Сурогат мајка

Дискусија во 'Бременост' започната од zverka, 17 февруари 2010.

?

Дали би биле сурогат?

  1. Да, но само за блиски (без парична надокнада)

    36 глас(а)
    16,1%
  2. Да, и за блиски и за парична надокнада

    42 глас(а)
    18,8%
  3. Не, никогаш

    145 глас(а)
    65,0%
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Нека прави што сака мајката. Докторите што правеле? Како е тоа по Хипократова заклетва? Ти си лекарка, кажи :wasntme:

    Чиста среќа што е само алтруистичко сурогатството кај нас. Ако мислите дека комерцијално е кул идеја, ви препорачувам да прочитате и истражите малку за тоа што се случува ов Украина, како плаќаат за сурогат па ги напуштаат децата ако не се задоволни од "робата", како тие деца не можат ни да се дадат на посвојување по закон па се заглавени во домови.

    Видео:
    Дискусии за законот (донесен од ВМРО патем, од ултра десничарите) https://tocka.com.mk/vesti/122749/pravnicite-predupreduvaat-zenite-ke-se-pretvorat-vo-inkubatori
    Во една статија некој беше рекол дека нема интерес за сурогатсво во Македонија затоа што жените биле себични, не сакале да раѓаат деца за друг. Ахам...
    Цела Хендмејдс тејл ја имате, цело општество базирано на сурогатство.
    Capture.JPG
    Само инкубатор. Буквално само предмет. Поголема објектификација од тоа има?
    И една книга за они што ќе кажат "прочитај нешто, не биди заостаната". Прочитајте вие, читам јас доволно.
    Баш е грдо колку сте неинформирани и неедуцирани и како лабаво си земате за право да зборите за работи за кои ништо не знаете http://93.174.95.29/main/1449000/fe555cb198940275f9d88d54cffc9f0b/Kajsa Ekis Ekman - Being and Being Bought_ Prostitution, Surrogacy and the Split Self-Spinifex Press (2014).pdf
    http://93.174.95.29/main/2300000/28...ogacy in a Global Market-Routledge (2011).pdf
    http://93.174.95.29/main/1303000/9d...in India-Columbia University Press (2014).pdf
     
    Последна измена: 5 февруари 2020
    На Miiaaa98 и violetblue им се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.277
    Допаѓања:
    226.765
    Пол:
    Женски
    не сум лекарка, и сама знаеш :)
    каква врска има заклетвата?
     
    На CameliaMiller и Martka им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Па животот на жената го ставаат во опасност за да може да роди дете за ќерка и.
    На 51 година бременост е крајно опасна работа. Башка што и ВРАТИЛЕ МЕНСТРУАЦИЈА НА ЖЕНА ВО МЕНОПАУЗА. Не знам како може тоа да е етички и во ред.
    Не треба докторите да се тука да исполнувата сечии луди идеи.
     
    На Miiaaa98, kukidi и violetblue им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.277
    Допаѓања:
    226.765
    Пол:
    Женски
    одамна не постои парантелистички однос од страна на доктор и фала богу што е така. нејзин бил изборот тие имале конзилијарен претпоставувам и одлучиле дека е возможно. и ете, се е ок фала богу
    .
     
    На CameliaMiller, nextredstyle и Martka им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.886
    Пол:
    Женски
    И приватно зборевме нели, да не се повторвам само ќе резимирам за другите шо читат - знајш дека мое мислење е: ако бабата избрала да добие менструација за да можи да биди сурогат и да си жртвува здравје, јас велам - go for it, крај краева е то нејзин личен избор и сите одбираме кои „битки“ ќе ги војуваме. Ама зошто тогаш ја даваат како сурогат мајка ако не се јајце клетките од ќерката? :o Ова приказна со twist е пошто уствари не е сурогат, едноставно си роди „внуче“. :D

    Ако јајце клетките не се од ќерката, бабава не е сурогат мајка туку мајка, не само шо го носи детето туку и генетскиот код иди од неа како од мајка, не „разреден“ како од баба. Али ако ова ги прај среќни. многу сестри се растени од друга сестра како деца ( некни и читав слушај каде што дур разведени мајка и татко имале уште едно oopsie baby од кое се откажале и 20 години постариот брат го посвоил и дури 16-7 години покасно се дозна дека уствари брат му е, а не татко. Биолошки, му е брат. Технички, го израсна заедно со своите деца како татко) само језливо е малку дека морало бабава да си врати менструација само за да го роди. Голема жртва и ако им се прај не знам дали да аплаудирам или да се прашвам дали е океј.

