Насекаде во светот сурогат мајчинството е популарна работа и е премногу застапена , еве пример фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо има син преку сурогат мајка, подоцна со друга сурогат мајка има и две близначиња. Роналдо тоа јавно го кажива и поддржува.
Јас кажав и претходно, ова е за мене многу благороден чин на пожртвуваност и желба да се помогне, без разлика за колку пари се работи. Пред се е многу хуман чин. Кај нас за жал не е така. Ние година дена бараме и не најдовме жена.
После 10 години чекање и одење по докторите, знам како е копнежот по дете, за кое со саканиот ќе бидеме мама и тати. Имам близка другачка за која сум спремна да износам от незините ембриони. Она сеуште не е сигурна за тоа и секако има време да се надева на чудо, додека помине доволно време от мојот прв пораѓај. Во никој случај не би сакала да плати за мене лично. Едино болничките трошкови. Несакам било кое детенце да расте со мисла дека е "печено" во изнајмен шпорет. Децата се плод на љубов, па до колку се одлучи на таков начин за детенце/а тие да се плод на мојата љубов кон нив. А не ми е мисла за тоа да не живее со мене, секако има дечиња на други близки и познати, за кои би направила исто како и за тоа кое е излезено от мене. <3 Ете, толку жени мака немат што го утепале сопственото бебче во прбите недели на бременоста, па ја да се вознемирувам за дете,кое живее со сопствените родители.
Да се надополнам. От телата на нас четворицата, само кај мене може(мажите по оправдани причини) детенцето да се стекне со сигурен и безбеден дом за првите месеци от животот. Зошто да не
Како си дозволуваш да тресеш вакви глупости без да знаеш зашто некој абортирал? Знаеш ли ти колку силувани жени има што не сакаат да го задржат бебето? Колку жени има што немаат можност? Малтретирани има од сопствените мажи и сл? Алооооо, контролирајте се што пишувате! @ALISA0000 врска нема што пишува , сакам кажам, не знам речам.
Погрешка го избришав. А што е ако не е рентање? Гајле ви е за состојбата на сурогатот. Сигурно тоа не го прават од кејф туку за пари.Тоа е искористување на сиромашни жени.
Нема што ни мене ни тебе да ни е гајле за тоа кој како си одлучил да стане родител . Се' дур некој не ти стави нож на грло дека мораш да ми бидеш сурогат
Само ме интересира скраја да е ако трудницата го изгуби бебето (паѓање, вирус итн) треба да им даде парична оштета на дотичните кои плаќаат?
Не. Мислам дека само не ја отплаќаат цела сума на сурогатот. Зависи, секоја држава каде што е легализирано, би требало да има различна политика.
Јас искрено два пати го прочитав напишаново и неможам точно да сфатам што сакаш да кажеш Иако ќе носиш дете на другарка ти, тоа ќе биде плод на љубовта од тебе кон нив?
Кажа дека само она може да роди . Нејзиниот маж и мажот на другарката нели не можат, а и другарката изгледа има проблем па не може да износи бебе . Останува она, од тие 4 души само она може да роди . Само не сконтав дал има родено Сукре.пошто вели дека треба да помине доволно време од нејзиниот пораѓај. А во други теми ја читам дека пишува друго
Sramota e vo vakvi cuvstvitelni temi da pisuva koj bilo i sto bilo. Ke go zamolam moderatorot da gi brise mislenjata.
Зошто генерализирате? Сурогат може да биде било кој без тоа да му биде професија и без да добива надомест. Тие што го одбрале како професија никој не ги натерал на сила. Напротив доброволно прават добро дело и притоа заработуваат, да. Ама комотно можеле и друго занимање да изберат, никој не им ставил нож на врат да бидат сурогати. Јас лично познавам мајка, жена од 45+ години што и беше сурогат на ќерка и родена со неразвиена матка. Зарем во ваков случај нема право жената да искористи било каков начин за да стане мајка?