Злоупотреби има во нелегалната трговија. Во легалното сурогатство(и алтруистичко и комерцијално) не одлучуваат непознати особи. Сите инволвирани се познати. Шансите за злоупотреби се минимални. Само околу трошоците.Но, ако процесот е добро регулиран, нема да се случат.
??? Не знам како ги спореди овие неспоредливи работи. Да бидеш присилена да носиш и родиш бебе е комплетно различно од тоа да ти забранат да ренташ туѓа матка. Си има причина зошто низ Европа не е легално комерцијалното сурогатство.
Изгледа појма немаш како иде комерцијалното. Да, баш непознати се меѓу себе сурогатот и парот што сакаат дете. Сурогатот носи дете за луѓе за кои појма нема дали се саглам или не.
Не. Да не постои комерцијализирано сурогатство. Пишав пред еден саат на темава. Кај тебе. Со твоето тело можеш да правиш, само она што ти сакаш. Кај мене. Со моето тело можам да правам, само она што јас сакам. Кај онаа. Со своето тело може да прави, само она што таа сака. Секој за себе треба да си има лична автономија.
Се на исто ниво. Јас правам со моето тело што сакам, не да одлучува за тоа мојата финансиска состојба, или насилниот партнер. Оти ако е за пари, ќе се изнагледаме такви приказни. Видете ја Украина пред војната. Ко во 'Приказната за робинката' живееа
Зборувам, дека Господ дозволил да сум во таа ситуација, бидејки јас сум таа личност, врз основа на случувањата кои ги имам поминато. (Првите месеци от кога свативме дека нешто не е во ред, што немаме деца, мислевме дека е последица от абортусот. Сопругот ме увери дека без разлика, дали ќе имаме деца, ќе ме сака и ќе биде до мене) Како може да не е убијство? Едно срце чукало и запрело. Нели 2 бактерии на марс се "пронајден живот"? До колку замрзнатото ембрионче е бесмислена случајност што не е битно во какви услови ќе го продолжи животот-зошто толку парови во светот се соочуват со безплодие? Забранувајки го сурогатот, не запирајте овдека. Забранете ги инкубаторите, апаратите за дишење, диализата,стендовите... Дали има поголема радост от тоа да бидеш донор на косќена срж? Прва братучедка на мојата снаа умре, бидејки донорот кој отговара, 4 месеци се мислел дали да иде да го боцнат да му е нелагодно во текот на вкупно 30 минути. Михаела умре на 22години, за тоа што донорот се спотерал 2 недели после погребот. Во главно можеш да стасаш до таков поглед врз животот преку голема болка или барем сочувствувајки на луѓето кои останале живи да пренесат. Никој не ве тера со сила да бидете сурогат. Мора да има поголема информирмираност пред абортус. Не сте свесни колку е тешко кога ќе останеш сама, во тие денови еден збор е доволен, да застанеш наспроти се. Дури и потписот на мојата мајка беше основан врз тоа, што мислеше, дека сум сигурна во одлуката. Не се жалам да рече некој нешто за мене. Поарно да раскажам за да никој не повтори слична приказна. Бидете тој глас на надеж за саканите и околните. Бев среќна на 2те цртки и скоро во шок кога смрдушот ми забрани да раѓам. Абортусот може да е исто толку присилен и нерегулиран како сурогатот. Со второто барем тешкотијата е за тебе, а резултатот е живот.
@Sukre93 ич неќам да звучам грдо и безосетно ама гледам ти си без осет кога тресеш некои работи. Трансплантација на органи, дијализа, стент и слични работи...без нив лицето ќе умре. Без сурогат, парот кој нема дете нема да умре. Збориме за лица кои опстојуваат самостојно, што не го може ембрион. Неќам ич да рангирам болка од неплодност ама за жал кога веќе споредуваш, реалноста е таа. Едит Бубрег и црн дроб би дала, сурогат не би била, баш од истата причина. Значи комотно која сака нека биде за близок. Ама комерцијално сурогатство е големо НЕ.