    И најбитно, ова и во ситуацијава, и во ситуација на посвоено дете: секогаш бидете искрени кој му се биолошки родители. За нивно добро. Макар и во ваква комплицирана ситуација зошто од некомплицирана ситуација ова стана многу комплицирана ситуација.

    Нема да коментирам нахнадно за сурогатство туку за конкретна ситуација само, мислам и вчера со Кијану зборав тука и со тебе приватно да не се повторвам сепак темата еволуира. :D

    @Keanu_R.Wick гледаш како се можи да е релативно во една ситуација? :D

    едит. Анѓо са видов шо си ми пишала, во ситуацијава многу помалку комплицирано ќе беше да посвојат. Зошто просто ко можи комплицирано.
    едит 2. Не кажав зошто комплицирнано ко можи просто, јајце клетката не е ни на бабата. Надвор од рамките на семејството.
     
    Последна измена: 5 февруари 2020
    На WildMk, CameliaMiller, Keanu_R.Wick и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    13.837
    Пол:
    Машки
    Штом лекарите процениле дека жената е компетентна да го издржи целиот процес, притоа таа имала и голема желба тоа да го направи, јас не гледам причина зошто не би. Ако постоеле ризици сигурно немало да и дозволат.
     
    На ocicka2014, bibiiii, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Маж си, не знаеш ништо ни за менструација ни за менопауза. :D
     
    На Miiaaa98 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    @theowndemon јајце клетките се од донор и бебињата немаат генетска поврзаност со бабата
     
    На WildMk, bibiiii и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.137
    Допаѓања:
    174.886
    Пол:
    Женски
    Да, зато се едитирав. Видов дека @DAngel ми пиши ама си реков да допишам ќе видам и та информација беше. :D
     
    На Asparagus му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    13.837
    Пол:
    Машки
    Па сум учел физиологија и гинекологија.. не сум од вчера..
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.186
    Допаѓања:
    56.880
    Пол:
    Женски
    Од каде па сега ова дека јајце клетките не биле од ќерка ѝ? :o Пишува некаде така или?

    Инаку никој не ја присилил жената да носи бебе, таа така сакала. Избор. Да било толку опасно по живот не верувам дека ќе ѝ дозволеле, ниту докторите ниту нејзините блиски.

    Зошто не е? Секој има право да избери дали ќе има биолошко дете, дали ќе посвои или да нема воопшто никакви деца.

    Сурогат мајката нема никаква поврзаност со бебето покрај тоа што бебето се исхранува од неа.
     
    На Stressed Out, WildMk и nextredstyle им се допаѓа ова.
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Исто така и имање бубрег не е човечко право, а освен тоа донирањето бубрег го загрозува здравјето па и животот на донорот.
    Е сега пробај ти на родител што сака да донира бубрег за детето да му објасниш дека тоа не е етички и дека е многу поедноставно детето цел живот на дијализа да оди.
     
    На Konfetka, Stressed Out, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Да. Секаде пишува
    https://a1on.mk/macedonia/surogat-majka-na-51-godina-donese-bliznaci-na-svojata-kjerka/

    Тоа не значи дека не се налудничави идеи. Докторите не треба да се тука за да исполнуваат туѓи налудничави идеи. Бременоста е посебна состојба, и секоја брееност носи ризик. Колку подоцна е - толку ризикот е поголем. а за враќање на менструација за да роди кога веќе влегла во менопауза, тука и нема доволно истражувања. Плус хормоните не ја афектираат само плодноста, Хормоните се буквално одтговорни за фукнционирање на ЦЕЛОТО тело.
    Не и расте во телото 9 месеци? нема емотивна поврзаност? Не се грижи за да го износи тоа дете? Не оди на контроли за него? Не се става на пораѓај? Како мислиш нема ништо? Што е тогаш, смао инкубатор? Небитна непозната во равенката? Нејзиното здравје и чувства не се битни, нели? Само по секоја цел да се дојде до дете. Кое во овој случај, на крај пак не е по никој основ нејзино.
     
    Последна измена: 5 февруари 2020
    На WildMk, Nigredo Odor и violetblue им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Чекај, ембрион со неопходен орган споредуваш?
    Ако немаш дете животот во опасност ти е?
    ако не па ајде да си киднапираме по едно, ако толку било битно да се има дете по секоја цена.
     
