Тоа си е нивна работа и неблагодарно е од страна да дискутираме кој како требало да постапи. Најдобро е да не си им во кожа ни на едната, ни на другата.
Е не е 'било што друго' исто со сурогатство. Немање автономија за сопственото тело, е кршење на основни човекови права. И една да има што е присилена, премногу е.
Не те 'казнил' Господ, така требало да биде. Не си 'убила' никого, си абортирала. Не си набивајте вина без потреба.
У реду е, не сакаме ни една да е присилена и не го одобруваме тоа. А со тие што доброволно се решиле на сурогатство ок сме? Пошо ми се изврте муабетот. Или зошто има присилени треба скроз да се забрани? Тогаш ајде сегде кај што некоја индивидуа е присилена на нешто да го забраниме истото. Ферски.
Можеш доброволно да се решиш и за комерцијално, ако е тоа твоја одлука. Јас тука проблем не гледам. Како јас сметам дека треба да заработувам е мое право ако е легално и дозволено истото.
Комерцијалното сурогатство, отвора поголем простор за злоупотреба на жените. Не смееме да дозволиме човечко тело да стане комодитет.
Епа значи заради изолирани случаи на злоупотреба или недоволна контрола треба да не постои. Да, треба контрола поголема тоа никој не го спори и има простор каде да се подобрува. Ама дека не треба да постои не се согласувам.
Јас мислам дека не треба никогаш не треба да постои, бидејќи се коси со основно човеково право: Автономија врз сопственото тело. Човечки тела не се машнини, ни алати, ни роба.
Па не е баш исто со секоја друга работа. Воопшто. Отвори статистики и истражувања, погледни. Има многу злоупотреби и присили.
Да имавте емпатија на темава ко шо зборите дека треба да се има за други теми убаво ќе беше Зошто жена со добар генетски материјал и матка со аномалија да не може да има свое потомство ако е тоа на легален начин преку личност што своеволно одбрала да го направи тоа. И каде се повлекува линијата за автономија за сопственото тело? Кај сурогатство? Кај присилени жени на проституција? Кај жени присилени да донираат јајце клетки? Зошто да не збориме за регулативи и подобрувања туку за забрани?
Точно се согласувам. Кај присилата. Муабетот ми е само дека и комерцијалното може да е регулирано и неприсилено. Возможно е и има и такви случаи.
Не мешајте нелегална трговија со луѓе при што жени се присилени да раѓаат со легално сурогатство. Тоа дека жената има право да одлучува за нејзиното тело важи и за легално сурогатство.Штом може да прави што сака со нејзиното тело, тоа значи дека има право да биде сурогат. Аман... Ако дала согласност, не е присилена. Та бесплатно, та за пари.Нејзино тело, нејзино право. Не може во една ситуација да го зборите тоа, а во друга да зборите против тоа. Ако сакате да се забрани, исти сте како оние кои сакаат да се забрани абортусот.
Забрана на сурогат и на абортус апсолутно не се исти ама океј. Врти како сакаш ама тие од забрана на абортус се далеку пострашни. Инаку назад што се збореше, лично попрво би немала никогаш дете него друг да се изложува на ризик ради мој проблем, макар и доброволно и од срце да сака да ми е сурогат. Бубрег да треба да ми донира некој ќе се јадам жива, не па ова.
Не се исто, ама на исто ниво се. Ти нејќеш, ама некоја сака да биде сурогат.Без разлика на мотивот, никој не треба да ѝ суди или брани.
Ако некоја сака доброволно, за блиски, слободно. Ама збориме за она комерцијално сурогатство каде непознати особи одлучуваат за таа жена што доведува до можност за тешки злоупотреби.
Ја би сакала да ве прашам сите вас Без разлика дали имате или немате деца вие Ако утре вашето дете има јајце клетки а нема матка дали вие како мајка би се согласиле да бидете сурогат за вашето дете? Одговорете на ова прашање па после дискутирајте на тема сурогат