Не сум абортирала и не знам како би се осеќала да треба. Би ти рекла само да не размислуваш така, поради тоа што чувството на вина тебе те јаде, не мене. И не сум за забрана на сурогатство, туку против комерцијално сурогатство, односно бебе=пари
Скоро ја имаш фатено поентата. Животот не запира за родителите, а за фетусот (преведено на македонски: младенецот) кој нема одредени услови. Дури природно зачнато и инвитро бебе износено во телото на биолошката мајка, детето е засебен живот. Дали си свесна дека донор на органи може да е само жив човек. Во легалните услови за срце(пр.) е морално да нема надеж за живот кај донорот,кој меѓувремено се одржува преку апарати. Мораш поново да читаш што поточно пишувам. До колку ја раздолжуваме темава може да има жена која со радост ќе износи живот за да плати лекување за брат, сестра, родител... Во главно поставувам прашања, затоа што отговорот за сите овие деликатни теми мора да е за себе во сопственото срце. Каде е границата комерциалното, кога за лекувањето на многу луѓе проблемот е само во парите? Имам гледано руски филм за жена која е сурогат по професија. Тоа ми даде да размислувам на сосема друго ниво за различните животни ситуации. (Да нема недоразбирање-јас сум си ок со конфекциската работа. Лично јас, по темата за моето тело би била сурогат САМО за мојата другачка, која верувам ќе биде добра мајка и несакам ни денар за "услугата".) Да се вратам на поентата. Многу луѓе и посебно мажи го ризикуват животот одејки на ризични печалби, во Аљаска, во војни или воени подрачија. Таму никој не им суди дали им требат пари за брза кола, дом, алчност или едноставно го трампат времето и силата за парите кои им се потребни за лекување на близок. Нелогично, но трампаш живот (убивајки во војна) за живот. Читај от почетокот на моите пишувања и ќе видиш дека има поента во секој коментар. Не е хаотично трескање на фрапантни зборови, само за привлекување на внимание. Темите се сериозни. На живот и смрт (за луѓето кои се во првите месеци на постоењето и други одлучуват дали и како ќе продолжат да живеат)
Те разбрав за тоа и е добро. Благодарение на Господ Исус Христос гледам напред. Потенцирам на овие моменти, бидејки незнаеш кој се чита и кој може да е едјнствениот глас на надеж, за душа која е во очај. Сигурно е тешко со присилно носење на живот, но апелирам за размислување пред присилен аборт. Многу пати "неможеш, несмееш, нема шанси" се аргументи кои се ѕид само во психата.
Донор на органи може да е човек што е или жив или е починат со мозочна смрт. Ама овој со мозочната смрт не се смета веќе за жив. Медицински имаш трансплантација од жив и починат донор. Жив може да донира еве бубрег ама не може срце. Починатиот може срце. За другото не знам што си запланала за комерцијално сурогатство кога просторот за злоупотреба од страна на парот (не докторот) е огромна. Ете сама кажуваш би била сурогат само за одредени луѓе. Епа со комерцијалното, сосема непознати кажуваат ти што да правиш со своето тело, значи луѓе кои не знаеш дали да им веруваш, не знаеш каква будалаштина може да им текне.