    На Nigredo Odor и violetblue им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.277
    Допаѓања:
    226.765
    Пол:
    Женски
    не е споредбата ембрион и трансплантација на бубрег. ризикот е споредбата.
    ако со бременоста тргне нешто наопаку, посебно во ваков случај каде под лупа се прати, лесно е во секој момент да направиш хистеректомија.
    а што ако на донаторот му откаже бубрегот после месец дена? навидум може е ок, ама како телото ќе се справи постоперативно нема шанси точно да се процени.
     
    На ocicka2014, CameliaMiller, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Во секој случај при донирање бубрег се загрозува животот на здрава единка, а резултатот никој не го гарантира затоа што организмот може и да го отфрли бубрегот (што и често се случува за жал), а јас колку пто разбрав од твојот претходен пост тоа ти беше еден од критериумите за неетичност.

    Киднапирање дете и жена која која по своја волја решила да стане сурогат мајка за да и помогне на ќерката се сосема различни работи.

    Ти игнорираш една многу битна ствар во случајов, а тоа е дека родител би го жртвувал и сопствениот живот за да му помогне на своето дете, без разлика дали помошта е давање бубрег или носење и раѓање дете.
    И не можеш ти да им го забраниш тоа затоа што ти било неетички.
     
    На senza.parole, WildMk, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.938
    Јас не им го забранувам.
    Ама давање на шанса на некој да има нормален живот и исполнување каприци на ќерката со ставање на сопствениот живот на коцка се две различни работи.
    Зошто викам имање дете е човечка слобода, а не човечко право? Затоа што човечкото право е нешто што треба да биде загарантирано и заштитено, со закон.
    Храна, здравствена заштита, образование се човечки права. кои пак не им се исполнети на многу луѓе. Не можеш имањето деца да го споредиш со тоа.
    Имај колку сакаш, ама не по секоја цена. Кажи ми, што се случува со телото кога на жена во менопауза и се врати менструацијата. Не знаеш?
    Ама за донирање на бубрег убаво се знае што се случува со телото.
    Не зборуваме тука смао за краткотрајни ефекти, туку и долготрајни. Хормоните не влијаат 9 месеци па престануваат. Не може да биде сеедно да вратиш жена од менопауза и да ја ставиш низ цела бременост.
     
    На *Amethyst*, Nigredo Odor и violetblue им се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Што е нормален живот, а што исполнување каприци е релативна и субјективна категорија.
    За тебе имање дете е каприц, за некој нормалниот живот подразбира деца, за друг и живот на дијализа е нормален а донирање бубрег е каприц.

    Што се однесува до човечките права и имањето бубрег не е човечко право загарантирано со закон. И?
    По таа логика таткото не треба да донира бубрег за синот затоа што имало луѓе без човечки права односно без образование и здравствена заштита?!

    Инаку, се врши и ин витро со жени во менопауза, а и да не е жената во менопауза хормоните имаат долгорочни ефекти и секакви нуспојави. Мислиш дека тоа ги спречува жените да прават ин витро?

    Ако тие кои се подложени на ризик и на било какви ефекти кои би произлегле од тие процеси, се спремни да го поминат тоа, која си ти или јас или било кој друг да им кажува дали е етички или не?
     
    На GirlRose, Lella, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.871
    Допаѓања:
    129.745
    Пол:
    Женски
    Каков каприц,бе?
    Ќерката имала желба за деца,а мајката одлучила да ѝ помогне.
    Мајката свесно се ставила во ризик за да му помогне на своето дете.
    Се очекува од секој родител да биде подготвен да се жртвува за своето дете.
    Личен избор било.
    Која си ти да кажуваш дали било етички?
    Ова не е случај со трговија со луѓе и илегална фабрика за бебиња,па да се вели дека нема етичност,туку решителност на една мајка да ѝ помогне на нејзината ќерка.
     
    На Konfetka, bibiiii, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.277
    Допаѓања:
    226.765
    Пол:
    Женски
    Не може да се рече за нешто дека не е етички кога никаде не е пишано и прогласено како такво.
    Мајката верувам се нафатила бидејќи се знае колку е тешко да се најде во мкд сурогат и колку тоа е комплицирано.
     
    На CameliaMiller, JuLleE, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.