Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,3%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    19,0%
  3. Не, никогаш

    143 глас(а)
    64,7%
  1. Moni Love

    Moni Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Убаво кажавте, "не сакам да помогнам". Toa не ви дава право да забранувате апелирање, бидејќи ќе има други што сакаат и се спремни да помогнат.

    Не знам само дали доколку сте вие таква состојба, да можете да добиете дете само преку сурогат мајчинство, дали исто би пишувале како што сега напишавте?
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На **prcla**, Idedemja, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Moni Love

    Moni Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Не е прашање за сакање или не сакање посвоено дете, постапката е толку долга и сложена, имам пријатели кои поминуваат низ тоа, трае со години, се слуша и дека бараат мито и документација треба еден куп да се обезбеди за да се добие дете на постојување, а чекаш чекаш да ти јават кога и дали имаат дете за да ти дадат....оваа постапка со сурогат мајчинство е поедноставна и побрза од постапката за посвојување....

    Исто би прашала како и претходната членка, дали доколку сте во иста состојба, да не може да се остварите како биолошка мајка, освен преку сурогатство, дали исто би ми одговориле?
     
    На Idedemja, mariz и violetblue им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    20.881
    Да
    Никогаш ама никогаш нема туѓо здравје да ставам на ризик за себе, само за дете биолошко да имам.
    Освен ако е за донирање органи кое патем спасува животи. Сурогаството не е за да спаси нечиј живот. А и тогаш нека ми донира само кој е согласен.

    Едит
    Дури и некоја да ми рече Еве јас ќе износам за тебе дете, нема да прифатам.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На cresa-jagoda, theowndemon, violetblue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Немам високо мислење за паровите кои бараат и плаќаат за ваква услуга.
     
  5. Moni Love

    Moni Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Ако жената е здрава, речиси и да нема никаков ризик за бременоста. А ризик постои и кај редовна бременост ако гледаме така, па луѓето се решаваат да имаат свои деца.
     
    На **prcla** му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    20.881
    Како и да е.
    Никој не сакам за мене да минува низ таква работа, освен ако е нешто животозагрозувачки за мене. А немање дете не е.

    Подобро јас без дете него друга некоја без здравјето.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.362
    Допаѓања:
    114.214
    Пол:
    Женски
    Не си се нашла во таква ситуација. Речи фала богу.
    Како бе така осудувате. Аман мрднете малку од Тунгузијава кај што живееме. @Munchmallow20 за да биде некоја жена сурогат мајка поминува такви ригорозни прегледи, и најмала шанса да има да не може бема да дозволат. Не е тоа така едноставно. Многу мајки па и свекрви во државава им имаат родено деца на своите кои од икс причини не можат да имаат дете. Оној што има дете не може да ја разбере болката за дете. Погледот кон мајка со бебе, погледот кон бремена жена, прашањата зашто јас да не можам, зошто мене.. Така да вие кои сте благословени со деца не коментирајте на темава зашто само солите сол на рана.
     
    На Moni Love, Solzicka35, Izaabella и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.361
    Пол:
    Женски
    На темава: јас искрено не би се нафатила, ни за 100,000€
    Ќе се приврзам прво за детето, се знам, и може да биде плачење после.
    Второ еве најискрено не ми се проаѓа низ тоа за друг.Сум хумана, еве да умрам би донирала органи, ама не можам да повраќам, да се килавам, да станам топче за друг.А и плус за себе ако треба да раѓам.
    Затоа тие што сакаат, капа им симнувам, поготово за беспари ако е.Алал да им е.Јас едноставно не сум до толку хумана или како сакате речете, не ми е ни до парите.Тие што сакаат :bow::sun: сѐ најдобро
     
    На cresa-jagoda и fana им се допаѓа ова.
  9. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски

    Мнолгу жени познавам што не можат, а сакаат да имаат деца па се против рентање на матка Што тоа беше прв допир, мирис, интеракција со бебе?
    Изгледа кога ќе се породиме безвеза ни го ставаат бебето да не душка.
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.362
    Допаѓања:
    114.214
    Пол:
    Женски
    Тоа си е нивно право. Некој сака некој не сака. Ама никој нема право да осудува. Кај нас се уште нема агенции, ама во светот има агенции за сурогат мајки и има жени кои и по неколку пати носеле деца за други родители.
    Инаку тоа со душкањето кога ќе се роди детето и го даваат на биолошката мајка не на сурогат мајката. Не и даваат ни да го допре ни да го види за да не се развие поврзаност кон бебето.
    Еве
    https://www.betterhealth.vic.gov.au...is an arrangement in,vary from state to state.
     
