Сите овде збориме кога ни одговара нас - мое тело мој избор. Па ако ја застапуваме таа теза тогаш да ја застапуваме до крај. Поаѓајќи од сопственото тело и тезата мое тело мој избор ( не треба да барам амин од комшијата, другарката или од Државата ) : да останам бремена дали по природен пат или ин витро, да се породам царски или природно да изберам да не се остварам како родител од х причини да абортирам да донирам мој здрав орган на кого сакам да правам хируршки зафати на моето тело Дали јас како што викате вие ,,ја изнајмам,, мојата матка за да бидам оплодена тоа е мој личен избор. Ако се чуствувам силна и способна да не развијам длабоки емоции со тоа бебе тогаш ок. ( јас сум емотивен човек и не би можела да бидам барем за сега ) Ниту една сурогат мајка не е присилена да го прави тоа. Со своја волја одлучила од х причини дека е спремна да биде сурогат мајка. А за парот или конкртено за жената која се одлучила за сурогат мајка не треба да се осудува и збори, постојат милион причини зошто. Исто како што никој не ви се меша како го или како ќе го направите вашето бебе. Како што никој не ви се меша зошто ги трпите сите процедури обидувајки се да останете бремени ( зборам за тие што не можат толку лесно да останат бремени) Ако било која жена мисли дека може да биде сурогат, нека биде нејзино право. А останатите нема зошто да осудуваат нечиво - МОЕ ТЕЛО МОЈ ИЗБОР . И не ве праи помалку мајки ако сте родиле по природен пат, ин витро, сте посвоиле или се одбрале сурогат.
Ако е за пари, реално, присилени се тие што се нафаќаат. Сиромашна жена, ќе роди за пари, а не од хумани причини. Буквално рентање матка е. Некоја си земја, како Украина, ќе прави бум во економијата, преку рентање матки. Handmaid's tail much?
Никој не може да те присили поготово кога станува збор за заработка. Секој си одбира начин на кој ќе стекне финансии. Хирург пр одбрал на тој начин да заработува за живот, проститутка одбрала на тој начин да заработува итн. Појди од себе дали тебе некој може да те натера со сила да бидеш сурогат мајка ? Ниту државата ниту никој не може со сила, прост и најтазе пример ти е вакцинација против Коронава. Буквално беше со тешки рестрикции за тие што не се вакцинирани за да се вакцинират и шо се случи целта не беше постигната. односно ако некој нешто не сака не постои сила што ќе го натера да оди ,,против ,, своето тело.
Самата сиромаштија е присила. Замисли си да немаш леб да јадиш? Органи продаваат луѓето за да преживеат тие и нивните фамилии, во Тајланд, децата ги даваат на педофили од шо немаат пари за леб.
Не е исто. Комерцијално сурогатсво е за пари, алтруистичко е без пари само покривање на мединицински трошоци на носителката на бебето, грижа околу неа итн.. Сурогат мајчинството е многу дебатирана тема во светот. Светската мапа е прилично „шарена“ во однос на ова прашање. Во Германија, Франција, Шведска, Италија, Швајцарија сурогатството е забрането. За пари, односно комерцијалното сурогатство е дозволено во Украина, Грузија, Русија. Во Белгија, Данска, Грција, Холандија, Унгарија дозволено е некомерцијално, односно алтруистичко сурогат мајчинство. Лидер во интернационалното сурогатство и дестинација за туризам на сурогат-асоциран фертилитет е Индија каде е дозволен е секој вид на сурогатство. Трошоците за истото во Индија се 1/3 од оние во Англија поради што оваа земја е особено популарна меѓу индустријализираните нации. Од минатата година во Индија се промовира легислатива за забрана на сурогат-мајчинство за невенчани парови, самци и други групи. Во Израел, пак, сурогатството е строго регулирано па што сурогат мајки може да бидат само: самци, вдовици или разведени жени и право на сурогатство имаат само инфертилни хетеросексуални двојки. Во САД тоа е различно регулирано од држава во држава. Калифорнија дозволува комерцијално сурогатство, додека во Мичиген секоја форма на сурогатство се забранува. Во Њујорк посебна регулатива за сурогатство не е во сила, но комерцијално сурогатство се казнува, додека тоа не важи за алтруистичкото. Во Белгија дозволено е алтруистичко сурогатство, но подлежи на многу стари правила. Во Финска постои како услуга, но не е регулирано со закон. Во регионов, засега само Грција дозволува исклучиво алтруистичко сурогатство.
Комерцијално и алтруистичко сурогатство, не е исто. Алтруистичко е лична одлука, комерцијализирано е општествен проблем.
Не сакам да филозофирам пошто тоа е мн опширна тема, ќе ти поставам само едно прашање : Замисли се во ситуација дека немаш леб да јадеш и имаш две опции : Да сврзуваш крај со крај некој период додека не застанеш на нозе ( работејки една или две работи, малку платена работа итн) за пари би била дилер, би си продала дете , би си продала орган или што би кажале некој од членките би си ја рентале матката при што финансиски би била стабилна некој период ( нема ни година за таа цифра што ја нудат ) Што би ?
Ако некоја жена за пари сака да му износи на друг дете е само нејзина работа. Нејзино тело, нејзин избор. Ако некој пар сака да плати дете да му роди исто е само нивна работа!! Не ми ја завлекувај темава на присилно сурогатство за пари, тоа е вече трговија со луѓе а тоа не е темава. темата е Сурогат мајка. Жена која своеволно дали за пари или алтруистички се решава да носи туѓ плод во своето тело, да го даде на биолошките родители. Најчесто се решаваат на овој чекор парови кои не се кандидати за посвојување, кои имаат замрзнати ембриони и кај кои жената не може или не смее да износи брееност. Не е ништо поразлично од усвојување на бебе додека е се уште бремена жената која сака да го даде. Кај нас тоа го нема, во светот го има.
Ај едно прашање. Замислете пар најде сурогат, нели се направи инвитрото све тоа, го носи жената плодот. По некое време се јавуваат компликации неочекувани и доктор вика - ако продолжи бременоста, може да умре мајката (сурогатот) и предлага абортус, што го бара и сурогатот. Ама биолошките родители не се согласуваат, мора да се роди тоа дете, за друго не им е гајле. На чија страна ќе сте?
Во тој случај по закон се спасува жената не бебето. Прочешлај малку пред да напишете нешто. Нема што ние да заземаме страна. Инаку јас знам за сурогат жени во кои родиле дете со проблем - данунов синдром или слично, и биолошките родители не ги земале. Па сурогатот го посвоила детето.
Си има тема и ваква и онаква https://forum.femina.mk/threads/Сурогат-од-политичка-и-економска-гледна-точка.32609/ И сега ова мислење за во која тема е? И како тоа само во Грција, во Македонија не е никако регулирано? Ова што е? http://zdravstvo.gov.mk/upatstvo-za...potpomognato-oploduvanje-surogat-majchinstvo/ Регулирано си е алтруистичко сурогатство, тоа за пари баш не разбирам како
Во македонија е кажано претходно како е регулирано. Нормално е некој пред да дебатира на тема да прочита на интернет малку, како е што е во земјата каде што живее.
Сами одлучуваат на тој чекор. Никој со сила не ги тера. Сами сакаат. Од сиромаштија, од други причини. Не можам да судам ситуација во која не сум се нашла. Сурогатството ако е своеволно, ако е законско, ако е се по пропис е благородна работа. За мене тие жени кои се нафаќаат се херои.