Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    38 глас(а)
    15,8%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    44 глас(а)
    18,3%
  3. Не, никогаш

    159 глас(а)
    66,0%
  1. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Не знам како можете да споредувате посвојување и сурогат мајчинство.
    Децата кои се веќе за посвојување се веќе оставени од сопствените родители, дали се сирачиња или друга етиологија ( нема да навлегувам во нивните, лични причини), се напуштени,уште пред да дојдат родителите за посвојување. Тоа е чин на љубов, да му се помогне на детето кое невино завршило во ваква ситуација, а и личностите да се остварат како родители. И комплетно го поддржувам посвојувањето.
    И да, исто и они поминуваат низ траума на раздвојување како бебиња и деца, од својата мајка.
    Додека сурогат мајчинство е намерно, платено изнајмување на матка на туѓа жена, да не кажам експлоативно, себично и свесно изложување на трауматски процес на раздвојување меѓу сурогат мајката и бебето.

    Новороденчето си нема познавање од биолошка мајка и татко.
    За него мајка е во која е растела, тоа е СЀ што знае, и спрема таа жена чувствува поврзаност. Губењето на познатиот глас низ бременоста, топлината, чукањето на срцето, тој недостаток кожа на кожа- поврзаност после раѓање, не може да бидаат негирани и да бидат сеедни во развитокот на детето.
    Има студии кои велат дека ваквите деца имаат проблеми со конекција со родителите во првите години од животот, а сурогат мајките исто минуваат низ ментални проблеми постпартум.
    Не е природно, нормално да бидат раздвоени мајка и бебе, без разлика на етиологијата. Не знам што е тешко за разбирање.
    Не го оправдувам овој чин, тоа е моето мислење.
     
    На Kom.pot му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Да, и да. Во идеален свет, секој е должен за сопственото дете.
    Ако и се случи нешто, тогаш е божја волја.
    Дали заслужиле или не, и другиве дали имат услови или, не сум должна да пресудувам, не е моја работа тоа.
    Мое мислење за сурогат мајчинството останува непроменето. Намерно, трауматско изложување на разделба меѓу мајката и детето, да не кажам "купување дете " (кое во денешни услови станува уште изопачено, во западниот свет поготово) треба да биде забрането и илегално.
    Можам да ја отворам и темата, еве штом љубовта е најважна, како што имаше неколку пати погоре спомнато, тогаш е помалку/не важна генетиката, така? Зошто не посвојуваат лицата што сакат да имат дете -дете што нема никој на свет, напуштено, сираче? Туку сакат сурогат мајчинство?
     
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.213
    Допаѓања:
    192.177
    Оти да посвоиш дете треба маче да родиш
    Скоро е невозможно
    Зошто ако некој има јајце клетка за свое дете а од некоја причина е без матка зошто да не може да добие свое дете преку сурогат жена
     
    На EnaEnA30, Raven22, DragonFly22 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    15.549
    Пол:
    Женски
    И ова е чин на љубов и несебичност. Помагаш на некој да се оствари како родител. Нема ништо лошо во тоа.
     
    На Mila0000, EnaEnA30, mariz и 6 други им се допаѓа ова.
  5. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    5.383
    Пол:
    Женски
    Не би да навлегувам во каков свет е, но ова што го спомнувате и те како е строго, да не пишам најстрого кај нив законски регулирано и најсигурно.

    Од ваквите со вакви заостанати размислувања да се запрепастиш.
    Не ја запамтив членката ај ако толку е загрижена сурогаткава ако е еднојајчена близначка со мајката и бебево си се поврзува и генетски си се препознава и поистоветува со едната и другата што тогаш?
    Ај да не трескам и јас...
    Глупости тешки...

    Родител не се станува со раѓање, мн.повеќе треба од само чинот на раѓање, носење, генетики
    ....к...п...да не одам во др.вулгарности...

    Едуцирајте се малку луѓе пред да треснете нешто.
     
