Сумата е релативна работа, луге во очај продавале и бубрези на црн пазат за смешни суми или посредникот ќе го земе кајмакот а "продавачот " некоја очајна сума. И секако дека постојат многу жени кои не би се нафатиле за 150 илјади, 150 во западните земји воопшто не е сума што ќе ти го смени животот. Е сега , милиони никој не дава, ко што имам читано и во Уса е околу 50 илјади сумата, ако се сеќавам добро, клиниката секако повеќе ќе заработи од самиот процес отколку родилката.
Бубрег, крв, слезина ќе дадам ама сурогат не би можела да бидам. Не би издржала психички иако ќе знам дека не е мое биолошко дете сепак не би можела. Кој може секоја чест.
Сте пишале на темава ''за мочаните гени'', богатите да посвоеле наместо сурогат мајка да најдат итн. е вака сега јас да ве запрашам вас, зошто ако немате сеуште родено или имате биолошки свои деца, не си посвоите едно дете на пример? Што ве дира од внатре да одлучувате или предложувате на други како да се остварат како родители со ставање на акцент да е првенствено посвоено отколку добиено преку сурогатство? Убаво пишаа погоре некои членки а и јас одамна на темава, мое тело мој избор што ќе правам со него, мое репродуктивно здравје и мој избор како ќе го одржувам или употребам во мои лични цели кои опфаќаат и од алтруистички побуди да износам бременост за други и ако сакам и за пари тоа да го учинам, иако имам истакнато тоа не би за пари. Исклучиво на блиски би била сурогат од алтруистички побуди и ако би барала и бирала сурогат од исти цели би се водела, ама ако некоја се договори да плати и друга е волна да прими пари за сурогатсво мене не ме засега. Дали јас ќе ги осудам или прифатам туѓите одлуки или избори ако некој пар се решил што да прави на тема дете и како да го добие тоа нема ништо да му смени. А за да си пишеме мислење чисто епа еве си пишав и тоа е тоа, на крајот од денот се' се сведува на личен избор. И да бидеме реални ако комшиката Перса на таа од втори кат Трајанка не и каже онаа од трети ја гледа со бебе во влез а ниеднаш претходно со огормен мев, сигурно посвоиле или по ново добиле од сурогат мајка ниедна друга не би знаела и нема право да забодува нос во нешто вакво толку интимно и приватно доколку самата жена не сподели. А и да сподели не е убаво да се суди макар и да добила бебе преку комерцијално сурогатство. Еве кога читам како осудувате дека и платиле на некоја за рентање на матката ми станува непријатно од самото прочитано, а замислете како би и било на некоја ете таа опишанта погоре од Систина што и потпомогнале да добие дете за 100 000 евра од сурогат мајка во Украина, никогаш не би се осетила комотно да сподели дека добила бебе преку комерцијално сурогатство. Јас, вие и сите незапознаени во детали од нејзината здравствена состојба сме тие што треба да судиме и пишуваме како купила дете со пари за рентање нечија матка?
Кажав ли дека ми заѕвонија на врата да ме прашаат? Не, си ја промашила поентата. Ако некоја не сака нема сума која ке ја убеди. Ако некоја сака и за 50,000 ке размисли.
Детето не е твое. Само расте во тебе. Јас не осудувам некоја да е сурогат мајка и да не се приврзе . Сосема ми е нормално. Не е тоа дека нема душа. Јас со дете што не е мое би се приврзала само доколку го одгледувам. А како што кажав и погоре никогаш не би била сурогат затоа што не сакам да си го малтретирам телово за нешто што нема да го задржам.
Кај нас нема шанси да посвоиш доколку имаш веќе биолошки деца или доколку немаш здравствен проблем, за жал. Ние не одлучуваме ништо, а зошто е табу тема да се спомне зошто да не се посвои отколку да се дадат 100000 евра за сурогат. Моето мислење е само спрема сурогат за пари, така да што има врска нејзината здравствена состојба со тоа што ќе кажеме ние?
Која пиша дека е табу тема? Сепак на тема со назив Сурогат мајка да се протнува посвојте си е исто како на тема за совети во врска за абортус некоја решена за абортусот да ја убедуваат ама зошто, па задржи си го, твое си ебез врска муабети. Некако како осет да пофалува кога се вртат такви муабети на вакви теми, ама ок терајте си ги муабетите во таа насока не е табу ништо и никоја никаде не спомна дека тоа е табу тема. Има врска здравствената состојба зошто не размислувате пред да напишете нешто дека некои жени на пример немаат матка или имаат некој друг здр. проблем поради кој не можат да истераат бременост до крај и не можат да најдат жена за алтруистично сурогатсво па ја користат опцијата ''да рентаат матка'' Па еве што се не се раскажа на темава за тие дека се нема високо мислење за нив, па овие што прифаќаат за пари да бидат сурогатки биле материјалистки... А зошто да раѓаш па посвојуваш, имаш мерак посвои си, па после ако родиш, родиш. Еве и на форумов имаме вакви случаи си посвоиле си сакале па си добле и свое, само изговори да се наоѓало не давале, вака било така било и осудувања.
Грешка си. Повеќето не би се нафатиле. Боже здравје, ко ќе носиш плод, ќе видиш како изгледа тоа чувство. Не можам да замислам да се одделам ...
Секоја жена треба да си одлучи што да прави со својата матка. Сака сурогат за пари да е, супер. Нејќе, исто супер. Во секоја професија се "употребува" некаков орган, дел од тело. Ако некои жени тоа одлучуваат да им е матката, под услов регулирано, легално, со агенции, потпишани договори и одобрено од доктор, не гледам како е неетично. Некој не може да се оддели од бебето, некој го сфаќа само ко растење на бебето еден период и го враќаш кај родителите она што било ембрионче, не го гледаш ко свое и тоа е тоа. Затоа не е сурогатството за секого и затоа најчесто за на некој да му е одобрено да е сурогат, мора да има свое дете претходно, за да знае на што се нафаќа. Ако е се регулирано законски со потполна желба на сурогат мајката, кој би можел да и кажува што да прави со својата матка.
Blagodaram na odgovor, prashanjeto beshe za wildmk Imam 3 deca, ne mi e potrebna surogat, no dokolku toa bu bilo edninstveniot izbor i imam sredstva da platam, da bi go napravila, ili da i trebalo na sestra mi, bi bila nejzina surogat, ne vazno dali so moi jajce kletki ili nejzini (bez pari)
Сурогат мајката кај нас се обврзува дека до крај ќе го износи плодот, а абортус е дозволен во случаи определени од доктор....не може сурогатот да одлучува ми текна, до петти месец, после не сакам да го носам. Тоа не оди така, бидејќи има критериуми кои мора да ги почитува кога ја отпочнува постапката, а за тоа е известена од Министерството пред почетокот на процедурата.
За психолошкиот момент на поврзување на сурогатот со плодот, има посебна психолошка процедура пропишана со закон, а ја спроведува Министерството за здравство. Прво психолошки се оценува жената дали може да биде сурогат мајка, потоа со парот три месеци по ред заедно одат на психолошко советување со посебни методи кои треба да им помогнат на учесниците да ја прифатат постапката, а потоа сурогатот во тек на бременост ја следи психолог цело време, за да се заврши постапката успешно до крај, без поголеми трауми за сурогатот.
Зборевме за абортус од медицински причини. Инаку Не само сурогат мајката, туку секоја жена Не може да ја прекине бременоста после 12та недела оти така и текнало. Нели по комисии се иде...