медицината отидоа чекор напред, ама паметот остана подалеку и од бабите... И да, во право си, погледот на детските очи и зборот мамо/тато се нешта кои целосно го менуваат животот на подобро за родителите....затоа, нема поубаво чувство да можеш да се реализираш како родител, па макар и со помош на други хумани луѓе...
Сеуште има такви што ќе родат дете и го даваат, само што во овој случај го оставаат за посвојување. Е разликата е што во минатото луѓето немале проблем да си присвојат дете, а сега не сакаат посвоено претежно, па се даваат вртоглави суми до 100.000 евра за биолошко дете. Разбирам да се работи за поминување низ бременост, ама вака, само за мочаните гени.
Нема што да апелирате. Сурогаството не е лесно и не е некоја себична зашто неќе. Не е ова донација на 100ка па да апелираш. Можам и јас да помогнам за можење, здрава права сум. Ама не сакам.