Сутлијач Луѓе кажувајте како да не ми загори сутлијашот Кога и да правам има 1 прст што се вика долу загорено среќа не ми загоруваше ептен па да замириса и цел сутлијаш, ама сега последно тенџерето поцрне и одма го претурив во друго, шпоретот има до 3, а јас го готвам на 2, а сега го ставив и на 1,5 и пак има загорено Некој да ме посоветува каде грешам
Сутлијач Остави водата да зоврие, потоа стави го оризот и намали го шпоретот од 3 на 1.5 и мешај постојано, потоа млеко чаша две и шеќер на крај.
Фала Ќе пробам следен пат така, дека јас водата со оризот ги ставам не чекам да проврие, а потоа млекото и шеќерот кога е при крај со варењето. ( 3 чаши вода на 1 ориз, и потоа уште 3 млеко и околу 4-5 лажици шеќер и 1 ванила )
Јас три чаши вода, чаша ориз, 2 чаши млеко, 1 ванилин и 10 големи лажици шеќер и уште не ми е доволно благо
Јас да ви кажам право утре ќе направам. Знам дека нема да испадне, дури и вака прост рецепт, зашто рацете ми се фатени кога станува збор за готвење, ама ова ми изгледа лесно. А и ги имам сите состојки. И така јадам варен ориз постојано, па би требало ова барем да го погодам. Да види и мм нешто направено од мене сиромашкиот. Па ќе ви се пофалам, или пожалам тука. И едно прашање само, колку уште треба да се вари кога ќе му се стави млекото?
Па ќе видиш, самото ќе покаже, кога оризот ќе го упие млекото и ќе згусти, ама мешај го често за да не ти загори И "истреби"(исчисти) го и измиј го оризот пред да го ставиш во водата, во која ќе го вариш пред да го сипеш млекото (а можеш оризот да го вариш заедно со млекото и малку вода, не мора прво во вода) Не ставај многу ориз, јас обично имам една необична мерка-една полна дланка ориз за една чинија е доволна, тоа значи 5-6 полни дланки ориз, зависно од количината на млекото (од околу ориз да има како една третина од млекото) На благ ориз поретко ни текнува, ние повеќе си сакаме пудинг и тоа германскиот од Кам, тој е најубав, чоколадниот особено
Вчера сама правев за прв пат, и супер излезе. Плус му ставив какао, дека дома немав чоколадо и беше превкусно
Моментално правам сутлијаш, добро бе колку време му треба на оризов да нарасне и омекне? Го ставив директно во млеко, на тивко ми е ама страв ми е да не ми загори од толку време млекото. Прв пат ми е, хелп? Edit: Успешнооо, и какао му ставив испадна топ, едвај чекам да го пробаме со срцето.