Кај нас не е легално комерцијално сурогатство. Сѐ уште ко што знам е само помеѓу блиски луѓе, без паричен надомест. Е сега дали приватно им даваат пари, не може да знаеме.
Има луѓе што "на сила" заради финансиски средства работат работи што не ги сакаат. И комшиката не сака да работи во маркет и со сила оди ама нема друго чаре, и треба плата во месецот. Така што "на сила" може да те натераат финансии, а тоа важи не само за сурогат да бидеш за пари, туку и за други работи. Кој што одбрал. Не разбирам зошто сурогатството е проблем ако е регулирано според соодветни закони. Или ако блиска личност го прави тоа за некој пар. Сепак е избор дали некој сака да посвои дете или ако има свој генетски материјал а механички проблем со матката кај жената, да се обиде со сурогат.
Кај нас не е, ама има земји кај што доброволно си го работат тоа за профит. Никој не може да ти рече иди раѓај за друг ако ти нејќеш. Слободно можеш да заработиш од било што друго. Постојат и други работи за кои не се потребни којзнае какви квалификации, чистачки, продавачки итн. Ама вие сеа до утре може да си го испревртувате муабетот и да се шлапате по фаца зошто некој нема исто мислење како вашето.
Не е никаква професија, туку е чисто од алтруистички причини, со мал финансиски надомест. Па колку деца може да има една здрава жена во нејзиниот животен век, 15 сигурно не за да може да се нарече бизнис или кариера.
Избор е. Доброволен. Може и да не биде за пари. Сакам да го направам тоа за близок некој. Некој близок сака да го направи за мене. Кој е тука проблемот кога не сум присилена на тоа.
Да 'избор' е. Посебно за жени кои немаат пари да си ги ранат децата, или жени кои се во насилни врски. Алтруистичко сурогатство е едно, комерцијално нешто сосема друго.
Индустријата со сурогатство врти милијарди. Не би ме чудело некои од тие "агенции" да се тесно поврзани со трговија со луѓе, не бидете толку наивни дека е чист бизнис.
Ова може да се каже за апсолутно секоја тема ако тргнуваме со тој став дека жената е сиромашна или има партнер кој ја присилува на нешто. Па има жени што решаваат сексуални услуги да пружаат за пари и тоа само и исклучиво по нивна волја без никој да ги тера. И што има лошо во тоа ако тоа е избор на жената. Истото е и со сурогатството. Да не ги релативизираме работите. Збориме за жени кои свесно направиле избор, без никаков притисок. А тоа како решиле да ги заработат парите ако е нивна лична одлука зошто да е тоа нешто лошо и погрешно. Секако дека не е во ред да те присилува некој на нешто , и тоа важи не само на оваа тема туку за се. А тоа како некој сам одлучува да заработи е личен избор. Доколку е тоа на легален начин.
Тоа е работата, што не може баш да се разграничи кој прави по своја волја кој е присилен. Тие што се сиромашни и неписмени се баш присилени и искористени. А само зашто нешто е легално не значи дека сѐ иде по пропис.
Така е, ама не генерализирајте. Истово може да го кажеме за било што друго ама се фативме со сурогатство да го врзуваме. Секоја работа и најдобра на свет да е може да се испреврти и да не е по пропис. Тука правиме муабет за нешто што е достапно, регулирано, и прифатено по своја волја од двете страни. Без разлика дали е комерцијално или алтруистички. Јас во тој дел не гледам проблем.
Сеуште немам родено. Мојата одлука за сурогат мајчинство ја искажувам каква што е. Само Господ знае како ќе биде за тоа што не зависи от мене.
Токму така. јас ја сакам и нивното дете ќе знае дека тетката( до колку одлучат да му кажат дека јас сум била инкубаторот) ги сакала мама и тати и овозможила тој/таа самата да не е 11то починато ембрионче <3
Во суштина ќе ја раздолжам темата. Јас самата кога имав 17 години(година пред да се запознаам со сопругот) си го убив бебенцето. Иако знам дека со тоа што се покајав Господ ми прости, јас сеуште живеам со таа болка. Претпоставувам таа вина ми нашепнува дека "така ми треба", што мојот сопруг има азооспермија. Воопшто не ми е онака напишан ниту еден збор, темата околу одземањето на невин ЖИВОТ е дел от мене. Во суштина, абортусот е себичност(не зборуваме за случаите во кои лекарите настојуват за чистење). Абортусот е смртна казна за туѓи грешки. Секоја чест на здружението "Лидија, срце што чука". Тоа е здружение кое советува и помага на жени кои се мислат или морат да абортират. Тие потсетуват дека не си премлада, не си престара, лошите луѓе секогаш ќе те зборат независно што ќе правиш. Не си сама... Многу пати сум плачела и плачам, што никој не ме советуваше, барем еден збор, дека немора да е вака... Ете и свекрвата родила 2 месеци пред да наполни 18, и не ми се верува дека постои таков прекрасен човек, како мојот сопруг. Премногу сум и благодарна. И пак да се вратам на темата. Кога "мое тело, мој избор" може да е апел за смрт, зошто да не е за живот? Во секоја држава што дозволува абортус мора да дозволи и сурогат.
Пишав понадолго, размисли и ќе увидиш што е поентата на моите коментари. Секако ќе можеш да разбереш, зошто емоциите ми се толку бурни и се обидувам да ги искажам личните изкуства што е можно пократко. От форум ќе морам да се префрлам на пишување книга. Само во Македонија се убиват преку 4000 бебиња годишно. До 100-700 се на девојчиња пред бракот, а останатите се "срамота е трето дете и шо ќе рече тој шо не му е гајле". Дали навистина дури 1% се силувани? Па дали ајде да речеме 1000 да се препорачани от доктори? Пак ќе останат 3000 силувачи шо ги начекуват тетките от 36-45 околу деновите на овулација? Баш за тоа што е тешка и болна тема мора да зборуваме за нештата какви што се. 10,15 предимно женички ќе с'снат навредливи коментари за тие кои се застапуват за луѓето во најбезаштитните први недели и готово. Тоа се одлуки со кои се живее цел живот.
Ако се доволно свесни нема да прифатат нивната мајка на 45+ да ја изложуваат на здраствени ризици. И мајка и да сакала да го носи тоа бебе на ќерката дотичната не требало да дозволи. Наместо на стари години да си уживаат они треба да раѓаат (не им ставиле нож до грклан де).