Закачуваш се за исклучоци, а не размислуваш дека на црниот пазар е поефтино и бргу да си купиш дете кое е киднапирано или одземено от "владините сос", наместо да плаќаш за сурогат. Тоа е тема која треба да ја разбуди совеста и да инспирира човекољубие и хуманост. Неможе на секој коментар да мижиш и да викаш вака е лошо, а онака може да се злоупотреби. Золвами не даде на суд со сопругот, свекрвата и свекорот. Незината свекрва е блудница, а золвеникот е наркоман по документи. После разводот золвата и нивните деца на 11 и 13год. Останаа да живеат со нас. 6месеци подоцна золвата повторно се омажи со таткото на децата. Истите несакаа да се враќат кај родителите. Иако ги сакат, сеуште памтеа тепачките, викотниците и немирот. Золвата дојде со полиција и џандарите и објаснија дека не смеат со сила да ги влечат дечките. Месец подоцна ЦСР ги натера со сила децата да живеат со родителите, за побргу затворање на случаот. От тогаш дознаваме како се преку полицискиот билтен. Секако единствен аргумент дека нивните деца се киднапирани беше тоа дека ние немаме наши деца. Сведочењето на децата беше заташкано ,а полицајците не спасија да докажеме дека по своја воља живееле со баба и дедо. Не се се гледа одма дали е црно или бело. Тоа што ти и јас не сме во позиција на тешка одлука, не не прави репер за туѓите животи. Форумите се место каде може да се собират различни мислења. Сите ги знаеме капаците на општеството. Ајде барем ваму да зборуваме от срце, без заклејмување на неистомисленици. Во животот сум изгубила близки Михаела 22, Мартин25, Љупче23, Александар28, Ангел35 и тато кој имаше 58. Барем во 3 от случаите проблемот беа парите. Кога луѓе прибегнуват до криминал за да го сочуват животот на близките, зошто туку така да се отфрла тој вариант за здобивање на финансии. Добро е само за мајката на тато која замина пред него. Мајката на Љупче почина 20саата после него. За жена која може да изгуби смисла и сила за живот, најмилото (за жал Биба,Албена, Лепа,Станка, Марина... немаа ни можност ) раѓањето на дете за зачувување на веќе пораснатото... Ве молам, пишувајте от срце, без тапкање во место. Злоупотреби има со се. Тоа е форум, но утре може да има таков референдум. Со запирање на сурогат независно, от срце или за пари, нема да закочите злоупотребата со жени и деца на сите други начини.
Здраво на сите нов сум на форумов па би сакал да чујам мислења на темава. Имено имам 35 години и веќе извесен период размислувам на еден ваков чекор една од причините е тоа што не планирам да се женам си имам свои причини за тоа а би сакал да имам дете па единствен начин за тоа ми е овај...Да најдам жена што е спремна да биде сурогат мајка за што добро би ја наградил финансиски да ја износе бременоста а потоа за детето би се грижел јас секако и мајката би имала право да го гледа и да се грижи за него доколку сака но старателството би ми припаѓало мене. Би сакал да чујам мислења и ставови на оваа тема поздрав до сите
Нити судам некого, нити па ќе кажам НЕ за комерцијално сурогатство. Од волку алтруистички побуди зашто во Регистарот нема ниедна мајка сурогат пријавена? Дојде време каде е се за пари, мои познати го добија бебето во Украина за 70000 е, јас секако исто се нафаќам за пари да родам на непознати. За блиски би размислила. И тоа ептен убаво. Звучи грубо, ама таа е вистината. Луѓето гледаат во денешно време ем да помогнат на некој, ама па и тој некој сакаат да им помогне материјално. Грубо, ама вистинито. Дури и да не се согласувате јас не се замарам, тоа си е мое мислење и мој став, не мора никој да ме поддржи.
Здраво. Долго време размислувам на оваа тема. Македонија знам дека е легално о доколку најдеш свој сурогат. На жалост јас немам некој близок кој би можела да го прашам за таков чекор и не ни сакам тоа да е позната жена заради психолошкиот дел во ова. Дали има некој пар кој тоа го има правено во некоја друга земја со непознат сурогат? Доколку има би ве замолила да ми пишете порака да ми дадете некои насоки.
Во Украина знам има, имам познати таму најдоа сурогат, ги кошташе околу 70000 е , ама сега ете второ сакаат и не можат ради војнава. Така да...
Во Украина пак почнаа да нудат, паднати се цените на 30-40 000 евра, има во Грција, таму е околу 100 000 евра, а има и во Кипар, Холандија и некои други земји, но законски не е добро решено, може сурогатот да сака да го задржи бебето и малку е ризично. Во Америка и Австралија е исто сигурно, но е многу скапо, повеќе од 200 000 евра.