    На Raven22, poker_face и BubamaraM им се допаѓа ова.
  6. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Зошто невозможно? Во мојата околина/ мал град знам барем 5-6 парови кои имаат посвоено деца, дури еден пар, роднина. Луѓето нити се богати, нити некакви врски да се имале, обични скромни граѓани.
    Во Македонија не се ни плаќа огромни суми колку што познавам. А сепак, за изнајмување матка на сурогат мајка се спремни илјадници евра да се платат.
    Дали жената има матка или не, или хх причини зошто не може да добие дете, за мене лично е Божја работа и одлука.
    За жал, дојдени сме во времиња што секакви можности се истражуваат само да се дојде до посакуваната цел, без да се мисли на последиците.
    На секој му е дозволено да прави што и како сака, само за лично и само лична добивка, моралните вредности со тек на време се губат, и неприродни нешта се нормализираат.
    За жал и за сурогат мајчинството.
    Исто како што прашуваш сега, зошто не може тоа да го направи таа жена, тогаш може некој геј машки пар(пошто нели немаат матка) да те праша, е па зошто и ние да не имаме биолошки деца? Еве, ќе си изнајмиме матка на х жена, ќе си купиме донор јајце клетки, и така. Децата со тато и тато. Сметаш дека целиот тој процес е нормален? Отвори баш Joseph Hughes на инста, да видеш како изгледа целата ваква слика.
    Или за нив не е океј? Пошто ова е отворена опција и тема, спремна за експериментирање и експлоатација. Нема сива зона или регулација, или е за сите, или за никој.
     
  7. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Еве едуцирај не, баш ме интересира да прочитам едукативни постови за тоа што го поддржуваш.
    Пошто сѐ што имам лично истражувано за жените кои се минувале после овој процес, како и деца жртви на ова, за мене е ...жално.
    Никаде во моите постови не зборувам за тоа што треба за родител, никаде немам нешто против родителите што посвојуваат. Да си родител, да пораснеш здраво, право дете, ментално и физички е тешко, и не почнува од 7-8-9-10 години кога повеќе разбираат, туку од интраутериниот развој, новороденче, доенче, мало дете, сите фази се подеднакво важни, и бараат огромна, огромна посвета, време, близина, конекција.
    Во 3-4 постови зборувам за ТРАУМА, намерно, предизвикан трауматски процес на разделување меѓу мајка и бебе, се со цел генетско потомство на хх родители. Не знам како се занемарува при читање или пак можеби сеедно е?
    Сѐ што читам од сите коментари е родители, родителите сакат, родителите ова она. Кој мисли на новороденчето? Кој мисли на тоа што ја нема таа позната поврзаност низ цела бременост? Кој мисли како се чувствува тоа бебе?
    Биолошката мајка е странец како било кој од улица после раѓање. Заедничко е само генетика, што новородено бебе си нема врска од тоа.

    Можеме да споменеме и еве, физичкото здравје на сурогат жените. Да износиш дете, да го родиш, ко што велат, бремената жена со една нога е во гроб. Жената го ризикува животот за пари. Повеќето од нив се принудени на овој чекор за опстанок на другите деца. Може да почине на оперативната маса само и само да заработи некој денар. Ама нели, се потпишала, кој му е гајле? Само инкубатор за раѓање е. Легализирана трговија со органи/ луѓе. Си го земаш бебето дома, баш ти е гајле што другите деца на жената немаат мајка.

    Не знам, еве. Мене сето тоа не ми е нормално, неприродно.
    Има толку деца што се сами, оставени, веќе минуваат низ тешки периоди низ домовите, чекаат некој да ги посвои...
    Не знам зошто не можеме овие две категории да ги споиме?
     
  8. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    573
    Допаѓања:
    3.417
    @DragonFly22 затоа коментирав само со (facepalm)

    Се погоре изнесено ѝ се заснова на лични истражувања, навистина сметам дека е бесцелно објаснување, станува збор за тешки стереотипи и предрасуди кон одредени групи - непроменливи очигледно.
     
    На EnaEnA30, FriendOfDorothy, DragonFly22 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    15.549
    Пол:
    Женски
    Таа жена не му е мајка. Детето останува со своите вистински родители.
     
  10. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    Па ако гледаш така и болестите се Божја работа ок е нека ги прифатат сите не мора да се лекуваат.Не мора да се ставаат пејсмеркери и ред други интеревенции.Новороденчиња немаат трауми,имаат потреба од сигурност и физички контакт,што ќе го оствари со биолошката мајка.Бебето не знае кој му е родител-се гради приврзаност со тој што се грижи за него.На кратко новороденче не може да доживее разделба.Дури се фокусираш на родители што имаат огромна желба да го реализираат тоа,повеќе нека се посвети внимание на тие што ги раѓаат и ги оставаат,малтретираат,продаваат
     
