Затоа и сурогат мајките се од земјите од третиот свет (прифаќаат секакви можности за заработка затоа што мораат, така што да, никој не ѝ става прст на чело, ама немање избор е скоро па присила), и така и ќе си остане. Хуманоста само така се вметнува како флоскула, да личи поубав муабетот.
Изнудена одлука е ако против своја волја станат сурогат мајки. Во темава, не се работи за такви случаи, туку за жени кои со сопствена одлука и волја се одлучуваат за овој чекор. Причините се различни и вас не би требало да ве тангираат. Дали е за пари или алтруизам, нивно право, нивно тело. Како што вас никој не ве прашува што правите со сопственото тело, така и на нив никој не треба да им суди зошто се одлучуваат на овој чекор. Симпл
Тие луѓе се борат за егзистенција, не за хирови... Има цела позадина причини зошто се изнајмуваат матки на сиромашни жени, а не на просечни бели жени од висока класа.
Секој се бори за егзистенција не само тие луѓе. Секој има право на свој избор.Има и други начини за егзистенција не е овој единствен
Не е толку симпл ако овој избор статистички припаѓа на одредена група жени, станува симптоматично, а симптомите постојат за да се "читаат" и лекуваат. Исто и проститутиките избираат, избираат и криминалиците, впрочем сите ние избираме, и сите имаат свои причини. Да беше симпл, ќе раѓање ти за сестра ти и за другарките.
Интересно е како се притив сурогат само оние кои немаат искусено болка да не можеш да родиш свое дете... И да никој со пиштол е ти иде со сила да те оплоди и да го земе бебето туку сами се пријавуват за сурогатство..
А што е со болката на децата кои остануваат по домовите како фантоми зашто ниедна држава не ги признава, а родителите не ги земале од X причини. Дете не мора да имаш по секоја цена. Ако твојата желба загрозува туѓ живот епа извини... Крај крајова, во човекови права не спаѓа имање дете, ама заштита од трговија со луѓе спаѓа
Ај те молам линк до твоите истражувања или сподели факти, баш сакам да видам што тоа имаш истражувано и до какви заклучоци имаш дојдено.
Ти збориш за нелегалното сурогатство. Јас зборувам за легално сурогатство. Тоа ти што го збориш е криминал и не е воопшто исто со она што се нарекува сурогатство. Мој родинина во УСА добија дете преку сурогат мајка. Затоа што жена му не смееше да раѓа, бидејки бременоста можеше да заврши со смрт. Е сега како што ми кажуваше, процесот не е така лесен и едноставен. Они цело време биле во контакт со жената, буквално се и плаќаат, од медицински потреби, прегледи, дури и ако мора да лежи да не оди на работа должни се да и ги покриваат тие месеци изгубен приход. Ова е на страна од тоа што она добива за тоа што е сурогат мајка. Жената била од висока средна класа, која имала 2 деца нејзини и била во брак. Инаку по договор имало и клаузула дека Доколку животот на сурогат мајката е доведен во пршање бременоста веднаш да се прекини. Така да, сега си имаат дететнце, вечно благодарни на жената, дале мало богатство.
Напротив, легално. Комерцијално договорено. Ама детето излегува со некоја аномалија или родителите се премислуваат. Детето веќе родено, матичната држава не го признава зашто било планирано преку сурогатство. Државата од родителите исто така зашто овие се премислиле. И така сиротото ни ваму ни таму. Родителите не одговараат ако не го земат. Комерцијално сурогатство е признаено како трговија со луѓе, па вие до утре кажувајте срцепарајучи причи. Луѓе заради мака свашта прават од очај па не мора да ги оправдуваме.
Како го заклучи тоа, нема статистика на темава, ниту здравствени картони, не е заклучена и секако е дозволено сите да размислуваат на сите теми. Или тоа важи само за одредени членови. Прашањето е кој и зошто се пријавува за да рента матка? Или ако ја посматраме ситуацијата од друг агол, кој ќе си дозволи 100к евра за да си "изнјми" матка? Легитимни се сите недоумици.
Некој само сака да помогне, од хуманитарна причина, некој за пари. Сепак сами прифаќаат да бидат сурогат мајки.. И е сосема во ред тоа кога некој сака дете ама не може да има свое, опција е и посвојување ама тој е многу подолг и потежок процес.. И сперма донорите, донираат за пари, ако е така и ова е трговија со луѓе.. Точно дека не е споредливо едно со друго и дека е многу полесно да си сперма донор отколку сурогат мајка, ама целта е иста помагаш на други луѓе, кои што од х причини не можат да имаат деца, да станат родители.
Не се сите избори исти и секако не е исто сперма и матка, баш не се споредуваат. Пак да кажам дека толку го поедноставиш муабетот, би раѓала ти за мене и јас за тебе, и таман си е сѐ, но не е баш така.
Тоа тие што се одлучиле прашај ги зашто. Зборувам за легалното со закон уредено сурогатство, а не оној грозен криминал во Кина, Индија, Украина итн..
Во Украина е легално сурогатството. Дури и кога би било најлегално, повторно доаѓаме до одредени дискриминанти, како на пример достапно само за хетеросексуални бракови или само за оние кои се навистина богати. Некој ќе биде секогаш изоставен од равенката. Не е баш така, плукни па залепи.
Страпно е што се скучу Не е само за хетеро. Само што во тој случај мора да најдат јајце клетка од донирани јајце клетки или евентуално некоја пријателка да им донира. Знаеш колку геј парови имаат така деца во светот? Ехе.. а дека е скапо скапо е. Ама не те врзува тука дали си сингл, хомосексуалец, хетеро... https://surrogate-motherhood.com/?g...HYqSU1pHuumknsZwYb5-yHdbCbVA6C9BoCB-sQAvD_BwE За сингл жени е најсакапа опцијата ))
Нена, јас пишувам само за оние држави кои го имаат легализирано комерцијалното сурогатство до овој момент, во 2026 година. Некои држави во САД, Грузија (само хетеро), Колумбија, Грција (они мислам дека имаат ептен рестрикции), Украина (само хетеро во брак), Русија само за нивните. Сѐ останато спаѓа во групата "криминални" и во земјите од третиот свет каде што сѐ е дозволено штом има да се искешира.