    На Moni Love, Idedemja, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.441
    Допаѓања:
    20.881
    Можам да разберам и оправдам само ако родителите што сакаат дете се на страна на сурогат мајката.
    Во смисла плаќаат сите трошоци, имаат грижа за нејзино здравје и благосостојба и би прифатиле абортус ако сурогатот сака да абортира од некоја причина.
    То ест колку и да сакаат дете, сепак да не го ставаат тоа пред нејзиното здравје.
    А не - ние те плативме најмивме, има да го износиш и оро да играш.
    Затоа поприфатливи ми е тие случаи каде некоја за блиски ќе прифати да износи, да им помогне, то ест на некои што може да им верува
     
    На Moni Love му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.140
    Допаѓања:
    88.331
    Пол:
    Женски
    Не се работи Нена за осудување.
    Со причини комерцијалното сурогатството во многу држави е забрането освен алтруистичко од фамилија.
    Бидејки се сведува на купопродажба на бебе и изнајмување на матка.
    Експлоатација на сиромашни жени кои го продаваат телото за пари за инкубација на дете.
    Ко во Украина што беше.
    Дискутабилен е и моментот.
    Кога ќе роди мајка или сестра бебе на ќерката/сестрата која не може да роди што им е таа на бебето што го родила?
    Тие се по дифолт мајки штом го родиле.
    И на крај отвора едно друго прашање,наместо да се купи и плати таа жена и нејзината матка,зошто богатиот пар не усвои дете?!
     
    На cresa-jagoda, Серотин, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.258
    Не би била сурогат, ни за пари, ни за без пари.
    Ќе се поврзам со плодот и нема да сакам да го дадам.
    Ко шо рече и @Feminka22
     
    На cresa-jagoda, VDT2906, sikica7 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.362
    Допаѓања:
    114.214
    Пол:
    Женски
    @Cosmi се ми е јасно. Бизниси прават во сиромашни земји со ова. Ама ете некој не сака да посвои. Зашто, не знам. Ете и јас не знам дали би посвоила дете, тоа се толку комплексни работи не е воопшто едноставно. Во развиени земји не се плаќа бебето се плаќаат болнички трошоци на жената која го носи бебето и мислам и се рефундира ако заради бременост не може да работи, не сум сигурна за второво. И јас не сум за бизниси правење. Ама да осудам некоја жена која сака дете, а не може (имам во околина ситуација на 25 години извадена матка и јајници заради канцер) и се реши на легално сурогататво, не ми паѓа на памет.
    Роднини мои во УСА добија 2 дечиња со сурогат. Во светот полесно е да дојдеш до сурогат жена отколку да посвоиш дете.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Moni Love му/ѝ се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Па не би рекла дека и за сурогат е едноставна постапката, и брза. Освен ако не ти се нафати мајка, сестра или друг член од семејството.
    Никогаш не би имала дете на тој начин, макар никогаш да немам. Долга е процедурата за посвојување, ама исто е и за сурогат и за инвитро, така да до перцепцијата е, не само до тешката постапка
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    7.776
    Пол:
    Женски
    Тие што го прават ова не би ги нарекла баш хумани, туку мстеријалисти ( ако го прават за пари) и бездушни личности.
    Значи треба да бидеш рамнодушна, личност без чувства па да не се поврзеш со тоа што расте во тебе, кој има срце да го даде бебето.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    во државава забрането е плаќање и нема тн комерцијално сурогстство, така да едуцирате се малку.


    Во мк се е без надокнада, од чисто благородни цели. Во ред е и некој да не сака. Не е ова 100 денари треба да се даде за донација. Тоа што лично не би го правела, не мора да значи дека треба да осудувате.
     
    На Snowflake97 и nena2010 им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.691
    Допаѓања:
    134.916
    Прочитај уште еднаш што си напишала и пробај да не се насмееш.
     
    На Erika.greeneyes, Серотин, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Не го осудувам сурогатството, доколку како што кажа ти е од благородни побуди, ама го осудувам она со надомест и тоа вртоглави суми како што се спомнаа. За тие суми 2 деца ќе посвоиш и ќе ги исчуваш што се вели, па ќе имаш и за мито, бидејќи така се спомна дека функционирало посвојувањето.
    Која е разликата од некоја рандом жена да ти роди дете и да посвоиш? Освен нели гените.
     
    На kukla21 и WildMk им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.362
    Допаѓања:
    114.214
    Пол:
    Женски
    Во мк мораш сама да си најадеш сурогат мајка. Најчесто од она што досега е остварено се мајки, свекрви, сестри .. Не е како во други земји каде што има агенции за жени кои сакаат да бидат сурогат мајки.
    @violetblue тоа е веќе друга тема. Ако е така зашто не се зборува колку мито треба да се даде за да посвоиш здраво право бебе? Ама не, ќе глумиме лудило. И нека не ми кажуваат дека не се дава мито за посвојување. Никој нема да ти каже, плативме волку плативме толку. Си ќутат и си тераат .
     
    На Moni Love и kukla21 им се допаѓа ова.