    На EnaEnA30, FriendOfDorothy, DragonFly22 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Во темине за абортус фетусот чувствувал, убиство било, тука новороденчето не се приврзувало за утерусот и таа средина. Секој си ја тера водата на својата воденица очигледно, но фактите остануваат, процентуално, жените од третиот свет се одлучуваат на ваков чекор за пари, од немајкаде, исто како што жени се проституираат за пари, исто како што луѓе крадат за пари. Поради пари. Може да се смета за изнудена одлука, алтруизмот е нешто сосема друго, да беше така едноставно, за нас ќе раѓаа другарки, тетки, мајки, познанички, ама не е.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    Во однос на абортус еднаш се имам изјаснато,дека не оправдувам абортус само како контрацепција кога се користи.Овде исто така не реков ниту еднаш дека не се поврзува,не знам каде прочита такво нешто.Најважно е за бебето што ќе се случува по неговото раѓање.Ниту оправдувам,ниту судам.Комплексна е постапката и чуствителна е темата,А жртвата и храброста се многу големи,и не е логично да ги споредуваме со проституција и кражби:wasntme:
     
  13. Justify

    Justify Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    166
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, некои болести се божја работа, некои резултат на наша свесна одлука. Само што не се ставаат пејсмејкери на 3 други, личности кога е еден болен. Така да, оваа споредба ми е површинска, и неоснована.
    Не се согласувам, и не можеме да се разбереме,што е во ред. Секој има право да си верува во што сака и како сака.
     
  14. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    Па изостанок на матка е болест,не е свесна одлука.Никој на никого, ништо не става против негова волја.Па нормално дека не можиме да се разбереме,кога гледаме од другата страна и кога не сме го доживеале истото.Лесно е од страна да се паметува ,кога не сме ја поминале нивната болка и борба
     
    Последна измена: 29 април 2026
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Не реков за тоа дека ти лично си ср изјснувала за или против абортусот. А потребата за пари е иста, зошто мислиш дека е различно? Жените од третиот свет стануваат сурогат мајки поради очајна потреба за пари и да ги спасат сопствените деца, инаку да не се во треиот свет и да ја немаат потребата од итни и брзи пари, мислиш дека би се согласиле на таква улога? Истиот механизам се активира и со овие другиве кои ги споменав.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    Па ако гледаме поширко злоупотребата е широко распостранета.Зна дека ќе ми се нафрлат ама ќе кажам,за мене е исто злоуботреба да си го снимаш детето секој ден на влогови,и секој детал да го споделуваш а тоа не ни свесно.Со една цел-лајкови и пари.Така да се е излезено од контрола.Ама мислам дека е хумана работа,само ако се работи прописно со закон.Каде што е пружeна психолошка поддршка,и редовни контроли
     
    Последна измена: 30 април 2026
  17. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    А зошто не посвоиш ти?
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Хумана да, но им "припаѓа" само на сиромасите, се прашувам зошто. Ако е целта алтруизам, пак да пишам, може и пријателки и познанички да бидат хумани. Хумана е кога се гледа само од едната страна, од страната на тој што треба да добие. Настрана што мислам дека и возрасните, исто како и децата , треба да почнат да се учат дека сите желби не можат да се исполнат, колку и да звучи грубо. Сѐ на овој свет не може да биде "наше", па дури ни за многу пари. За децата и социјалните мрежи апсолутно се сложувам со тебе, но свеста за таа ситуација почнува да работи и некои од тие родители се соочуваат со сериозни правни проблеми, казни и социјални служби.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.250
    Допаѓања:
    78.542
    Пол:
    Женски
    А како се чувствува бебе чие биолошка мајка не го прифаќа? Чија биолошка мајка е некој алкохоличар, наркоман или некоја психички болна? Што ако е генетски негова мајка??? Читав скоро, за родители (вклучувајќи ја и таа мајка), новороденче што тепале, го изгладнеле, го треселе и бебето починало на месец ипол.. а тек колку деца има што не се добри после тие ТРАУМИ што го преживеале сето тоа (па ги одземале од тие биолошки родители). Како тие бебиња чувствуваат мир и спокој? Не велам дека нема приврзаност некоја на новороденчето со мајката, но што се случува на таа приврзаност кога таа ќе почне да го малтретира, игнорира?

    Родител за мене е секој кој со љубов, внимание одгледува едно дете и само тоа дете ќе порасне во здрава, стабилна, среќна личност.. без разлика дали родителот е биолошки, дали го родил, посвоил или со сурогат го добил тоа дете.
     
    Последна измена: 30 април 2026
  20. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.210
    Пол:
    Женски
    Точно.Ама и другата страна не е присилена.Не можи некој на сила да ти стави ембрион.Така да,и да го прави за пари е нејзина одлука.Како што спомна некој погоре и таа го прави за нејзините деца да ги обезбеди.Епа и тие нека научат дека сите желби неможат да се исполнат.Нека се задоволат со тоа што го имаат.Нека не прифаќаат секакви можности за заработка