Zdravo, dali znaete nekoja shto bi sakala da vide surogat Ve molam ako ima nekoja zainteresirana za surogat majka neka mi pise. Vi blagodaram. Pozdrav
Здраво на сите.Помислата дека никогаш нема да може да имате дете може целосно да ве порази, оние што имале било какво лошо искуство со забременување, или со бременост, целосно разбираат какви чувства се овие.Од медицинска грешка и јас сум лишена од таа улога во мојот живот.Би сакала да прашам дали има некоја жена што би се нафатила да биде сурогат мајка? Ако има слободно нека ми пише. Со среќа на сите што чекорат по тој пат!
Пред недела две, на работа разговаравме на темава. За добра сума и фер договор каде би биле заштитени двете страни многу жени би се нафатиле на сурогатство. Од алтруистички побуди може само мајка на ќерка и сестра на сестра/ брат. Затоа колку и лошо да звучам, ако во Украина се плаќа по 70000 ЕУ, бидете спремни на таа сума и тука. Ја разбирам и вашата болка, но и сурогатството носи свои ризици по здравјето на гестацискиот носител.
Јас целосно поддржувам финансиски надомест на сурогат мајката, не е ништо срамота на денешно време, а и на тој начин полесно ќе се мотивираат жените да се пријават. Од друга страна, законот не дозволува финансиски надомест, туку напротив има казна за тоа ако те фатат. Затоа и многу парови кај нас се решаваат "под рака" да им дадат надомест на сурогат мајките. Кога се зборува за Украина, тоа не може да се спореди со ситуацијата кај нас и не може да се бара таа сума на пари, од причини што ситуацијата во Украина е поинаква. Таму, за таа сума сега од 40 000 евра, претходно што беше 70 000 евра, добивате буквално се. Одите во агенцијата која посредува, давате документи, испитувања, ве сместуваат во хотел со 4 ѕвезди, се платено, си одите дома и потоа кога ќе се добие дозвола, агенцијата со клиниката се грижат за се: од почеток на постапка до крај, тие се грижат за сурогат мајките, им даваат исхрана, витамини, прегледи, дури и ги сместуваат во мали етно села додека да се породат и тие ги плаќаат после нив како сурогат мајки. Парот не се грижи за ништо, само чека да ги известат кога да дојдат по детето (или ако сакаат да доаѓаат кога има ехо). Ако не успее со една жена, пробуваат со друга се дури не добиете дете. Значи, буквално се е вклучено во оваа сума. Плаќате и после знаете дека на крај ќе добиете дете и за ништо не се секирате. Кај нас, се трчаат сами паровите, постапката во Министерство за здравство која трае и е многу спора,постојано прегледи, па ако нешто не чини, ги враќаат, па пасихолошко советување 3 месеци и може една до две години да пројде, дури да се почне постапка. Трансферот на ембриони во клиника, лековите и виитамините за сурогат мајката, инекциите и се што ќе и препишат во клиниката, прегледите, породување, никој ништо не им гарантира, оставени се сами на себе, така што сумата од 70 000 евра за МК не е реална, треба да биде далеку помала.
Zdravo, baram surogat majka, plajkanje po dogovor, na notar, sve legalno, jasno, posteno. Za 10-11 meseci, ke si ima extra kes pari, da ne odam da baram, davam pari,vo Gruzija, Ukraina, Iran i Dr. Koga i kaj nas e sve legalno, zakonski.
Baram surogat majka, plajkanje po dogovor, sve ke si bide, legalno, preku ministerstvo za zdravstvo, zakonski
Исконтактирај со некоја админка на женските домаќински групи на фб, мислам дека таму имаш поголеми шанси да најдеш.
Контактирај со админот од групата охриѓанки и нивните пријателки мислам дека некоја анонимна се нудеше како сурогат мајка.
Подолго време размислувам да бидам сурогат мајка, ги исполнувам условите. Сакам да бидам за парична надокнада. Ако има некоја од форумов што била ја молам да ми пише пп. Ме интересира искуството со фамилијата, а и како се справила потоа.
Правилата се жената да е над 25 години и да има родено барем едно дете. Тоа го пишува во нашиот закон за бпо.
Феминки, ако можам да го споделам моето мислење за сурогатењето, низ кој процес моментално минувам како мајка која не може да има свое дете. Јас сум во процес во Украина и сум презадоволна од Агенцијата и болницата. Да бидам искрена кај нас не е дозволено платено сурогатење и не може да биде средено со договори на нотар во кои двете страни ке бидат заштитени, плус не сум сигурна дали мајката сурогат може да се откаже од договорот по раѓање на детето и да го задржи. Според Устав во Македонија родителско право се стекнува со раѓање на детето. За разлика од тоа во Украина, родител ќе бидам јас од момент на раѓање на детето и плаќам ама друг ми ја мисли од почеток до крај. Мојот став е барем таков.
Браво за храбриот чекор. Јас имам многу неуспешни инвитра и веќе се мислам на таков чекор. Можеш да споделиш повеќе за процесот, агенцијата, трошоците. Може и во порака ако не сакаш јавно да пишуваш за тоа. @AnaAnaBanana