Ima tuka kaj nas ,kaj sto se prijavuvaat zeni sto sakaat da bidat surogat majka No pazete se dodeka ne pominete se i potpisete na notar moze da se otkaze surogat majkata ima pravo ....No dokolku potpise notarski dogovor nesmee da se otkaze ,isto taka kaj nas toa go pravat za bez pari samo dolznost e za taa sto ke bide majka na bebeto da gi podmiri site troskovi,lekarstva i se sto ke bide povrzano so surogat majkata Srekno na site !!
Не е битно тоа. Лошо си толкувате закони. Т.е. како што ви одговара, така ги толкувате. Договори се потпишуваат поради други правни аспекти. А жената што ќе прифати да биде гестациски носител има право да се откаже кога сака. Ниту еден документ не ја спречува во тоа. Исто има право да побара и прекин на бременоста од било која причина и истото ќе и биде овозможено.
Ако некоја прифатила, сигурно не го прави тоа со намера да абортира потоа. Јас се надоврзав на тоа што пишавте дека ако потпише договор не смее да се откаже, затоа што апсолутно не е така. Не мора ни закони да читаш. Рационално размисли. Ако реши да се откаже во последен момент кој е тој закон што ќе ја принуди жената да оди на трансфер на ембриони и на кај начин тоа ќе се изведе?
Девојки здраво, и јас се приклучувам на темава и барам сурогат мајка па ако има некоја заинтересирана слободно нека ми пише.
Никогаш не би ризикувала да носам туѓо дете без да ми биде платен добар надоместок. Мој организам, мои промени, се бива во бременост, на пород и сл. Македонциве даваат огромни суми во Украина за сурогат, тука сакаат без пари. Такво време е дојдено што секој гледа како да дојде до некој денар за подобра иднина. Нити некој може да суди некого, нити може да зборува.
Се сложувам. Само што сурогатството во Украина мислам е легално, буквално како во агенција да одиш и да бираш, само што најголемиот процент го зема агенцијата, најмалиот сурогатот. А и тие се во воена зона 10г наназад па за егзистенција им е нормално сѐ, додека кај нас ова се уште е табу тема. Но за таму даваат 70000€, тука не би дале и покрај тоа што сурогатот ќе им биде достапен и тет а тет и ќе присуствуваат и на прегледи и ќе имаат увид во се
3 различни пара познавам кои дадоа по 70000е , а овде очи ќе ти ископаат и уште па згора на се' ќе учат народ што е алтруизам. И кај нас е легално да си сурогат, тоа е исто гратис, јас не би помислила за такво нешто освен да знам дека моите деца се финансиски обезбедени. Не може некој да го боли за дете , а тие што имаат небитни да се скроз . Правило кај нас е бар едно да имаш родено. Не знам како е на друго место, ама зар некоја би се нафатила да раѓа туѓо дете така од желба да биде нечиј инкубатор дека нема што да прави. Секој би го направил за сума, ќе помисли на деца и ќе се нафати. Вака тешко. Многу е ретко мајка на ќерка, друг близок не друг.. Звучи грубо ама тоа е вистината. Чим може да се зима кредит за одмор, за свадба и за станбено прашање, нека земе некој и за дете. Тоа не е за осуда.
Легално е. Мене ме побараа, ми нудеа пари пред да останам бремена, требаше да се пријавам во Агенција кај нас што е за сурогат и да поминам испитувања. Ама не се договоривме . https://zdravstvo.gov.mk/upatstvo-z...ploduvanje-surogat-majchinstvo/?cn-reloaded=1
Легално е да со закон се добро поставено Таму со закон е определено некој бош сум како од захвалност Ама сигурна сум дека се тоа оде под рака 70.000 е и не е многу за дете
Кај нас зборам. Легално е и се пријавуваш да бидеш од алтруистички побуди. Без пари. И колку што се распрашував нема ниедна регистрирано, а да се плаќа сигурно ќе беа полно...
имам за два случаеви слушнато Едната е другарка на другарка другата е мајка за керка знам дека се плака под рака и се надевам дека во иднина нема да биде табу тема и ке можат сите да добијат дете