Сутлијаш

Дискусија во 'Рецепти' започната од Ivuskata, 10 јуни 2012.

  1. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    во сутлијаш не се става вода. Се прави само со млеко 8)
     
    На ♡BuBaLe♡ и edna_malecka им се допаѓа ова.
  2. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.814
    Допаѓања:
    61.893
    Девојки читам дека сте се изнамачиле со рецептот за сутлијаш - еве еден сто пати испробан и успешен
    1 литар млеко
    1 литар вода
    1 шоља зејтин (100мл)
    3 чаши ориз (чаша од 200мл)
    2 чаши шеќер (чаша од 200мл)
    2 ванилин шеќер
    цимет по желба
    Во поголемо тенџере се става литар вода, литар млеко и 100мл зејтин. Откако ќе зоврие се додава оризот, се промешува и се намалува температурата на шпоретот. Се промешува повремено (за да не се залепи оризот на дното и да загори - не би требало, улогата на зејтинот е тоа да се спречи). Кога е сварен оризот се додава шеќер ( оваа количина е за љубителите на поблаго) и ванилата. Се истура во тањирчиња и се посипува со цимет. Превкусно е... Дома сите го обожаваат... :) :) :)
    Ова е голема количина за 7-8 поголеми порции или за 4-5 големи љубители на сутлијаш!!! Доколку сакате помала количина земете од се по пола, но и ако направите многу ќе се изеде - и ладно е вкусно!!!
     
    На *Amethyst* и thatnorma им се допаѓа ова.
  3. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Зејтин исто така не се става во сутијаш :) За да не се лепи оризот се прави во росвајтно тенџере на тивко. А кој сака може и да го запече во земјен сад на крај на кратко

    [​IMG]
     
  4. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Јас неможам да го јадам ова чудо направено од ориз. :puke: :puke: Воопшто не ми се допаѓа како и да е направено :puke: :puke:
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Прв пат правев на син ми кога му никна запче и искрено топ ми се погоди.
    А го пројадов трудна кога бев.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.861
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Јас ставам зејтин во сутлијашот, топ ми е. Ама јас правам сутлијаш без мешање. Сите состојки ги ставам во тенџерето (млеко, ориз, малку вода, масло, шеќер) и си вари на тивко да се згусне. Никогаш не се залепил, ниту загорел. Ќе го пишам точниот рецепт ако го најдам, одамна не сум правела.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Сутлијаш се прави само со млеко, без вода. Ориз и шекер но исто де става по желба и лажица ориз во прав или густин. Ова ти е оргинална рецепта за сутлијаш. Во росвајтно тенџере и јас не го мешам, може 1-2 пати само :)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Јас го правам со вода на почеток, а после тоа со млеко. И на крај цимет. Перверзии!
     
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    1/2 кг вода
    1/2 кг млеко
    еден филџан шеќер
    една шоља (за чај) ориз
    една кесичка ванилин шеќер
    - кога ке зовријат водата млекото шекерот и ванилата се става оризот и се вари на тивко.
    После додаток одозгора цимет.
    Преубаво, а кој сака поголема доза ќе става дупла од овој рецепт.
     
  10. thatnorma

    thatnorma Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Преубаво и не е напорно.
     
    Последна измена од модератор: 9 ноември 2018
    На Val-Dim му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fillia

    Fillia Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2015
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.728
    Пол:
    Женски
    Јас го правам вака:
    1 филџан ориз
    6 филџани течност (млеко или вода а може и мешано)
    5-8 лажици шеќер (мене 5 ми се доволни)
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.387
    Допаѓања:
    142.824
    Јас го правам со 3 чаши вода, една чаша ориз, па кога ќе изврие водата постепено додавам три чаши млеко. На крај додавам шеќер. Пробав еднаш и со мед, ама некако не ми одеше комбинацијата.

    Од интернет ми е рецептов, не ми текнуваше како се прави. Ќе пробам и со зејтин следниот пат, уште поубаво ако не се лепи.