Секоја чест. Иско немам никаква врска со темава, сакав да посакам среќа на сите што поминуваат низ ова и што побргу да си го добиат посакуваното бебе Се надевам праксата кај нас за оваа тема ке стане поголема да се олесни за идни генерации
Zdravo devojki dali ima nekoj broj od nekoja surogat majka sto saka da bide ili sto e fala vi premnogu
Не го оправдувам овој чин, и сметам дека е многу е злоупотребен, и треба да биде илегален по секоја цена. Тоа бебе кое се развива во утробата на една жена, знае само за една мајка. Таа што го носила 9 месеци. Не знае за днк, туку го познава мирисот, отчукувањата на срцето, допирот на таа жена. За бебето е таква траума да се раздели од мајката која го носила и чувала... И кое после раѓањето сеуште ја бара нејзината топлина, и мир до неа... Ме повредува дури самата слика што ја замислувам... Се фасцинирам што, желбата да се има бебе по секоја цена, ги брише потребите на самото новороденче. Детето како се чувствува и што му треба не е никогаш важно...
Според тебе тие што посвојуваат деца не се родители? Мајка е таа што те израснала, не таа што само те родила. Камо среќа да може секој да си добие дете.
Друго е тоа. Го израснале, воспитале, го сакаат, се' на светот им е.. Не мислам поинаку ниту за родителите кои станале родители преку сурогат мајка. Секако дека посакуваат дете Но, да го носиш у тебе, и да го дадеш заради нешто, корист ли е, услуга ли е, добро дело ли е, не знам.. Чудно ми е. Да, не е твое дете, ама станало дел од тебе сепак, ни малце ли не се поврзуваат.. Многу језиво ми е ова, премногу, да си купиш дете..
Па не е твое дете, само помагаш да се створи. Јајцеклетката и сперматозоидот е на вистинските родители.
Постојат два вида сурогатсво. Во едниот, сурогатот не е биолошка мајка на бебето. Ти не го оправдувај, но за други е шанса за потомство на која имаат право. Не се секирај ти. Гените си влечат, бебето ќе си ја препознае биолошката мајка кога таа ќе го земе во раце. Процесот не оди туку така по сечија желба. Си има регулација во секоја држава каде што е легален. Секако дека е добро дело и услуга кога сурогатот им овозможува на двајца луѓе да станат родители кога не можат да го постигнат тоа на стандардниот начин. А, дали таа гледа на тоа како корист зависи од нејзините околности.
Мајка не се станува само со тоа што ќе го носиш детето и што ќе го родиш... Има мајки што ги раѓаат и фрлаат по домови и не не му е таа мајка туку таа што го израснала... Ако постои можност за сурогат мајка, зошто да не? Обично тие што го носат детето се членови од семејството или за пари.. И не гледам ништо лошо во тоа..
А она дете кое го оставила мајката уште на само раѓање? Според тебе, тие деца љубов, топлина, мир никогаш нема да осетат? Јас пример не би можела да бидам сурогат, знаејќи се себе (за предмети се врзувам дури)... ама алал да им е на жените кои го прават ова
Среќа па никој не бара дозвола од тебе.Ако ти не го оправдуваш,не треба ни да судиш.Верувам дека никој не се одлучил на ваков чекор лесно,и храброста за овај чекор е голема.Така да верувам дека родителите кои ќе се одлучат на ваква жртва,ќе се едни од најдобрите родители за детето.
Ако збориш за комерцијално сурогатство, легално е само во земји од трети свет кај што абер немаат за човекови, детски и права на жени. Зашто нормална држава комерцијалното сурогатство го признава како трговија со луѓе. Она другото е од алтруистички причини. Тука веќе не се меша толку државата.
САД има комерцијално сурогатство, е сега, САД во однос на човекови права не знам дали можам да ја бројам во развиен свет.
Ќе се поправам - конзервативни земји што се палат на наталитет и семејни вредности. И да, во САД многу немаат саглам права жените. Истата држава што беше спремна да убива жени оти абортирале. Италија на пример скоро забранија и надвор од земјата да бараат сурогат, ако пробаат, детето нема да биде признаено во државата.
За мајчинство е потребно многу повеќе од носење во утроба. Жената која добива дете преку сурогат може да биде далеку подобра мајка од таа која го добива на стандардниот начин. Љубовта е најважна.
А, бе, не ме читате или шо е работава? Ја никаде не го реков тоа, и апсолутно се слагам. Ја го коментирам оној дел, жената што го носи бебето, и покрај тоа дека е туѓо, како не се приврзува со него, значи сепак го носи во себе, и eден ден го раѓа и остава.. А за родителиве ми е крипи тоа што испаѓа ко да си купуваат дете, што и така му иде.
Ако е за пари, не поддржувам сурогат, бидејќи тој систем во кој едни имаат, други не, па мораат да размислуваат и за вакви опции - не треба да постои. А ако не е за пари и на доброволна основа се договориле, тогаш не ме интересира што прават.
Значи според твојата логика (бебе не смее да се одвои од биолошката мајка) и оставање на новородено бебе во дом треба да е илегално? И што правиме ако недај боже на мајката и се случи нешто? Постојат толку многу жени на светот кои родиле дете а не заслужуваат да се наречат мајки затоа што после ги оставаат во дом или не им пружаат соодветна грижа (заради икс причини) и исто толку мајки кои ги имаат сите услови и предиспозиции ама едноставно природата одлучила дека не можат да родат свое. Зошто да не се спојат овие две категории?